Студии по екологија и таксономија - Наставен модул

Стекнато академско звање - формирање профил

Магистер по Биологија – Едукација (Master of Biology – Education)

Компетенции

Студентите (Магистер по Биологија – Едукација) ќе се стекнат со знаење и практично искуство за одржување на наставни часови по предметот биологија во средно училиште преку примена на современите наставните методи и форми на работа, вклучувајќи ја и активната настава (кооперативни и дебатни техники) како дел од современиот наставен процес. Кадрите ќе бидат оспособени за примена на методите и техниките на креативно учење, избор и примена на проектни активности како и учење преку поставување и решавање на проблеми во наставата по биологија. Студентите ќе стекнат знаење и практично искуство за избор, примена и демонстрација на експериментот во наставата, примена на слободни активности и методи и техники за оценување и вреднување на учениците во современиот наставен процес.

Студии по екологија и таксономија Модул - Екологија

Стекнато академско звање - формирање профил

Магистер по Биологија – Екологија (Master of Biology – Ecology)

Компетенции

Студиите за профилот Магистер по Биологија – Екологија ги оспособува студентите да бидат компетентни во истражувања на структурните и функционалните измени на екосистемите и пределите, со примена на методи во еколошките истражувања и солидна ориентација во современите еколошки техники. Магистрите ќе бидат оспособени за проценка на состојбата на животната средина, истражувања од областа на биолошката разновидност, управувањето, одржливото искористување на биоресурсите, ќе бидат едуцирани самостојно да се инволвираат во научни и апликативни дејности од областа на екологијата во земјата и во странство. Со овој студиум се оформува кадри кои ќе бидат способни да развиваат и водат проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина.

Студии по екологија и таксономија Модул - Таксономија

Стекнато академско звање - формирање профил

Магистер по Биологија – Таксономија (Master of Biology – Taxonomy)

Компетенции

Студентот со завршен втор циклус студии по таксономија (Магистер по биологија – Таксономија) ќе се стекне со знаења и вештини за принципите и методите за проучување на разновидноста на одделните биолошки групи (алги, габи, микроорганизми, растенија, животни). Стекнатите знаења и вештини можат да бидат применети при објаснување и анализа на различни биогеографски и биоценолошки законитости, при валоризација на посебно значајните биолошки простори, особено тие за кои важи посебен режим на заштита. Профилираните кадри се оспособени да бидат активно вклучени во институциите кои се занимаваат со наставна и истражувачка дејност, како и во реализација на научноистражувачки и апликативни проекти од областа на фундаменталните проучувања на различните копмпоненети на биолошката разновидност, како и во нејзината заштита.