Прв циклус (додипломски студии)

Биохемија и физиологија (акредитација 2013 год.)

1 циклус, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС кредити

Студиската програма за биохемија и физиологија се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити. Овие додипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VI/A степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.

Професионалната титула по завршување на првиот циклус студии и одбрана на дипломска тема е Дипломиран инженер по биологија - биохемија и физиологија (Дипл. инж. биол.).

Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво на студии – втор циклус на студии организиран од Институтот за биологија и тоа во различни области на биохемијата и физиологијата (експериментална, фундаментална, апликативна и развојна), од областа на молекуларната биологија и технологија, како и од областа на животната средина.

Стручен назив: Дипломиран инженер по биологија - биохемија и физиологија (Дипл. инж. биол.); Bachelor of Science in Biology - Biochemistry and Physiology (BSc. Biol. Eng.)

 

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите на Институтот за биологија.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука.

Право на запишување на прв циклус студии (прв циклус на универзитетски и на стручни студии) на Институтот за биологија имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Право на запишување на прв циклус студии на Институтот за биологија имаат и кандидати кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале државна матура.

На прв циклус студии на Институтот за биологија можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети. Сродноста ја утврдува Институтот за биологија и ја објавува ПМФ. 

 

Структура на студиската програма по биохемија и физиологија

Структурата на студиската програма по биохемија и физиологија на Институтот за биологија е дадена во следнава табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

Кредити 

1. семестар 

ББ1101

Клеточна биологија

4

0

4

8

БП1102

Општа хемија

3

0

3

7

БП1103

Математика со биостатистика

3

0

3

7

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 1)

2

0

2

4

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 1)

1

0

2

4

 

Вкупно  

13

0

14

30

2. семестар

БП2101

Органска хемија

4

0

3

8

БН2102

Анатомија и морфологија на растенија

3

0

3

7

БН2103

Хистологија и ембриологија

3

0

3

7

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 1)

1

0

4

4

 

Изборен предмет од Универзитетска листа 1

2

0

2

4

 

Вкупно

13

0

15

30

3. семестар

БП3103

Аналитичка и инструментална хемија

4

0

3

8

ББ3102

Биохемија 1

3

0

4

7

ББ3103

Типологија на животни

4

0

4

6

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 1)

2

0

2

4

 

Изборен предмет од Универзитетска листа 2

2

0

2

4

 

Вкупно

15

0

16

29

4. семестар

ББ4101

Општа физиологија

4

0

4

8

ББ4102

Систематика на растенија

4

0

4

6

ББ4103

Биохемија 2

3

0

3

5

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 1)

2

0

2

4

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 1)

2

0

2

4

 

Изборен предмет од Универзитетска листа  3

2

0

2

4

 

Вкупно

13

0

17

31

5. семестар

ББ5101

Споредбена физиологија

4

0

4

7

ББ5102

Микробиологија

4

0

4

7

ББ5103

Основи на молекуларна биологија

4

0

4

7

ББ5104

Биохемија на растенија

3

0

2

5

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 2)

2

0

2

4

 

Вкупно

17

0

16

30

6. семестар

ББ6101

Растителна физиологија

4

0

4

7

ББ6102

Општа генетика

4

0

4

7

ББ6104

Применета физиологија

3

0

2

4

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 2)

2

0

2

4

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 2)

2

0

2

4

 

Изборен предмет од Универзитетска листа 4

2

0

2

4

 

Вкупно

16

0

15

30

7. семестар

ББ7101

Растителна и анимална екофизиологија

4

0

4

7

ББ7102

Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткива

3

0

3

6

ББ7103

Имунологија

3

0

3

5

ББ7104

Биотехнологија

3

0

3

5

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 2)

2

0

2

4

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 2)

2

0

2

4

 

Вкупно

16

0

16

31

8. семестар

ББ8101

Клиничка биохемија

4

0

4

8

ББ6103

Ензимологија

3

0

3

7

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 2)

2

0

2

4

 

Изборен предмет (од факултетска листа - табела 2)

2

0

2

4

 

Дипломска работа

0

0

6

6

 

Вкупно

13

0

19

29 

Во студиската програма се вклучува изработка и одбрана на дипломска работа која е вреднувана со 6 ЕКТС. Студентите може да ја изработат дипломската работа на едно од одделенијата при Институтот за биологија, на друг сроден институт во рамките на ПМФ или во други сродни институции кои се занимаваат со проблематика од областа на физиологијата и биохемијата и воедно е блиска на студиската програма.

 

Листа на изборни предмети од факултетска листа

Табела 1. Изборни предмети од студиската програма кои студентот ги избира во прва и втора студиска година (од I до IV семестар)

Физика за биолози

Основи на анатомија на човек

Лабораториски практикум

Биофизика на клетка

Физичка хемија

Основи на екологија и еволуција

Екологија на опасни алги

Експеримент во наставата по биологија

Физиологија на невроендокриниот систем

Математичко моделирање во биологијата

Основи на палеоекологија

Примена на дијатомеите во екологијата и медицината

Акватични инсекти

 

Табела 2. Изборни предмети кои студентот ги избира во трета и четврта студиска година (од V до VIII семестар)

Изборни предмети од областа на биохемијата и физиологијата

Исхрана и метаболизам на растенија

Физиолошка функција на секундарните биомолекули кај растенијата

Екотоксикологија

Култура на анимални ткива

Споредбена ендокринологија

Биохемија на растителна клетка

Применета ензимологија

Метаболички инженеринг на растенијата

Анимална стрес физиологија

Микропропагација на генетски трансформирани растенија

Имуногенетика

Броматологија

Витамини, есенцијални масло и макронутриенти

Експериментална биохемија

Изборни предмети од областа на молекуларната биологија, генетиката и микробиологијата

Меѓуклеточни комуникации

Биологија на канцерот

Молекуларни основи на дејството на цитокините

Молекуларна генетика

Цитогенетика

Патогени микроорганизми

Индустриска микробиологија

Вирусологија

Изборни предмети од екологијата и наставата по биологија

Критичко мислење во наставата по биологија

Кооперативно учење во наставата по биологија

Заштита на животната средина

Охридско Езеро

Макроинвертебрати и нивна примена во мониторинг

 

Листа на изборни предмети од универзитетска листа 

Изборен предмет во 2. семестар

Радијациона биологија

Изработка и анализа на хистолошки препарати

Историја на биологија

Изборен предмет во 3. семестар

Вовед во ихтиологија

Паразитологија

Форензичка ентомологија

Однесување на животните

Изборен предмет во 4. семестар

Биологија на дијатомеи

Лековити растенија

Медицински габи

Физиолошки механизми на циркулацијата

Изборен предмет во 6. семестар

Одбрани поглавја од онтогенијата на ‘рбетниците

Растителни антиоксиданси

Микробна биотехнологија

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на оваа студиска програма студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети. Триесет проценти од изборните предмети (вкупно 13) студентите ги бираат од листата на изборните предмети на Природно-математичкиот факултет (факултетска листа Табела 1 и 2), а останатите десет проценти од изборните предмети (вкупно 4) студентите можат да ги изберат од листата (универзитетска листа) на акредитирани предмети од единицата и/или од единиците на УКИМ.

Предметите наведени во табела 1 и 2 се соодветни на стекнатите знаења со задолжителните предмети предвидени во соодветните студиски години, односно семестри. Од листата на изборни предмети дадени во Табела 2, студентот може да избере предмети од наведените области во зависност од индивидуалниот интерес и афинитет.  

Сите изборни предмети кои се предложени во оваа студиска програма може да бидат понудени како изборни предмети и на другите студиски програми кои ги реализира Институтот за биологија.

© 2023. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.