Втор циклус (магистерски студии)

Едукација во наставата по биологија (акредитација 2025 год.)

циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити  

Студиската програма на вториот циклус академски студии (VIIA) по едукација во наставата по биологија е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на биологијата и наставата по биологија. По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по едукација во наставата по биологија и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка, стручна и наставно-педагошка работа во област на науката и образованието. Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.

Стручен назив со кој се стекнуваат студентите: Магистер по едукација во наставата по биологија; Master of Science in Biology Education

 

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.

Преземете ја овде Одлуката за утврдување на рокот за завршување на студиите на втор циклус.

Преземете ја овде Одлуката за утврдување на цената на еден ЕКТС кредит, цената на презапишан предмет на втор циклус студии и утврдување на дополнителни надоместоци.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.

Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни труда од соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.

Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршиле студии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.

Одлука за соодветност на студиите и насоките за сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.

Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.

За странски државјани важат истите горенаведени одредби.

 

Информација за продолжување на образованието

Дипломираните студенти на студиската програма по едукација во наставата по биологија, можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус на студии на Институтот за биологија. Исто така, дипломираните студенти можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.

 

Структура на студиска програма по едукација во наставата по биологија

Структурата на студиската програма по едукација во наставата по биологија на Институтот за биологија за I и II семестар е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби)

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

кредити 

БЕН101

Методологија на научно-истражувачка работа

3

0

3

6

БЕН102

Современи наставни методи

3

0

3

6

 

Изборен предмет за студии по едукација во наставата по биологија *

3

0

3

6

 

Изборен предмет за студии по едукација во наставата по биологија *

3

0

3

6

 

Изборен предмет за студии по едукација во наставата по биологија *

3

0

3

6

 

Вкупно (I семестар)

15

0

15

30

БЕН103

Изработка и одбрана на магистерски труд

15

0

15

30

 

Вкупно (во студиската година)

30

0

30

60

*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската слободна листа (за студиската програма по едукација во наставата по биологија), студентите може да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.

Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.

На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).

 

Листа на задолжителни предмети

Листата на задолжителните предмети на студиите по едукација во наставата по биологија е дадена во следната табела:

Листа на задолжителни предмети

Код на предметот

Предмет

БЕН 101

Методологија на научно-истражувачка работа

БЕН 102

Современи наставни методи

 

Листа на изборни предмети

Листата на изборните предмети на студиите по едукација во наставата по биологија е дадена во следните табели:

Листа на изборни предмети од студиската програма

Код на предметот

Предмет

БЕН201

Активна настава во биологијата 

БЕН202

Експериментот во наставата по биологија

БЕН203

Одбрани поглавја од методика на наставата по биологија

БЕН204

Проектни активности во наставата по биологија

БЕН205

Оценување

БЕН206

Кооперативно учење

БЕН207

Научни вештини за истражување

БЕН208

Одбрани поглавја од дидактика

БЕН209

Планирање и спроведување на наставата во природните науки

БЕН210

Проблемска настава и научно расудување

БЕН211

Диверзитет на безрбетната фауна на Република Македонија

БЕН212

Еволуција

БЕН213

Одбрани поглавја од биохемија

БЕН214

Одбрани поглавја од биохемија на растенија

БЕН215

Одбрани поглавја од растителна физиологија

БЕН216

Конзервациска биогеографија

БЕН217

Одбрани поглавја од генетика

БЕН218

Одбрани поглавја од популациона генетика

БЕН219

Одбрани поглавја од биогеохемиски циклуси

БЕН220

Одбрани поглавја од терестрична екологија

БЕН221

Одбрани поглавја од заштита на животната средина

БЕН223

Одбрани поглавја од анимална физиологија

БЕН224

Микробен метаболизам

БЕН225

Микробна екологија

БЕН226

Одбрани поглавја од микроскопски техники

БЕН227

Одбрани поглавја од цитогенетика

БЕН228

Одбрани поглавја од микологија

БЕН229

Одбрани поглавја од микроанатомија

БЕН230

Онтогенија на одредена група ‘рбетници

БЕН231

Структура и функција на клетката

БЕН232

Стереологија и алометрија

Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на студиската програма по едукација во наставата по биологија, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (три предмети, 50%). Изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети од соодветната студиска програма (три предмети, 50%).

© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.