2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Студиската програма на постдипломските академски студии по биологија-микробиологија е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во областа на индустриската, енвиронменталната и молекуларната микробиологија. Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.
По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по Биологија - Микробиологија (м-р биол.-микробиол.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во научни институции, медицински и фармaцевтски установи, индустриски капацитети и сл.
Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.
Стручен назив: Магистер по биологија - микробиологија (М-р биол. - микробиол.); Master of Biology - Microbiology (MBiol. Microbiol.)
Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.
Начин на финансирање
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.
Услови за запишување
Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.
Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни труда од соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија, за што одлучува Стручниот совет на Институтот за биологија на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма.
Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршиле студии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.
Одлука за соодветност на студиите и насоките за сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.
Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.
За странски државјани важат истите горенаведени одредби.
Информација за продолжување на образованието
Магистрираните студенти на студиската програма по биологија-микробиологија, можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус на студии на Институтот за биологија. Исто така, магистрираните студенти можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.
Структура на студиска програма по биологија-микробиологија
Структурата на студиската програма по биологија-микробиологија на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби).
Код на предметот |
Предмет |
П |
А |
Л |
Kредити |
БМ 1101 |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
БМ 1102 |
Биологија на микроорганизми |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Изборен предмет за студии по биологија-микробиологија |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Изборен предмет за студии по биологија-микробиологија* |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Изборен предмет од Универзитетска слободна листа* |
3 |
0 |
3 |
6 |
|
Вкупно |
15 |
0 |
15 |
30 |
|
Изработка и одбрана на магистерски труд |
15 |
0 |
15 |
30 |
|
Вкупно |
30 |
0 |
30 |
60 |
*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската слободна листа (за студиската програма по биохемија и физиологија), студентите може да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.
Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.
На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).
Листа на задолжителни предмети
Листата на задолжителните предмети на студиите по биологија-микробиологија е дадена во следната табела:
Листа на задолжителни предмети |
|
Код на предметот |
Предмет |
БМ 1101 |
Методологија на научно-истражувачка работа |
БМ 1102 |
Биологија на микроорганизми |
Листа на изборни предмети
Листата на изборните предмети на студиите по биологија-микробиологија е дадена во следната табела:
Листа на изборни предмети од студиската програма |
|
Код на предметот |
Предмет |
БМ1201 |
Санитарна микробиологија |
БМ1202 |
Микробиологија и биотехнологија на храна |
БМ1203 |
Патогени микроорганизми |
БМ1204 |
Микроорганизми во индустрија |
БМ1205 |
Вирусологија |
БМ1206 |
Микробна биотехнологија |
БМ1207 |
Одбрани поглавја од микроскопски техники |
БМ1208 |
Одбрани поглавја од генетика |
БМ1209 |
Фитопатологија |
БМ1210 |
Растителна биотехнологија |
БМ1211 |
Имунолошки механизми при одбрана од микроорганизми |
БМ1212 |
Вектори на заразни болести |
БМ1213 |
Паразитологија |
Листа на предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети |
|
Код на предметот |
Предмет |
БМ1301 |
Микробна екологија |
БМ1302 |
Микробен метаболизам |
БМ1303 |
Одбрани поглавја од популациона генетика |
БМ1304 |
Генетска трансформација на растенија |
БМ1305 |
Култура на растителни ткива |
БМ1306 |
Одбрани поглавја од микологија |
БМ1307 |
Современи истражувања во физиологија и биохемија |
БМ1308 |
Одбрани поглавја од мегуклеточни комуникации |
БМ1309 |
Eнзимологија |
БМ1310 |
Метаболички процеси |
БМ1311 |
Биохемиско патолошки аспекти на органските системи |
БМ1312 |
Хидроекологија на копнени води |
Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.
Начин на избор на предмети
Во рамките на студиската програма по биологија-микробиологија, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (два предмети, 40%). Четириесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети од соодветната студиска програма (2 предмети). Останатите дваесет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од Универзитетската слободна листа (1 предмет) на изборни предмети.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |