Втор циклус (магистерски студии)

Екологија и биосистематика

 

Модул по Екологија

2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Студиската програма на постдипломските академски студии по екологија и биосистематика (еколошки модул) е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на екологијата и заштитата на животната средина. По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по екологија (м-р екол.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во науката, стопанството, индустријата, земјоделството, шумарството, заштитата на природата и во други области. Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.

Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво, односно трет циклус студии (докторски студии) во различни области на екологијата и сродните научни дисциплини.

Стручен назив: Магистер по екологија (м-р екол.); Master of Ecology (MS. Еcol.)

 

Модул по Биосистематика

2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Студиската програма на постдипломските академски студии по екологија и биосистематика (таксономски модул) е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на екологијата и заштитата на животната средина. По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по биосистематика (м-р биосист.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во научни институции, природно-научни музеи и сл.Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.

Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво, односно трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.

Стручен назив: Магистер по биосистематика (м-р биосист.); Master of Biosystematics (MS. Biosyst.)

 

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во наведениот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата. Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни труда од соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија, за што одлучува Стручниот совет на Институтот за биологија на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма. Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршиле студии по хемија- аналитичка биохемија, медицина, фармација, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и студии на други сродни факултети. Одлука за соодветност на студиите и насоките за сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии, односно прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет, на предлог на Наставно-научниот колегиум за студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата. Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус. За странски државјани важат истите горенаведени одредби.

 

Информација за продолжување на образованието

Магистрираните кадри на студиската програма по екологија и биосистематика, можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус на студии на Институтот за биологија. Исто така, можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.

 

Структура на студиска програма по екологија и биосистематика

Структурата на студиската програма по екологија и биосистематика на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби).

Модул по екологија

Код на предметот

 Предмет

 П

 А        Л

 Кредити

 БВ9101

Методологија на научно-истражувачка работа

3

0

3

6

 БВ9103

Принципи и методи на еколошки истражувања

3

0

3

6

 

Изборен предмет за еколошки модул

3

0

3

6

 

Изборен предмет за еколошки модул *

3

0

3

6

 

Изборен предмет од Универзитетска слободна листа*

3

0

3

6

 

Вкупно

15

0

15

30

 

Изработка и одбрана на магистерски труд

15

0

15

30

 

Вкупно

15

0

15

30

*покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската  слободна  листа  (за  студиската  програма  по  екологија  и  биосистематика)  студентите можат да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ

Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.

На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).

 

Листа на задолжителни предмети

Листата на задолжителните предмети на студиите по екологија и биосистематика модул по екологија е дадена во следната табела:

Код на предметот

 Предмет

ЕБМЕ1101

Методологија на научно-истражувачка работа

ЕБМЕ1102

Принципи и методи на еколошки истражувања

 

Листа на изборни предмети

Листата на изборните предмети на студиите по екологија и биосистематика модул по екологија е дадена во следните табели:

Листа на изборни предмети од студиската програма

Код на предметот

 Предмет

ЕБМЕ1205

Современи истражувања во екологијата

ЕБМЕ1206

Организам и средина

ЕБМЕ1207

Заедници и екосистеми

ЕБМЕ1208

Екологија на загадена средина

ЕБМЕ1209

Одбрани поглавја од акватична екологија

ЕБМЕ1210

Одбрани поглавја од терестрична екологија

ЕБМЕ1211

Карактеристики и методи за контрола на еутрофикацијата

ЕБМЕ1212

Екологија на опасни алги

ЕБМЕ1213

Екологија на екосистеми

ЕБМЕ1214

Вегетација на Македонија

ЕБМЕ1215

Екологија на габи

ЕБМЕ1216

Микробна екологија

ЕБМЕ1217

Хистолошки биомаркери

 

Структура на студиска програма по екологија и биосистематика

Модул по биосистематика

Код на предметот

Предмет

П

А      Л

Kредити

БВ9101

Методологија на научно-истражувачка работа

3

0

3

6

БВ9104

Принципи и методи на таксономски истражувања

3

0

3

6

 

Изборен предмет за таксономски модул

3

0

3

6

 

Изборен предмет за таксономски модул*

3

0

3

6

 

Изборен предмет од Универзитетска слободна листа*

3

0

3

6

 

Вкупно

15

0

15

30

 

Изработка и одбрана на магистерски труд

15

0

15

30

 

Вкупно

15

0

15

30

*покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската  слободна  листа  (за  студиската  програма  по  екологија  и  биосистематика)  студентите можат да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ

Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.

На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).

 

Листа на задолжителни предмети

Листата  на  задолжителни  предмети  за  студиската  програма  по  екологија  и биосистематика –  модул по биосистематика е дадена во следната табела:

Код на предметот

 Предмет

ЕБМБ1103

Методологија на научно-истражувачка работа

ЕБМБ1104

Принципи и методи на таксономски истражувања

 

Листа на изборни предмети

Листа на изборни предмети по соодветните модули

Листата на изборните предмети на студиите по екологија и биосистематика – модул по биосистематика е дадена во следните табели:

Код на предметот

 Предмет

ЕБМБ1218

Современи истражувања во таксономијата

ЕБМБ1219

Систематика и филогенија на одредена група организми

ЕБМБ1220

Одбрани поглавја од еволуција

ЕБМБ1221

Одбрани поглавја од биогеографија

ЕБМБ1222

Принципи и методи на фитоценолошки истражувања

ЕБМБ1223

Конзервациска биогеографија

ЕБМБ1224

Габите на Македонија

ЕБМБ1225

Биологија и екологија со диверзитет на дијатомеите во Македонија

ЕБМБ1226

Диверзитет на безрбетната фауна во Република Македонија

ЕБМБ1227

Ентомологија

 

Општ список на изборни предмети за сите студиски програми од втор циклус на Институтот за биологија

СТУДИИ ПО ЕКОЛОГИЈА И БИОСИСТЕМАТИКА

Листа на предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети

Код на предметот

 Предмет

ЕБ1328

Санитарна микробиологија

ЕБ1329

Одбрани поглавја од популациска генетика

ЕБ1330

Основи на фитопатологија

ЕБ1331

Физиологија на стрес и отпорност на растенијата

ЕБ1332

Палеолимнологија

ЕБ1333

Онтогенија на одредена група рбетници

ЕБ1334

Макроинвертебратите како биоиндикатори

ЕБ1335

Одбрани поглавја од популациона екологија

ЕБ1336

Одбрани поглавја од биогеохемиски циклуси

ЕБ1337

Одбрани поглавја од заштита на животната средина

ЕБ1338

Екотоксикологија

ЕБ1339

Фауна на дневните пеперутки на Македонија

ЕБ1340

Фауна на водоземците и влечугите на Македонија

ЕБ1341

Фауна на птиците на Македонија

ЕБ1342

Фауна на цицачите на Македонија

ЕБ1343

Проценка на биодиверзитетот

ЕБ1344

Одржлив менаџмент со станишта

ЕБ1345

Одржлив менаџмент со видови

ЕБ1346

Мониторинг на природното наследство

ЕБ1347

Едукација, екотуризам и политика во управувањето со природното наследство

ЕБ1348

Компјутерска анализа на вегетациски податоци

ЕБ1349

Хистопатологија на риби

Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на двата модула од студиската програма по екологија и биосистематика, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (два предмети, 40%). Четириесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети од соодветната студиска програма (2 предмети). Останатите дваесет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од Универзитетската слободна листа (1 предмет) на изборни предмети.

© 2017. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.