Студии по биохемија и физиологија

Стекнато академско звање - формирање профил

Магистер по Биологија – Биохемија и Физиологија (Master of Biology – Biochemistry and Physiology)

Компетенции

Вториот циклус на студии од биохемиско-физиолошката област (Магистер по Биологија – Биохемија и Физиологија) се очекува да резултира со дополнителна едукација и усовршување на кадри за успешно реализирање на квантитативни и квалитативни анализи и техники на растителен, животински и хуман материјал. Профилираните кадри од овој студиум ќе бидат оспособени активно и самостојно да се вклучат и да одговорат на задачи од истражувачката, апликативната и развојно-производната активност на лаборатории, односно институции во кои се обработува и третира биолошки материјал од областа на биохемијата, физиологијата, биотехнологијата, микробиологијата, генетиката, молекуларната биологија, и други сродни области. Дел од овие кадри ќе бидат оспособени да учествуваат во реализацијата на научно-истржувачките и апликативните проекти од соодветните области.