Прв циклус (додипломски студии)

Биохемија и физиологија (акредитација 2018 год.)

1 циклус, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС кредити

Студиската програма за биохемија и физиологија се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити. Овие додипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VI/A степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.

Професионалната титула по завршување на првиот циклус студии и одбрана на дипломска тема е Дипломиран биохемичар и физиолог (Дипл. биох. физиол.).

Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии – втор циклус на студии организиран од Институтот за биологија и тоа во различни области на биохемијата и физиологијата (експериментална, фундаментална, апликативна и развојна), од областа на молекуларната биологија и технологија, како и од областа на животната средина.

Стручен назив: Дипломиран биохемичар и физиолог (Дипл. биох. физиол.); Bachelor of Science in Biochemistry and Physiology (BSc. Biochem. Physiol.)

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите на Институтот за биологија.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука.

Право на запишување на прв циклус студии (прв циклус на универзитетски и на стручни студии) на Институтот за биологија имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Право на запишување на прв циклус студии на Институтот за биологија имаат и кандидати кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале државна матура.

На прв циклус студии на Институтот за биологија можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети. Сродноста ја утврдува Институтот за биологија и ја објавува ПМФ. 

 

Структура на студиската програма по биохемија и физиологија

Структурата на студиската програма по биохемија и физиологија на Институтот за биологија е дадена во следнава табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

Кредити 

1. семестар

БФ1002

Клеточна биологија

4

0

4

8

БП1001

Општа хемија

4

0

5

8

 

Спорт и здравје

 

 

 

2

 

Изборни предмети (3)

6

0

6

12

 

Вкупно  

14

0

15

30

2. семестар

БФ2005

Основи на органска хемија

4

0

4

9

БФ2004

Анатомија и морфологија на растенијата

3

0

3

6

БФ2003

Хистологија и ембриологија

3

0

3

7

 

Изборни предмети (2)

4

0

4

8

 

Вкупно

14

0

14

30

Летна пракса во времетраење од 30 дена.

3. семестар

БФ3008

Аналитичка и инструментална хемија

4

0

4

8

БФ3007

Биохемија 1

2

0

3

6

БФ3006

Физиологија 1

4

0

3

8

 

Изборни предмети (2)

4

0

4

8

 

Вкупно

14

0

14

30

4. семестар

БФ4011

Физиологија 2

2

0

3

5

БФ4009

Молекуларна биологија

4

0

4

9

БФ4010

Биохемија 2

2

0

2

4

 

Изборни предмети (3)

6

0

6

12

 

Вкупно

14

0

15

30

Летна пракса во времетраење од 30 дена. 

5. семестар

БФ5012

Анимална физиологија

4

0

3

7

БФ5013

Микробиологија

4

0

4

7

БФ5014

Генетика

4

0

4

7

БФ5015

Биохемија 3

2

0

2

5

 

Изборен предмет

2

0

2

4

 

Вкупно

16

0

15

30

6. семестар

БФ6016

Растителна физиологија

4

0

3

7

БФ6017

Биохемија на растенија

3

0

3

5

БФ6019

Применета физиологија

3

0

2

4

БФ6018

Основи на екологија и еволуција

4

0

2

6

 

Изборни предмети (2)

4

0

5

8

 

Вкупно

18

0

15

30

Летна пракса во времетраење од 30 дена. 

7. семестар

БФ7020

Растителни in vitro култури

3

0

3

6

БФ7023

Екофизиологија

4

0

4

8

БФ7022

Имунологија

3

0

3

6

БФ7021

Биотехнологија

3

0

3

6

 

Изборен предмет

2

0

3

4

 

Вкупно

15

0

16

30

8. семестар

БФ8024

Клиничка биохемија

4

0

4

7

БФ8025

Ензимологија

3

0

3

5

 

Изборни предмети (3)

6

0

6

12

 

Дипломска работа

0

0

6

6

 

Вкупно

13

0

19

30

Летна пракса во времетраење од 30 дена. 

Во студиската програма се вклучува изработка и одбрана на дипломска работа која е вреднувана со 6 ЕКТС. Студентите може да ја изработат дипломската работа на едно од одделенијата при Институтот за биологија, на друг сроден институт во рамките на ПМФ или во други сродни институции кои се занимаваат со проблематика од областа на физиологијата и биохемијата и воедно е блиска на студиската програма.

 

Листа на изборни предмети од студиската програма

Код  Назив на предметот  П  В  К

БФ1101  Физика за биолози  2  2  4

БФ1102  Математика со биостатистика  2  2  4

БФ1103  Анатомија на човек  2  2  4

БФ2104  Биофизика на клетка  2  2  4

БФ2105  Лабораториски практикум  1  3  4

БФ3106  Типологија на животни 1  2  2  4

БФ3107  Алгологија и микологија  2  2  4

БФ4108  Типологија на животни 2  2  2  4

БФ4109  Систематика на растенија  2  2  4

БФ6111  Регулаторни системи кај животните  2  3  4

БФ4110  Основи на физичка хемија  2  2  4

БФ7112  Физиологија на развиток на растенијата  2  3  4

БФ7113  Индустриска микробиологија  2  2  4

БМ0200  Имуногенетика  2  2  4

БМ0214  Општа ембриологија  2  2  4

БМ0225  Вовед во ихтиологија  2  2  4

БН2125  Макро и микронутритувен состав на храна   2  2  4

БН4012  Исхрана и метаболизам 1  2  2  4

БН5014  Исхрана и метаболизам 2  2  2  4

БН5236  Здравствена екологија  2  2  4

ББ8244  Микробна екологија  2  2  4

ББ8245  Ентомологија  2  2  4

ББ7246  Биогеохемиски циклуси  2  2  4

ББ3234  Историја на биологијата  2  2  4

БЕ4242  Токсиколошка хистопатологија на риби  2  2  4

 

Листа на изборни предмети од универзитетската листа на изборни предмети

БФ0201  Патогени микроорганизми  2  2  4

БФ0202  Вирусологија  2  2  4

БФ0203  Броматологија   2  2  4

БФ0204  Молекуларни основи на дејството на цитокините  2  2  4

БФ0205  Меѓуклеточни комуникации  2  2  4

БФ0206  Експериментална биохемија  2  2  4

БФ0207  Екотоксикологија  2  2  4

БФ0208  Култура на анимални ткива  2  2  4

БФ0209  Исхрана и метаболизам кај растенијата   2  2  4

БФ0210  Биологија на канцерот  2  2  4

БФ0211  Паразитологија  2  2  4

БФ0212  Форензичка ентомологија  2  2  4

БФ0213  Медицински габи  2  2  4

БФ0214  Цитогенетика   2  2  4

БФ0215  Биологија на развиток  2  2  4

БФ0216  Растителни антиоксиданти  2  2  4

БФ0217  Однесување на животните  2  2  4

БФ0218  Радијациона биологија  2  2  4

БФ0219  Математичко моделирање во биологијата  2  2  4

БФ0220  Примена на дијатомеите во екологија и медицина  2  2  4

БФ0221  Генетски модифицирани организми  2  2  4

БФ0222  Лековити растенија  2  2  4

БФ0223  Еволуциска генетика кај човекот  2  2  4

БФ0224  Клиничка имунологија  2  2  4  

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на оваа студиска програма студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети. Триесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети на Природно-математичкиот факултет, а останатите десет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од листата (универзитетска листа) на акредитирани предмети од единицата и/или од единиците на УКИМ.

Исто така, студентите од една студиска програма можат да изберат како изборен предмет од листата на задолжителни и изборни предмети од другите студиски програми кои се реализираат на Институтот за биологија и Природно-математичкиот факултет. 

© 2024. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.