Втор циклус (магистерски студии)

Биохемија и физиологија

2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Студиската програма на вториот циклус академски студии по биохемија и физиологија е едногодишна академска програма од 60 ЕКТС и е наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во областа на растителната, анималната или хуманата биохемија и физиологија. Овие студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.

По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по биохемија и физиологија (м-р биохем. физиол.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во научни институции, медицински и фармацевтски установи, индустриски капацитети и сл. Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.

Стручен називМагистер по биохемија и физиологија (М-р биохем. физиол.); Master of Biochemistry and Physiology (MS. biochem. physiol.)

 

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.

Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни трудаод соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.

Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршилестудии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.

Одлука за соодветност на студиите и насокитеза сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.

Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.

За странски државјани важат истите горенаведени одредби.

 

Информација за продолжување на образованието

Дипломираните студенти на на студиската програма по биохемија и физиологија, можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус на студии на Институтот за биологија. Исто така, дипломираните студенти можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.

 

Структура на студиската програма по биохемија и физиологија

Структурата на студиската програма по биохемија и физиологија на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби)

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

кредити 

БХФ 1101

Методологија на научно-истражувачка работа

3

0

3

6

БХФ 1102

Современи истражувања во биохемија и физиологија

3

0

3

6

 

Изборен предмет за студии по биохемија и физиологија

3

0

3

6

 

Изборен предмет за студии по биохемија и физиологија*

3

0

3

6

 

Изборен предмет од Универзитетска слободна листа*

3

0

3

6

 

Вкупно

15

0

15

30

 

Изработка и одбрана на магистерски труд

15

0

15

30

 

Вкупно

30

0

30

60

*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската слободна листа (за студиската програма по биохемија и физиологија), студентите може да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.

Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.

На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).

 

Листа на задолжителни предмети

Листата на задолжителните предмети на студиите по биохемија и физиологија е дадена во следната табела:

Код на предметот

Предмет

БХФ 1101

Методологија на научно-истражувачка работа

БХФ 1102

Современи истражувања во биохемија и физиологија

 

Листа на изборни предмети

Листата на изборните предмети на студиите по биохемија и физиологија е дадена во следните табели:

Код на предметот

Предмет

БХФ1201

Одбрани поглавја од биохемија и физиологија

БХФ1202

Метаболички процеси

БХФ1203

Ензимологија

БХФ1204

Ендокринологија

БХФ1205

Биохемија и физиологија на одредени органи и ткива

БХФ1206

Биохемиско патолошки аспекти на органските системи

БХФ1207

Експериментален протокол: работа со анимални модели во биомедицинските истражувања

БХФ1208

Физиолошки процеси на стареење

БХФ1209

Целуларен имунитет

БХФ1210

Одбрани поглавја од биофизика на клетка

БХФ1211

Одбрани погавја од меѓуклеточни комуникации

БХФ1212

Одбрани поглавја од имунологија

БХФ1213

Секундарни метаболити кај растенијата

БХФ1214

Растителни in vitro култури

БХФ1215

Метаболички инженеринг на растенија

 

Листа на предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети 

Код на предметот

Предмет

БХФ1301

Екотоксикологија

БХФ1302

Молекуларни основи на стресот

БХФ1303

Генетска трансформација на растенија

БХФ1304

Биоактивни  соединенија кај лековити растенија

БХФ1305

Одбрани поглавја од молекуларна биологија на растенија

БХФ1306

Екологија на опасни алги

БХФ1307

Примена на дијатомеите во екологијата и медицината

БХФ1308

Одбрани поглавја од популациона генетика

БХФ1309

Одбрани поглавја од генетика

БХФ1310

Одбрани поглавја од микологија

БХФ1311

Молекуларни основи на имуниот одговор

БХФ1312

Вектори на заразни болести

БХФ1313

Функционална хистологија

БХФ1314

Паразитологија

БХФ1315

Микробен метаболизам

Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на студиската програма по биохемија и физиологија, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (два предмети, 40%). Четириесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети од соодветната студиска програма (2 предмети). Останатите дваесет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од Универзитетската слободна листа (1 предмет)  на изборни предмети.

© 2024. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.