ОПШТО ЗА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ

Времетраење на студиите


Студиските програми предвидуваат времетраење од 4 години (8 семестри).

Реализација на студиските програми


Програмата за студирање се реализира со предавања, лабораториски вежби, семинари, како и преку проектни активности.


Согласно ЕКТС, секоја студиска програма на Институтот за биологија е организирана во 5 основни групи на предметни програми:
• јадро: предмети кои претставуваат едукациски 'рбет на студиската програма и кои се клучни за изградување на профилот;
• поддршка: група предмети кои го дополнуваат јадрото со дополнителни и пошироки знаења од други и сродни области и дисциплини. Тоа овозможува подобро разбирање на проблематиката која се проучува во рамките на предметите од јадрото;
• организација-комуникација: опфаќа предмети кои се поврзани со развивањето на организациски и/или комуникациски вештини;
• специјализација и пракса: група предмети со кои потесно се определува специјализацијата на студиската програма. Исто така, оваа група предмети опфаќа активности кои го надоместуваат јазот помеѓу теоретските знаења и праксата. Меѓу нив се дипломската работа, практичното учество на проекти, како и потребата за евентуално потенцијално работно место;
• изборност: ги опфаќа изборните предмети со кои студентите се насочуваат кон одредени области од соодветната студиска програма со можност да ги продлабочуваат нивните знаења по сопствен избор или да изберат предмети од општата листа на изборни предмети во рамките на УКИМ.

Во табелите што следат прикажана е застапеноста на соодветните групи на предмети (модули) во четирите студиски програми на Институтот за биологија.


Студии по биологија Кредити Процентуален удел според кредитите Број на предмети Процентуален удел според предметите
Јадро 106 44,2 14 33,3
Поддршка 40 16,7 9 21,4
специјализација и пракса 34 14,2 6 14,3
организација и комуникација 16 6,7 2 4,8
Изборни 44 18,3 11 26,2
ВКУПНО 240 100,0 42 100,0

Студии по екологија Кредити Процентуален удел според кредитите Број на предмети Процентуален удел според предметите
Јадро 90 37,5 12 28,6
Поддршка 35 14,6 7 16,7
специјализација и пракса 51 21,3 9 21,4
организација и комуникација 12 5,0 2 4,8
Изборни 44 18,3 11 26,2
ВКУПНО 240 100,0 42 100,0

Студии по биохемија и физиологија Кредити Процентуален удел според кредитите Број на предмети Процентуален удел според предметите
Јадро 86 35,8 13 30,2
Поддршка 57 23,8 10 23,3
специјализација и пракса 50 20,8 7 16,3
организација и комуникација 7 2,9 2 4,7
Изборни 40 16,7 11 25,6
ВКУПНО 240 100,0 43 100,0

Студии по молекуларна биологија Кредити Процентуален удел според кредитите Број на предмети Процентуален удел според предметите
Јадро 100 41,7 13 30,2
Поддршка 52 21,7 9 20,9
специјализација и пракса 35 14,6 7 16,3
организација и комуникација 7 2,9 2 4,7
Изборни 46 19,2 12 27,9
ВКУПНО 240 100,0 43 100,0

Во приложените предлог-студиски програми се утврдени целите, задачите и содржините на наставните предмети, начинот на проверка на знаењата и завршното оценување, како и задолжителната литература.

Стекнато академско звање


Во рамките на првиот циклус на студии, Институтот за биологија организира и спроведува реализација на предметни програми по следните студиски програми (групи):
- Студии по биологија, за формирање профил
Дипл. биолог - Професор по биологија) (Bachelor of Science in Biology - Biology Teacher)
- Студии по екологија, за формирање профил на
Дипл. еколог (Bachelor of Science in Biology – Ecology)
- Студии по биохемија и физиологија, за формирање профил
Дипл. инженер по биологија - биохемија и физиологија (Bachelor of Science in Biology – Biochemistry and Physiology)
- Студии по молекуларна биологија, за формирање профил
Дипл. молекуларен биолог (Bachelor of Science in Biology – Molecular Biology)

Координатори за ЕКТС на Институтот за биологија


Наведени се координаторите по насоки, односно студиски програми:
Студии по биологија: Проф. д-р Милица Ристовска
Студии по биохемија и физиологија: Проф. д-р Маја Јорданова
Студии по екологија: Доц. д-р Славчо Христовски
Студии по молекуларна биологија: Доц. д-р Биљана Миова