Студии по молекуларна биологија

Стекнато академско звање - формирање профил:

Магистер по биологија – молекуларна биологија (Master of Biology – Molecular Biology)

Компетенции

Студентите од вториот циклус на студии по молекуларна биологија (Магистер по Биологија – Молекуларна биологија) ќе бидат обучени квалитетно да се вклучат во понапредните нивоа од научно-истражувачката, апликативната и развојно-производната дејност во соодветните институции. Студиската програма за вториот циклус на студии ќе овозможи формирање на квалитетни кадри од областа на молекуларната биологија и молекуларната генетика, генетскиот инженеринг, биотехнологијата и кои ќе бидат компатибилни со сличните дипломирани кандидати од универзитетите од Европските и од соседните земји. Се очекува дел од овие кадри да ја бидат обучени да учествуваат во подготовката и реализацијата на научно-истржувачките и апликативните проекти од соодветните области, а дел да ја продолжат академската кариера со запишување на третиот циклус докторски студии.