2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Студиската програма на постдипломските академски студии по Биосистематика е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на биосистематиката и таксономијата.
По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по биосистематика (м-р биосист.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во науката, стопанството, индустријата, земјоделството, шумарството, заштитата на природата и во други области. Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.
Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.
Стручен назив: Магистер по биосистематика; Master of Science in Biosystematics
Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.
Начин на финансирање
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.
Услови за запишување
Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.
Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни трудаод соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.
Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршилестудии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.
Одлука за соодветност на студиите и насокитеза сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.
Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.
За странски државјани важат истите горенаведени одредби. Студиската програма не вклучува вонредно студирање.
Информација за продолжување на образованието
Магистрираните кадри на студиската програма по Биосистематика можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус студии на Институтот за биологија. Исто така можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.
Структура на студиската програма по Биосистематика
Структурата на студиската програма по Биосистематика на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставниот предмет |
Семестар I |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
П |
В |
|||||
ПРВА ГОДИНА |
||||||
1. |
ЕН1101 |
Методологија на научно-истражувачка работа |
I |
3 |
3 |
6 |
2. |
ЕН1102 |
Принципи и методи на таксономски истражувања |
I |
3 |
3 |
6 |
3. |
|
Изборен предмет за студиската програма |
I |
3 |
3 |
6 |
4. |
|
Изборен предмет за студиската програма |
I |
3 |
3 |
6 |
5. |
|
Изборен предмет за студиската програма * |
I |
3 |
3 |
6 |
Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година |
15 |
15 |
30 |
*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма студентите можат да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.
Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставниот предмет |
Семестар II |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
П |
В |
|||||
ПРВА ГОДИНА |
||||||
1. |
|
Изработка и одбрана на магистерски труд |
II |
15 |
15 |
30 |
Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година |
15 |
15 |
30 |
На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).
Листа на изборни предмети
Листата на изборните предмети на студиите по Биосистематика е дадена во следната табела:
Реден број |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
Единица |
|
П |
В |
||||||
1. |
БС201 |
Современи истражувања во таксономијата |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
2. |
БС202 |
Систематика и филогенија на одредена група организми |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
3. |
БС203 |
Одбрани поглавја од еволуција |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
4. |
БС204 |
Одбрани поглавја од биогеографија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
5. |
БС205 |
Принципи и методи на фитоценолошки истражувања |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
6. |
БС206 |
Конзервациска биогеографија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
7. |
БС207 |
Габите на Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
8. |
БС208 |
Биологија и екологија со диверзитет на дијатомеите во Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
9. |
БС209 |
Диверзитет на безрбетната фауна во Република Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
10. |
БС210 |
Ентомологија |
I |
3 |
3 |
6 |
Институт за биологија, ПМФ |
11. |
БС211 |
Санитарна микробиологија |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
12. |
БС212 |
Одбрани поглавја од популациска генетика |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
13. |
БС213 |
Палеолимнологија |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
14. |
БС214 |
Онтогенија на одредена група рбетници |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
15. |
БС215 |
Макроинвертебратите како биоиндикатори |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
16. |
БС216 |
Одбрани поглавја од популациона екологија |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
17. |
БС217 |
Фауна на дневните пеперутки на Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
18. |
БС218 |
Фауна на водоземците и влечугите на Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
19. |
БС219 |
Фауна на птиците на Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
20. |
БС220 |
Фауна на цицачите на Македонија |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
21. |
БС221 |
Проценка на биодиверзитетот |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
22. |
БС222 |
Одржлив менаџмент со станишта |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
23. |
БС223 |
Одржлив менаџмент со видови |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
24. |
БС224 |
Мониторинг на природното наследство |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
25. |
БС225 |
Компјутерска анализа на вегетациски податоци |
I |
3 |
3 |
6 |
УКИМ |
Вкупно: |
|
|
|
|