Услов за запишување


Запишувањето на студиите кои ги организира Институтот за биологија е согласно законските решенија кои важат во Република Македонија и на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - во Скопје. Согласно Законот за високо образование на Република Македонија и Правилникот за условите и критериумите за запишување на првиот циклус на студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, основен услов за право на конкурирање за запишување на прв циклус студии е кандидатите да имаат завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука. Право на конкурирање за упис имаат и лица кои средното образование делумно или целосно го завршиле во странство, под услови и критериуми кои се опфатени и регулирани со горенаведените правни акти.


Начин на завршување на студиите од прв циклус

За да ги заврши студиите студентот треба да собере 240 кредити во текот на студирањето.


Услови за завршување на студиите

Одбрана на дипломска работа.


Поврзаност на една студиска програма со другите студиски програми во рамките на Институтот за биологија



Хоризонтална поврзаност

Поврзаноста помеѓу студиските програми е обезбедена со соодветна еквиваленција која предвидува избор на соодветни предмети кои се содржани во јадрото на поодделните студиски програми.


Вертикална поврзаност

Понудениот концепт (како и досегашниот) на четирите студиски програми на Институтот за биологија овозможува вертикална поврзаност бидејќи постојат соодветни насоки и во вториот циклус на студии кој го реализира Институтот за биологија.

Поврзаност со други студиски програми (преминување на други студиски програми)

Врз основа на досегашното искуство, студиските програми кои се изведуваат на Институтот за биологија се компатибилни со соодветни програми на други Европски и светски универзитети, со што сметаме дека со моментната концепција за структурата на предвидените (понудените) студиски програми, ќе се реализира можноста на преминување на студентот на други сродни студиски програми.