Алголошки збирки

Македонската Национална Дијатомејска Колекција (Macedonian National Diatom Collection), е единствена од овој вид на Балканскиот полуостров. Збирката опфаќа примероци од алги, со особено внимание на силикатни алги, односно дијатомеи. Збирката е воспоставена уште со формирањето на Институтот за биологија, кон средината на 20-ти век, кога и започнуваат поинтензивните истражувања на алгите во Македонија. Во неа во почетокот биле вклучени бројни материјали и препрати собирани од различни локалитет во Македонија, но и особено важните препратати припремени од професионални препрататори од Франција, Германија и Австрија кон средината на 19-век. Најстариот препрат потекнува од Мадагаскар, направен во Париз 1867 година. Во збирката се вклучени и препрати направени E. Thum, Dr. Schluter & Dr. Mass, J.D. Moeller, и други препаратори.
Во подоцнежниот период, збирката е перманентно збогатувана со материјали од различни од високопланински екосистеми, термо-минерални извори, Дојранско Езеро, голем број реки од сливот на Реката Вардар, односно главно собирани од Проф. д-р Љубица Петровска и Проф. д-р Панче Стојановски во рамки на бројните научно-истражувачки проекти. Со проширувањето на алголошките истражувања на реката Вардар и особено Охридското и Преспанското Езеро, збирката е значително збогатена дополнителни над 2000 материјали. Во последните години, од Охридското и Преспанското Езеро се опишани над 100 нови видови дијатомеи.

Холотипските препарати и материјали се депонирани токму во Македонската Национална Дијатомејска Колекција. Со воспоставувањето на постојана и плодна соработка со Hustedt Diatom Collection, во Бремерхавен, Германија и Diatom Collection at the Natural History Museum, во Лондон, Велика Британија и Diatom Collection at Natural History Museum во Токио, Јапонија при добиени се преку размена 60 изолектотипски и изотипски препарати, главно од видови кои се опишани од Охридското и Преспанското Езеро, како и над 200 препрати од различни делови на светот. Моменално, Македонската Национална Дијатомејска Колекција, содржи над 6000 материјали и 25.000 препрати. Дополнително, во базата на податоци се вклучени над 35000 микрофотографии со идентификувани видови, чиј број постојано расте со над 10000 фотографии, податоци на годишно ново.