Втор циклус (магистерски студии)

Молекуларна биологија со генетика

 

Модул по МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА

2 циклус, 1 години, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Студиската програма на постдипломските академски студии по молекуларна биологија и генетика, модул по молекуларна биологија е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на растителната, анималната или хуманата биологија. По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по молекуларна биологија (м-р мол. биол.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во научни институции, медицински и фармацевтски установи и слично.

Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на молекуларната биологија, генетиката и други сродните научни дисциплини.

Стручен назив: Магистер по молекуларна биологија (М-р мол. биол.); Master of Molecular Biology (Ms. mol. biol.)

 

Модул по ГЕНЕТИКА

2 циклус, 1 години, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Студиската програма на постдипломските академски студии по молекуларна биологијаи генетика, модул по генетика е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на растителната, анималната или хуманата генетика. По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по генетика (м-р ген.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка и стручна работа во научни институции, медицински и фармацевтски установи и слично.

Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на молекуларната биологија, генетиката и други сродните научни дисциплини.

Стручен назив: Магистер по генетика (М-р ген.); Master of Genetics (Ms. Gen.)

 

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000 € за двата модула (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.

Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни труда од соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија, за што одлучува Стручниот совет на Институтот за биологија на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма.

Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршиле аналитичка биохемија, студии на Институтот за хемија при ПМФ, Медицински факултет, Фармацевтски факултет, Факултет за ветеринарна медицина, Земјоделски факултет (соодветна насока), Шумарски факултет (соодветна насока), Факултет за биотехнички науки (соодветна насока) и други сродни факултети. Одлука за соодветност на студиите и насоките за сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски прв циклус студии  на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет, на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма, за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.

Ако на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.

За странски државјани важат истите горенаведени одредби.

 

Информација за продолжување на образованието

Дипломираните студенти на еден од двата модула на студиската програма по молекуларна биологија и генетика, можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус на студии на Институтот за биологија. Исто така, дипломираните студенти можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство. 

 

Структура на студиска програма по молекуларна биологија и генетика

Листата на задолжителни предмети за секој модул на студиската програма по молекуларна биологија и генетика на Институтот за биологија се дадени во следните табели (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби)

Модул по молекуларна биологија

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

Кредити 

1. семестар 

МБ1101

Методологија на научно-истражувачка работа

3

0

3

6

МБ1102

Напредна молекуларна биологија

3

0

3

6

 

Изборен предмет за модул по молекуларна  биологија

3

0

3

6

 

Изборен предмет за модул по молекуларна биологија*

3

0

3

6

 

Изборен предмет од Универзитетска слободна  листа*

3

0

3

6

 

Вкупно

15

0

15

30

2. семестар 

 

Изработка и одбрана на магистерски труд

15

0

15

30

 

Вкупно

15

0

15

30

*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската слободна листа (за студиската програма по биохемија и физиологија), студентите може да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.

 

Модул по генетика

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

Kредити 

1. семестар 

МГ1101

Методологија на научно-истражувачка работа

3

0

3

6

МГ1102

Напредна генетика

3

0

3

6

 

Изборен предмет за модул по генетика

3

0

3

6

 

Изборен предмет за модул по генетика*

3

0

3

6

 

Изборен предмет од Универзитетска слободна  листа*

3

0

3

6

 

Вкупно

15

0

15

30

2. семестар 

 

Изработка и одбрана на магистерски труд

15

0

15

30

 

Вкупно

15

0

15

30

*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската слободна листа (за студиската програма по биохемија и физиологија), студентите може да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.

Студентите можат да полагаат најмногу два предмети кај еден наставник.

На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).

 

Листа на задолжителни предмети

Листата на задолжителните предмети на студиите по молекуларна биологија и генетика, модул по молекуларна биологија  е дадена во следната табела:

Листа на задолжителни предмети

Код на предметот

Предмет

МБ 1101

Методологија на научно-истражувачка работа

МБ 1102

Напредна молекуларна биологија

 

Листата на задолжителните предмети на студиите по молекуларна биологија и генетика, модул по генетика  е дадена во следната табела:

Листа на задолжителни предмети

Код на предметот

Предмет

МГ 1101

Методологија на научно-истражувачка работа

МГ 1102

Напредна генетика

 

Листа на изборни предмети од студиската програма по молекуларна биологија и генетика

Листа на изборни предмети по соодветните модули

Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.

Листа на изборни предмети за модул по молекуларна биологија

Листата на изборните предмети на студиска програма по молекуларна биологија и генетика, модул по молекуларна биологија е дадена во следната табела: 

Листа на изборни предмети од студиската програма (модулот)

Код на предметот

Предмет

МБ1201

Одбрани поглавја од молекуларната биологија

МБ1202

Молекуларна генетика

МБ1203

Генетски инженеринг

МБ1204

Молекуларна популациска генетика

МБ1205

Молекуларна биологија и генетика на канцерот

МБ1206

Одбрани поглавја од молекуларна биологија на растенија    

МБ1207

Одбрани поглавја од генетика

МБ1208

Одбрани поглавја од хумана генетика

МБ1209

Генетика на малигниот процес          

МБ1210

Молекуларни основи на имуниот одговор     

 

Листа на изборни предмети за модул по генетика

Листата на изборните предмети на студиската програма по молекуларна биологија и генетика, модул по генетика е дадена во следната табела: 

Листа на изборни предмети од студиската програма (модулот)

Код на предметот

Предмет

МГ1201

Растителна цитогенетика       

МГ1202

Хумана ембриологија

МГ1203

Одбрани поглавја од популациона генетика

МГ1204

Генетска трансформација на растенија

МГ1205

Рано откривање на вродени и наследни болести

МГ1206

Методи за молекуларна дијагностика

МГ1207

Генетски тестирања за наследни болести      

МГ1208

Хумана цитогенетика и современи методи за откривање на хромозомски аберации

МГ1209

Контрола на ГМО

МГ1210

Генетски датабази     

 

Листа на изборни предмети од Универзитетска слободна листа на изборни предмети

СТУДИСКА ПРОГРАМА ПО МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА И ГЕНЕТИКА

Код на предметот

Предмет

МБГ1301

Одбрани поглавја од клеточна биологија

МБГ1302

Ендокринологија

МБГ1303

Метаболички процеси

МБГ1304

Микробен метаболизам

МБГ1305

Биохемија и физиологија на одредени органи и ткива

МБГ1306

Молекуларни основи на стресот

МБГ1307

Култура на растителни ткива

МБГ1308

Одбрани поглавја од биохемија и физиологија

МБГ1309

Одбрани поглавја од микроскопски техники

МБГ1310

Одбрани поглавја од цитогенетика

МБГ1311

Ензимологија

МБГ1312

Ентомологија

МБГ1313

Одбрани поглавја од молекуларна еволуција

МБГ1314

Одбрани поглавја од микологија       

МБГ1315

Паразитологија

МБГ1316

Молекуларна ендокринологија

МБГ1317

Вектори на заразни болести

МБГ1318

Молекуларни методи во медицината

Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на двата модула од студиската програма, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (два предмети, 40%). Четириесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети од соодветниот модул. Останатите дваесет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од листата на акредитирани предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети  и/или од единиците на УКИМ. (1 предмет).

© 2017. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.