Катедра за генетика

Катедрата за генетика составена од проф. д-р Гордана Димеска, асс. м-р Слободан Тофилоски и виш лаборант м-р Лозенка Иванова, се занимава со истражувања од областите: цитогенетика, генотоксичност и мутагенеза, бихевиорална и популациска генетика.

Во рамките на Катедрата се вршат цитогенетски и цитотаксономски истражувања на одделни родови од флората на Република Македонија. Во соработка со истражувачи од странство, објавени се резултати од комплексните истражувања на родот Crocus од територијата на Р. Македонија, Србија и Црна Гора. Покрај тоа, во голема мера се проширени истражувањата од областа на мутагенезата, во кои се опфатени проучувања на индуцирани мутации со јонизирачки зраци од различно потекло, тешки метали, фунгициди, пестициди и хормони, како и компаративни теренски истражувања на ефектите од загадувањето со тешки метали врз диворастечки растенија, во чиста средина и во непосредна близина на индустриски загадувачи, во вода, почва и воздух. На Катедрата, како модели се воведени и Drosophila melanogaster и Zebrafish, кои се користат за изведување на класични обиди за хибридизација и за следење одредени мутации и фенотипови. Во последно време се воспоставува користење на Zebrafish и како модел за следење на одредени карактеристики од бихевиорално генетски аспект.

Во соработка со медицинските институции, на Катедрата се обработуваат и одредени популациски параметри во рамките на подготвки на студии за некои чести, но и поретки хромозомопатии и ензимопатии кај македонската популација. Исто така, во рамките на Катедрата се изработуваат и студии од аспект на бихевиорална и психијатриско молекуларна генетика на невроразвојни нарушувања.


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.