
Од 1946 година, на Одделот за биологија, во рамките на Филозофскиот факултет, до 1951 година теоретската и практичната настава била изведувана во зградата на тогашниот Природно-научен музеј во Скопје. Во учебната 1951/52 година, Природно-математичкиот факултет бил сместен во зградата во која се наоѓа и денес. Теоретската настава се изведувала во 1 амфитеатар и 2 предавални. Со развојот на научноистражувачката и наставната дејност на Институтот следи и отворање и проширување на лаборатории за истражувања и изведување на практичната настава. Денес, Институтот за биологија својата наставно-научна дејност и активност ја изведува во просториите на зградата на Природно-математичкиот факултет, како и во приспособениот дел од Ботаничката градина.
За изведување на студиите по биологија, Институтот располага со амфитеатри (2), предавални (2), лаборатории за изведување на практичната настава (8) и лаборатории за научноистражувачка работа (16). Во рамките на Институтот се наоѓаат и дополнителни простории за наставно-научна работа: Ботаничка градина, аквариум, лаборатории за одгледување на експериментални животни, клима-комора за одгледување на растителни култури, инсектариум, хербариум, херпетолошка збирка, миколошка збирка и библиотека со читална. Теоретската настава на Институтот за биологија ги следи современите наставно-образовни процесии и се одржува во амфитеатри и во нови предавални опремени со компјутери, проектори и телевизори. Практичната настава се изведува во лаборатории од различни области на ботаниката, зоологијата, физиологијата и биохемијата, кои во последната деценија се реновирани и современо опремени.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 1 | 2 | 3 |
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |