Студентски организации

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) Во 1994 година, по иницијатива на студентите-биолози е формирано Истражувачко Друштво на Студенти Биолози (ИДСБ). Во рамките на своите активности ИДСБ организира научноистражувачки теренски акции во кои се вклучени студентите од сите студиски групи на Институтот за биологија. Работата во ИДСБ се темели на иницијатива и желба на студентите за стекнување дополнителни знаења од поодделни биолошки дисциплини во рамките на студиските прграми кои се изведуваат на Институтот за биологија. За реализација на активностите, ИДСБ ги користи лабораториите и библиотеката на Институтот за биологија. Проектните активности во ИДСБ се организирани во повеќе секции: алголошка, флористичка, миколошка, арахнолошка, ентомолошка, херпетолошка, орнитолошка, мамолошка и биохемиско-физиолошка секција.
За повеќе информации, кликнете ОВДЕ.