Втор циклус (магистерски студии)

Едукација во наставата по биологија (акредитација 2018 год.)

2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити  

Студиската програма на вториот циклус академски студии (VIIA) по едукација во наставата по биологија е едногодишен академски програм, во обем од 60 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на биологијата и наставата по биологија. По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по едукација во биологијата (М-р биол. еду.) и имаат интегрирани знаења неопходни за научно-истражувачка, стручна и наставно-педагошка работа во област на науката и образованието.

Стручен назив со кој се стекнуваат студентите: Магистер по едукација во биологијата (М-р биол. еду.); Master of Biology Education (MS. biol. edu)

 

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.


Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.

Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни труда од соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.

Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршиле студии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.

Одлука за соодветност на студиите и насоките за сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.

Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.

За странски државјани важат истите горенаведени одредби.

 

Информација за продолжување на образованието

Дипломираните студенти на студиската програма по едукација во наставата по биологија, можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус на студии на Институтот за биологија. Исто така, дипломираните студенти можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.

 

Структура на студиска програма по едукација во наставата по биологија

Структурата на студиската програма по едукација во наставата по биологија на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби)

Код на предметот

Предмет

П

А

Л

кредити 

БЕН1101

Методологија на научно-истражувачка работа

3

0

3

6

БЕН1102

Современи наставни методи

3

0

3

6

 

Изборен предмет за студии по едукација во наставата по биологија

3

0

3

6

 

Изборен предмет за студии по едукација во наставата по биологија *

3

0

3

6

 

Изборен предмет од Универзитетска слободна  листа*

3

0

3

6

 

Вкупно

15

0

15

30

 

Изработка и одбрана на магистерски труд

15

0

15

30

 

Вкупно

30

0

30

60

*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма и изборни предмети од Универзитетската слободна листа (за студиската програма по едукација во наставата по биологија), студентите може да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.

Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.

На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).

 

Листа на задолжителни предмети

Листата на задолжителните предмети на студиите по едукација во наставата по биологија е дадена во следната табела:

Листа на задолжителни предмети

Код на предметот

Предмет

БЕН 1101

Методологија на научно-истражувачка работа

БЕН 1102

Современи наставни методи

 

Листа на изборни предмети

Листата на изборните предмети на студиите по едукација во наставата по биологија е дадена во следните табели:

Листа на изборни предмети од студиската програма

Код на предметот

Предмет

БЕН1201

Активна настава во биологијата 

БЕН1202

Експериментот во наставата по биологија

БЕН1203

Одбрани поглавја од методика на наставата

БЕН1204

Проектни активности во наставата по биологија

БЕН1205

Оценување

БЕН1206

Кооперативно учење

БЕН1207

Научни вештини за истражување

БЕН1208

Одбрани поглавја од дидактика

БЕН1209

Планирање и спроведување на наставата во природните науки

БЕН1210

Проблемска настава и научно расудување

 

Листа на предмети од Универзитетската слободна листа на изборни предмети 

Код на предметот

Предмет

БЕН1301

Диверзитет на безрбетната фауна на Република Македонија

БЕН1302

Еволуција

БЕН1303

Одбрани поглавја од биохемија

БЕН1304

Одбрани поглавја од биохемија на растенија

БЕН1305

Одбрани поглавја од растителна физиологија

БЕН1306

Конзервациска биогеографија

БЕН1307

Одбрани поглавја од генетика

БЕН1308

Одбрани поглавја од популациона генетика

БЕН1309

Одбрани поглавја од биогеохемиски циклуси

БЕН1310

Одбрани поглавја од терестрична екологија

БЕН1311

Одбрани поглавја од заштита на животната средина

БЕН1312

Одбрани поглавја од анимална физиологија

БЕН1313

Микробен метаболизам

БЕН1314

Микробна екологија

БЕН1315

Одбрани поглавја од микроскопски техники

БЕН1316

Одбрани поглавја од цитогенетика

БЕН1317

Одбрани поглавја од микологија

БЕН1318

Одбрани поглавја од микроанатомија

БЕН1319

Онтогенија на одредена група ‘рбетници

БЕН1320

Структура и функција на клетката

БЕН1321

Стереологија и алометрија

Сите изборни предмети носат 6 кредити и имаат фонд на часови: 3 часа теоретска настава и 3 часа практична настава неделно.

 

Начин на избор на предмети

Во рамките на студиската програма по едукација во наставата по биологија, студентите ги запишуваат сите задолжителни предмети (два предмети, 40%). Четириесет проценти од изборните предмети студентите ги бираат од листата на изборните предмети од соодветната студиска програма (2 предмети). Останатите дваесет проценти од изборните предмети студентите можат да ги изберат од Универзитетската слободна листа (1 предмет)  на изборни предмети.

© 2024. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.