За Катедрата
Катедрата за Експериментална биохемија при Природно-математичкиот факултет, е задолжена за изведување на настава и лабораториски вежби од областа на биохемијата. Во изминатите десетина години, под менторство на проф. д-р Јасмина Димитрова – Шумковска и технички соработници: молекуларен биолог Ивана Мариќ, биохемичар Фросина Кошаркоска и молекуларен биолог Љупчо Крстаноски, покрај наставната дејност, Катедрата активно се бави и со научно-истражувачка работа, со главен фокус на хомеостаза на липопротеинскиот метаболизам, ефект на ксенобиотици и инфламација кај анимални модели. Во чекор со современите истражувања, тимот работи и во развојот на терапевтски стратегии во модулацијата на оксидативниот стрес кај анимален модел со индуцирана канцерогенеза.
Наставни програми
Предмети:
Општа биохемија
Биохемија 1
Биохемија 2
Клиничка биохемија
Експериментална биохемија
Истражувачка дејност
Во последната декада, лабораторијата се занимава со темелна анализа од подрачјето на индуцирани алтерации во липидниот метаболизам, маркери на оксидативен стрес и ензими вклучени во антиоксидативна заштита, на анимален модел од видот ApoE knockout глувци. Од исклучителен интерес за лабораторијата се и анализите за експресија на 18 kDa транслокаторен митохондријален протеин (TSPO) чија функција е асоцирана со метаболизмот на холестерол и чие ниво на експресија се одразува врз атеросклеротичниот процес.
Актуелни истражувањи на Катедрата се in vitro анализи на антиоксидативниот потенцијал кај различни видови фунги од фармаколошко и нутритивно значење.
Научни публикации:
Поглавија во Монографии:
Фарма за трансгенични животни
Во состав на лабораторијата за експериментална биохемија влегува и фарма со два соја на лабораториски животни од типот C57BL/6: трансгеничен сој на глувци со нокаутиран ген за синтеза на аполипопротеинот Е – клучен рецептор во липидниот метаболизам (ApoE KO-/-) и див сој глувци (blackborn) кои се користат како експериментални модели за истражувањата и анализите што се работат во самата лабораторија. Фармата брои околу 30-тина легла од двата соја анимални модели и во неа се применуваат сите стандардни регулативи за работа со експериментални животни.
Соработка
Покрај соработката со Институтите од Природно-математичкиот факултет, Катедрата соработува со факултетот за Ветеринарна медицина, Медицинскиот факултет во Скопје и со повеќе реномирани Универзитети од областа на медицинските науки меѓу кои Израелскиот институт за технологија-Technion и Факултетот за природни науки при Шангајскиот универзитет.
Избор на билатерални и меѓународни проекти:
2016-2017: Mir-17-3p Contributes to Exercise-Induced Physiological Hypertrophy.
2007-2009: The Peripheral-Type Benzodiazepine Receptors: Cancerogenesis and Steroidogenic Production; 18 kDa Translocator Protein and Oxidative Stress in vivo.
2007-2008: Antioxidant Activity of Sporocarp Extract from selected Taxa, Typical for The Region of Balcan Peninsula in Correlation to the Phylogenetic Position of Source Fungi.