Научната и стручната активност на Катедрата за микробиологија и микробна биотехнологија (проф. д-р Џоко Кунгуловски, доц. д-р Наталија Атанасова-Панчевска и технички соработник дипл. инж. биол. Виолета Бошковска) ги опфаќа подрачјата: микроорганизмите како биолошки контаминанти во храната, ISO-стандарди за микробиолошките особини на прехранбените производи, следење на целулолитичките ензимски комплекси на анаеробните фунги, изолација на микроорганизми за синтеза на различни фармаколошки активни состојки, проектирање полупогонски микробен состав за третман на отпадните води, како и биотехнологија на третманот на отпадните води.
Врз основа на таквиот интерес, во лабораторијата се спроведуваат истражувања што ги разработуваат следниве проблеми: изолација, култивирање, адаптација, селекција и архивирање чисти или мешани аеробни и анаеробни микробни култури и нивната примена во третманот на отпадните води во лагунарни системи; испитување на таксономските, биолошките и токсикогените аспекти на филаментозните мувли, изолирани од домашни извори; лимнолошки истражувања на физиолошките групи бактерии и на бактериите со санитарно-епидемиолошко значење за следење на состојбата и за дефинирање на влијанието на антропогениот фактор во водените екосистеми.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |