2 циклус, 1 години, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Студиската програма на постдипломските академски студии по форензичка биологија е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа од областa на биолошките дисциплини применети во форензички испитувања. По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по Форензичка биологија (м-р форенз. биол.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во различни институции за апликативна и истражувачка работа, во научни институти, лаборатории (биолошки, медицински, земјоделски, фармацевтски итн.), музеи, соодветни министерства и нивни подрачни единици.
Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.
Стручен назив: Магистер по форензичка биологија (М-р форенз. биол.); Master of Forensic Biology (MS. Forens. Biol.)
Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.
Начин на финансирање
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.
Услови за запишување
Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.
Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни труда од соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија, за што одлучува Стручниот совет на Институтот за биологија на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма.
Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршиле хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна насока), шумарство (соодветна насока) и други сродни факултети. Одлука за соодветност на студиите и насоките за сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет, на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма, за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.
Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.
За странски државјани важат истите горенаведени одредби.
Информација за продолжување на образованието
Магистрираните кадри на студиската програма по форензичка биологија, можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус на студии на Институтот за биологија. Исто така можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.
Структура на студиската програма по форензичка биологија
Структурата на студиската програма по форензичка биологија на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби).
Код на предметот |
Предмет |
П |
А |
Л |
Кредити |
БФБ 1101 |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
БФБ 1102 |
Одбрани поглавја од форензичка биологија |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Изборен предмет за студии по форензичка биологија |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Изборен предмет за студии по форензичка биологија* |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Изборен предмет од Универзитетска слободна листа* |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Вкупно |
15 |
0 |
15 |
30 |
|
Изработка и одбрана на магистерски труд |
15 |
0 |
15 |
30 |
|
Вкупно |
15 |
0 |
15 |
30 |
*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската слободна листа (за студиската програма по форензичка биологија) студентите можат да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.
Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.
На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).
Листа на задолжителни предмети
Листата на задолжителни предмети за студиите по форензичка биологија е дадена во следната табела:
Листа на задолжителни предмети |
|
Код на предметот |
Предмет |
БФБ 1101 |
Методологија на научно-истражувачка работа |
БФБ 1102 |
Одбрани поглавја од форензичка биологија |
Листа на изборни предмети од студиската програма
Листата на изборните предмети на студиите по форензичка биологија е дадена во следната табела:
Листа на изборни предмети од студиската програма |
|
Код на предметот |
Предмет |
БФБ 1201 |
Применета имунологија |
БФБ 1202 |
Применета физиологија - хематологија |
БФБ 1203 |
Телесни течности во форензиката |
БФБ 1204 |
Применета микробиологија |
БФБ 1205 |
Форензичка ботаника |
БФБ 1206 |
Форензичка ентомологија |
БФБ 1207 |
Форензичка генетика |
БФБ 1208 |
Применета микологија |
БФБ 1209 |
Дијатомеите во форензичката експертиза на утопување |
БФБ 1210 |
Форензичка диатомологија |
БФБ 1211 |
Популациски и статистички методи |
БФБ 1212 |
Молекуларна генетика |
БФБ 1213 |
Истрага на место на настан |
Листа на предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети за сите студиски програми од втор циклус на Институтот за биологија
Листата на предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети за сите студиски програми од втор циклус на Институтот за биологија е дадена во следната табела:
Листа на предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети |
|
Код на предметот |
Предмет |
БФБ 1301 |
Форензичка хемија |
БФБ 1302 |
Форензичка физика |
БФБ 1303 |
Одбрани поглавја од генетика |
БФБ 1304 |
Одбрани поглавја од популациона генетика |
БФБ 1305 |
Форензичка криминологија |
БФБ 1306 |
Урбана фауна |
БФБ 1307 |
Стереологија и алометрија |
БФБ 1308 |
Одбрани поглавја од микроскопски техники |
БФБ 1309 |
Одбрани поглавја од цитогенетика |
БФБ 1310 |
Одбрани поглавја од микологија |
БФБ 1311 |
Судска медицина |
БФБ 1312 |
Дендрохронологија |
БФБ 1313 |
Форензичка антропологија |
БФБ 1314 |
Судско-медицинско вештачење |
БФБ 1315 |
Форензичка токсикологија |
Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.
Начин на избор на предмети
Во рамките на студиската програма по форензичка биологија, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (два предмети, 40%). Четириесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети од соодветната студиска програма (2 предмети). Останатите дваесет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од Универзитетската слободна листа (1 предмет) на изборни предмети.