2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Студиската програма на постдипломските академски студии по Молекуларна биологија е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на молекуларната биологија.
Програмата прифаќа кандидати од сродни дисциплини каде фокусот е насочен кон биологија, хемија, биотехнологија, биомедицина, биохемија или соодветно поле. Програмата им нуди на учесниците подготовка за основните или применетите проблеми на молекуларно ниво што дава основа за кариера во биомедицинските и биоинженерските науки кои се особено актуелни на глобално ниво. Наставниот план и програма на оваа студиска програма обезбедува можности за меѓународна соработка, размена на искуства од областа, услови за спроведување на научно-истражувачки проекти и мобилност на студентите. Профилираниот кадар, со академско звање Магистер по молекуларна биологија, може да ги примени стекнатите знаења и искуства за работа во индустријата, клиничките лаборатории, научно-истражувачките лаборатории, институти и други институции.
Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.
Стручен назив: Магистер по молекуларна биологија; Master of Science in Molecular Biology
Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.
Начин на финансирање
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.
Услови за запишување
Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.
Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни трудаод соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.
Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршилестудии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.
Одлука за соодветност на студиите и насокитеза сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.
Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.
За странски државјани важат истите горенаведени одредби. Студиската програма не вклучува вонредно студирање.
Информација за продолжување на образованието
Магистрираните кадри на студиската програма по Молекуларна биологија можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус студии на Институтот за биологија. Исто така можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.
Структура на студиската програма по Молекуларна биологија
Структурата на студиската програма по Молекуларна биологија на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставниот предмет |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
П |
В |
|||||
ПРВА ГОДИНА |
||||||
1. |
БМ101 |
Задолжителен наставен предмет: Методологија на научно-истражувачка работа |
I |
3 |
3 |
6 |
2. |
БМ102 |
Задолжителен наставен предмет: Напредна молекуларна биологија |
I |
3 |
3 |
6 |
3. |
|
Изборен наставен предмет за студии по Молекуларна биологија |
I |
3 |
3 |
6 |
4. |
|
Изборен наставен предмет за студии по Молекуларна биологија |
I |
3 |
3 |
6 |
5. |
|
Изборен наставен предмет за студии по Молекуларна биологија* |
I |
3 |
3 |
6 |
6. |
БМ103 |
Изработка и одбрана на магистерски труд |
II |
15 |
15 |
30 |
Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година |
30 |
30 |
60 |
*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма студентите можат да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.
Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.
На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).
Листа на изборни предмети
Листата на изборните предмети на студиите по Молекуларна биологија е дадена во следната табела:
Реден бр. |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
Единица |
|
П |
В |
||||||
1. |
БМИ101 |
Одбрани поглавја од молекуларната биологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
2. |
БМИ102 |
Молекуларна генетика |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
3. |
БМИ103 |
Генетски инженеринг |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
4. |
БМИ104 |
Молекуларна популациска генетика |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
5. |
БМИ105 |
Молекуларна биологија и генетика на канцерот |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
6. |
БМИ106 |
Одбрани поглавја од молекуларна биологија на растенија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
7. |
БМИ107 |
Култура на растителни ткива |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
8. |
БМИ108 |
Одбрани поглавја од генетика |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
9. |
БМИ109 |
Одбрани поглавја од хумана генетика |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
10. |
БМИ110 |
Одбрани поглавја од цитогенетика |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
11. |
БМИ111 |
Молекуларни основи на имуниот одговор |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
12. |
БМИ112 |
Одбрани поглавја од клеточна биологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
13. |
БМИ113 |
Метаболички процеси |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
14. |
БМИ114 |
Молекуларни основи на стресот |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
15. |
БМИ115 |
Микробен метаболизам |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
16. |
БМИ116 |
Молекуларна ендокринологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Медицински факултет |
17. |
БМИ117 |
Васкуларна биологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Медицински факултет |
Вкупно: |
|
|
|
|