Во научноистражувачката работа на Одделението за зоологија на ’рбетните животни, биогеографија и валоризација на природните екосистеми вклучени се проф. д-р Бранко Мицевски и технички соработник дипл. биол. Борче Стрејоски.
Од проектните активности, во чии рамки се истражувањата на трите природни езера во Р. Македонија, публикувана е монографија за орнитофауната на Преспанското и на Охридското Езеро. Проблематиката што се работи во ова Одделение се однесува на мониторинг и заштита на крупните ѕверови ‒ рисот и мечката (утврдување на статусот, дистрибуцијата, особено во трансграничните подрачја со Албанија и Грција, и популационата густина во Р. Македонија), фауната на птиците, особено на водните станишта, инвентаризација на водните станишта како природни ресурси, како и фаунистика и валоризација, не само на птиците, туку и на одредени групи инсекти (правокрилци и пеперутки). Остварена е соработка со Еколошкото движење во Солун и со Грчкото орнитолошко друштво, во чии рамки е направен мониторинг на состојбата со орнитофауната, со посебен осврт на значајните орнитолошки локалитети во близина на р. Вардар. Како резултат на соработката со Пронатура (Швајцарија), за првпат е изработен „План за управување на Националниот парк Пелистер“ според стандардите ЕУРОСАЈТ.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 1 |
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |