МАКОМО

Катедрата за микробиологија при Институтот за биологија е едно од поновите одделенија при Природно-математичкиот Факултет во Скопје. Брзиот развој на микробиологијата на нашиот Факултет ја наметна потребата за оформување на нова, современа лабораторија. За таа цел во 1994 година во работа беше пуштена нова лабораторија по микробиологија, со што се создадоа поволни услови за реализација на проектираната програма за натамошен успешен развој на микробиологијата, како на Факултетот, така и пошироко во Република Македонија. Во изминатите 16 години успешен развој, во Лабораторијата беа изработени голем број на национални, билатерални и меѓународни научно-истражувачки проекти, апликации, елаборати, експертизи и др. Паралелно со таквиот развој, лабораторијата формира Македонска Колекција на Микрооорганизми (Macedonian Collection of Microorganisms) - MACOMO.

Во почетокот, примарна цел на МАСОМ беше колекционирање на сопствени микроорганизми, односно бактерии, квасци и мувли. Покасно, МАСОМO ја надоплонуваше својата колекција и со микроорганзими кои беа донирани или разменувани од страна на слични организации. Денес во МАСОМO се депонирани околу 1400 изолати на бактерии, диви форми и генетски модифицирани видови квасци и мувли. Добар дел од нив се детерминирани до соеви, видови, а поголемиот дел се детерминирани до родови. МАСОМO работи на генерирање на нови знаења и технологии од областите на микробната биотехнологија и микробната екологија, развива нови, ин витро модел системи, детерминира микроорганизми значајни за индустријата, медицината, земјоделието, сточарството и др. Покрај тоа, МАСОМO работи на совладување на нови методи за издвојување, чување на чисти култури од микроорганизми и долгорочна конзервација.

Во колекцијата се вклучени микроорганзими кои се корисни за различни истражувачки и индустриски апликации, вклучувајќи и контрола на квалитетот на микроорганзими за комерцијални потреби, развој и валидација на методи за тестирање, микроорганзими кои имаат способност да разградуваат различни хемиски соединенија, како што се ксенобиотиците, микроорганизми кои се користат во производството на биоенергија, како што е етанол и биогас. Стандардизирани бактериски соеви се користат и како релевантни контроли во клиничките лабораториски тестирања. Одржувањето на колекцијата на микроорганизми е сложен и скап процес. Сите депонирани микроорганизми, по три реплики од секој сој или вид, се чуваат во фрижидер на – 20оС и на хранлив медиум, конзервиран со стерилен парафин. Ограничените просторни и кадровските услови на Катедрата по микробиологија го доведуваат во прашање понатамошното одржување на Колекцијата. МАСОМO е национален биоресурсен центар која им помага на истражувачите, пред се помладите специјализанти, магистранти и докторанти, приватниот сектор, Владини и академски институции кои имаат потреба од микроорганизми со дефинирани карактеристики. Наша мисија е да се добијат, запишат, да се чуваат, развијат и дистрибуираат различни групи микроорганизми, информации, технологии со цел нивна примена на сопствените научни сознанија.