Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ)

Една мошне значајна заложба на Институтот за биологија е создавањето услови за реализација на студентската иницијатива за формирање истражувачко друштво на студентите биолози (ИДСБ) во 1994 година. Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) е младинска истражувачка организација, која се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата како и истражување и изучување на биодиверзитетот на Р. Македонија.

За успешна реализација на истражувањата, теренската работа во Друштвото е поделена во секции: алголошка, флористичка, миколошка, арахнолошка, ентомолошка, херпетолошка, орнитолошка, мамолошка и биохемиско-физиолошка секција. Како резултат на добрата организираност, во последните 10 години ИДСБ успешно реализирало многу истражувачки теренски акции, а резултатите од овие активности се објавени во трите издадени броја на Билтенот на Истражувачкото друштво на студенти биолози. Својата основна цел за едукација на студентите, ИДСБ ја остварува главно преку организирање истражувачки проекти. Досега се организирани и се реализирани 22 истражувачки проекти на кои учествувале повеќе од 300 студенти од Институтот за биологија, како и студенти од сродни институти од други универзитети од Балканот и пошироко.

Многу повеќе информации поврзани со ИДСБ, може да се најдат на официјалниот веб сајт на друштвото: http://idsbiolozi.com



© 2017. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.