Прв циклус (додипломски студии)

Екологија (акредитација 2018 год.)

1 циклус, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС кредити

Студиската програма за екологија се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити. Студиската програма претставува академски студии. Професионалната титула по завршување на првиот циклус студии и одбрана на дипломска тема е Дипломиран еколог (Дипл. екол.).

Овие додипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VI/A степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии. Имено, Институтот за биологија реализира втор циклус студии по екологија со кој се продлабочуваат знаењата во различните области на екологијата и животната средина, кои опфаќаат елементи од фундаменталните, апликативните и развојните аспекти на еколошките закономерности во животната средина.

Стручен назив: Дипломиран еколог (Дипл. екол.); Bachelor of Science in Ecology (BSc. Ecol.)

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма за екологија. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите на Институтот за биологија.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука.

Право на запишување на прв циклус студии (прв циклус на универзитетски и на стручни студии) на Институтот за биологија имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Право на запишување на прв циклус студии на Институтот за биологија имаат и кандидати кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале државна матура. На прв циклус студии на Институтот за биологија можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети. Сродноста ја утврдува Институтот за биологија, a ја потврдува ПМФ.

 

Структура на студиската програма

Листа на задолжителни предмети

Листата на задолжителни предмети за студиите по екологија на Институтот за биологија се дадени во следните табели (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби:

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

кредити 

1. семестар 

БЕ1001

Зоологија

3

0

4

8

БЕ1002

Ботаника

3

0

4

8

БЕ1003

Хемија

4

0

4

8

 

Изборен предмет

2

0

2

4

БЕ1234 

Спорт и здравје

 

 

 

2

 

Вкупно

12

0

14

30

2. семестар

БЕ2004

Алгологија

2

0

3

5

БЕ2005

Безрбетници

4

0

6

10

БЕ2006

Абиотички фактори

3

0

3

7

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Вкупно

13

0

16

30

 

Летна пракса во времетраење од 30 дена

 

 

 

 

3. семестар

БЕ3007

Општа екологија

3

0

3

8

БЕ3008

Хидробиологија

3

0

3

8

БЕ3009

Микологија

2

0

3

5

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Вкупно

12

0

13

29

4. семестар

БЕ4010

Вертебрата

4

0

6

10

БЕ4011

Растителна физиологија

4

0

4

7

БЕ4012

Кормофита

4

0

6

10

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Вкупно

14

0

18

31

 

Летна пракса во времетраење од 30 дена 

 

 

 

 

5. семестар

БЕ5013

Екологија на антропогени екосистеми

4

0

2

7

БЕ5014

Еколошки мониторинг и биоиндикатори

3

0

3

5

 

Изборен предмет

4

0

4

7

 

Изборен предмет

3

0

3

7

 

Изборен предмет

3

0

3

4

 

Вкупно

17

0

15

30

6. семестар

БЕ6015

Екологија на терестрични екосистеми

3

0

3

7

БЕ6016

Проучување и заштита на биолошката разновидност 1

4

0

6

9

 

Изборен предмет

3

0

2

6

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Вкупно

14

0

15

30

 

Летна пракса во времетраење од 30 дена 

 

 

 

 

7. семестар

БЕ7017

Биодиверзитет

3

0

2

4

БЕ7018

Пределна екологија

3

0

2

4

БЕ7019

Заштита на животна средина

4

0

6

10

 

Изборен предмет

3

0

3

6

 

Изборен предмет

3

0

3

6

 

Вкупно

16

0

16

30

8. семестар

БЕ8020

Фитоценологија со вегетација

3

0

3

6

БЕ8021

Валоризација на екосистемите

3

0

3

6

БЕ8022

Проучување и заштита на биолошката разновидност 2

4

0

6

8

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Дипломска работа

0

0

6

6

 

Вкупно

12

0

20

30

Во рамки на студиската програма е вклучена и изработка и одбрана на дипломска работа која е вреднувана со 6 ЕКТС. Студентите може да ја изработат дипломската работа на еден од заводите при Институтот за биологија.

 

Листа на изборни предмети

Листата на изборните предмети е дадена во следната табела:

Код

Изборен предмет  

БЕ1123

Математика со биостатистика

БЕ2124

Биохемија за еколози

БЕ3125

Ентомологија

БЕ5126

Анимална физиологија

БЕ5127

Генетика

БЕ5128

Микробиологија

БЕ6129

Основи на молекуларна биологија

БЕ6130

Еколошко законодавство

БЕ7131

Екофизиологија

БЕ7132

Еволуција

БЕ8133

Биогеографија

ББ5238

Макроинвертебрати и нивна примена во мониторинг студии

ББ1125

Основи на анатомија на човек

БМ2106

Лабораториски практикум

ББ6242

Лековити растенија

ББ7249

Растителни in vitro култури

БМ7113

Геномика и протеомика

БМ8114

Цитогенетика

БН7133

Генетски модифицирани организми

БН6131

Токсикологија на храна

БФ6111

Регулаторни системи кај животните

БФ7112

Физиологија на развиток на растенијата

БФ7113

Индустриска микробиологија

БЕ2234

Математичко моделирање во биологијата

БЕ2235

Паразитологија

БЕ3236

Габите на Македонија

БЕ3237

Биогеохемиски циклуси

БЕ3238

Екотоксикологија

БЕ4239

Ихтиологија

БЕ4240

Однесување на животните

БЕ4241

Популациона генетика

БЕ6242

Палеоекологија

БЕ6243

Биомаса и продукција на терестрични екосистеми

БЕ6244

Проценка на екосистемски вредности

БЕ6245

Микробна екологија

БЕ7233

Токсиколошка хистопатологија на риби

БЕ7234

Екологија на опасни алги

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на студиската програма по екологија студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети. Триесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети на Природно-математичкиот факултет (Прилог 3.2). Останатите десет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од листата на акредитирани предмети од единицата и/или од единиците на УКИМ. Исто така, студентите од оваа студиска програма можат да изберат како изборен предмет задолжителни и/или изборни предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.

© 2024. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.