2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Студиската програма на постдипломските академски студии по Екологија е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на екологијата и животната средина.
По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по екологија (м-р екол.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во науката, стопанството, индустријата, земјоделството, шумарството, заштитата на природата и во други области. Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.
Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.
Стручен назив: Магистер по екологија; Master of Science in Ecology
Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.
Начин на финансирање
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.
Услови за запишување
Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.
Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни трудаод соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.
Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршилестудии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.
Одлука за соодветност на студиите и насокитеза сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.
Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.
За странски државјани важат истите горенаведени одредби. Студиската програма не вклучува вонредно студирање.
Информација за продолжување на образованието
Магистрираните кадри на студиската програма по Биосистематика можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус студии на Институтот за биологија. Исто така можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.
Структура на студиската програма по Екологија
Структурата на студиската програма по Биосистематика на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставниот предмет |
Семестар I |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
П |
В |
|||||
ПРВА ГОДИНА |
||||||
1. |
ЕН101 |
Методологија на научно-истражувачка работа |
I |
3 |
3 |
6 |
2. |
ЕН102 |
Принципи и методи на еколошки истражувања |
I |
3 |
3 |
6 |
3. |
|
Изборен предмет за студиската програма |
I |
3 |
3 |
6 |
4. |
|
Изборен предмет за студиската програма |
I |
3 |
3 |
6 |
5. |
|
Изборен предмет за студиската програма * |
I |
3 |
3 |
6 |
Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година |
15 |
15 |
30 |
*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма студентите можат да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.
Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставниот предмет |
Семестар II |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
П |
В |
|||||
ПРВА ГОДИНА |
||||||
1. |
|
Изработка и одбрана на магистерски труд |
II |
15 |
15 |
30 |
Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година |
15 |
15 |
30 |
На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).
Листа на изборни предмети
Листата на изборните предмети на студиите по Биосистематика е дадена во следната табела:
Реден број |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
Единица |
|
П |
В |
||||||
1. |
ЕН201 |
Современи истражувања во екологијата |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
2. |
ЕН202 |
Организам и средина |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
3. |
ЕН203 |
Заедници и екосистеми |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
4. |
ЕН204 |
Екологија на загадена средина |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
5. |
ЕН205 |
Одбрани поглавја од акватична екологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
6. |
ЕН206 |
Одбрани поглавја од терестрична екологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
7. |
ЕН207 |
Карактеристики и методи за контрола на еутрофикацијата |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
8. |
ЕН208 |
Екологија на опасни алги |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
9. |
ЕН209 |
Екологија на екосистеми |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
10. |
ЕН210 |
Вегетација на Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
11. |
ЕН211 |
Екологија на габи |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
12. |
ЕН212 |
Микробна екологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
13. |
ЕН213 |
Хистолошки биомаркери |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
14. |
ЕН214 |
Одбрани поглавја од популациска генетика |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
15. |
ЕН215 |
Основи на фитопатологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
16. |
ЕН216 |
Физиологија на стрес и отпорност на растенијата |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
17. |
ЕН217 |
Палеолимнологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
18. |
ЕН218 |
Макроинвертебратите како биоиндикатори |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
19. |
ЕН219 |
Одбрани поглавја од популациона екологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
20. |
ЕН220 |
Одбрани поглавја од биогеохемиски циклуси |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
21. |
ЕН221 |
Одбрани поглавја од заштита на животната средина |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
22. |
ЕН222 |
Екотоксикологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
23. |
ЕН223 |
Компјутерска анализа на вегетациски податоци |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
24. |
ЕН224 |
Одржлив менаџмент со станишта |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
25. |
ЕН225 |
Одржлив менаџмент со видови |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
26. |
ЕН226 |
Мониторинг на природното наследство |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
27. |
ЕН227 |
Едукација, екотуризам и политика во управувањето со природното наследство |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
28. |
ЕН228 |
Хистопатологија на риби |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
Начин на избор на предмети
Во рамките на студиската програма по Биологија - Микробиологија, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (два предмети, 40%). Изборните наставни предмети студентите ги избираат од универзитетската листа/листата на изборни наставни предмети на дадената студиска програма во консултација со менторот/раководителот на студиската програма.