Технички соработник Виолета Бошковска

Предмети



Кабинет бр.68 и бр.207 Email violetab@pmf.ukim.mk

Биографија

БОШКОВСКА, дипломиран инженер по биологија, Виш лаборант на институтот за биологија

БОШКОВСКА е родена на 23 јули 1972 година во Скопје, каде го завршува средното образование во УСО „Никола Карев“, биотехнолошка насока. Во академската 1991/92 година се запишува на студии по биологија, биохемиско-физиолошка насока, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде и дипломира на Одделението за физиологија при Институтот за биологија. По дипломирањето, во периодот од 1998 до 2003 година работи како инженер во производство во фабриката за печатени плочи „Hi-Tech“во с. Орешани. Во периодот 2003–2004 година е ангажирана како лаборант-демонстратор на Зоолошкиот завод, на предметите од областа на општата екологија, Invertebrata и Vertebrata, при што активно учествува во подготовка на вежби и наставни активности. Во текот на 2005 година е ангажирана како лаборант на Одделението за микробиологија со микробна биотехнологија и на Одделението за екологија на растенија со заштита на животната средина, по што истата година заснова редовен работен однос. Во април 2008 година е унапредена во технички соработник, а истата година и во звање виш лаборант на Институтот за биологија. Од учебната 2005/06 година до денес активно е вклучена во подготовката и реализацијата на експерименталниот дел од практичната настава по повеќе предмети, меѓу кои: микробиологија, биотехнологија, екологија на растенија, растителна екофизиологија и заштита на животната средина. Од 2020 година активно учествува во техничка и научна обработка на биолошки збирки, изработка на бази на податоци, дигитализација на материјали и подготовка на податоци за научни публикации.

Наставно-образовна дејност

Во наставната дејност, Бошковска учествува во изведувањето на практичната настава на Катедрата за микробиологија со микробна екологија и Катедрата за екологија на растенија со заштита на животната средина, под раководство на проф. д-р Наталија Атанасова-Панчевска и проф. д-р Славчо Христовски. Активно е вклучена во лабораториските активности поврзани со изработка на магистерски и докторски трудови, како и во реализација на теренската настава. Дополнително, учествува во подготовка на трајни микроскопски препарати и наставни материјали, врши обука на нови демонстратори и активно придонесува во тековните активности на одделенијата. Има целосна одговорност за одржување и функционирање на лабораториите.

Научноистражувачка дејност

Во рамки на научноистражувачката дејност, Бошковска е коавтор на три научни труда објавени во референтни списанија со фактор на влијание, кои се цитирани вкупно 45 пати. Учествувала во повеќе меѓународни, билатерални и домашни научноистражувачки проекти како технички соработник и помлад истражувач.

Стручно-апликативна дејност и дејност од поширок интерес

Покрај наставната и научната активност, Бошковска учествува и во стручно-апликативни активности на Природно-математичкиот факултет, како и во работата на пописни комисии. Член е на Македонското биолошко друштво, Македонското еколошко друштво и Македонското дијатомолошко друштво.

Трудови и конф.

  1. Hristovski, S., Jordanova, M., Musai, M., Boškovska, V., Rebok, K., Dinevska-Ќovkarovska S., & Melovski,L. (2019). Heavy metals in water and sediments of the upper course of the river Crn Drim. Macedonian Journal of Ecology and Environment, 21(1-2), 73–78. https://doi.org/10.59194/MJEE19211-2073h.
  2. Jordanova M, Hristovski S, Musai M, Boškovska V, Rebok K, Dinevska-Ќovkarovska S, Melovski L. (2018). Accumulation of Heavy Metals in Some Organs in Barbel and Chub from Crn Drim River in the Republic of Macedonia. Bull Environ Contam Toxicology, 101(3):392-397. doi: 10.1007/s00128-018-2409-2.
  3. Radmanovikj, N., Todorovska Ivkovikj, M., Kostandinovska, S., Bojkovska, I., Boshkovska, V., & Usta Petrova, E. (2026). Qualitative comparison of wild yeast strains inhabiting plant organs of cultured cereal grains and adjacent platn communities in North Macedonia. Knowledge -International Journal, 74(3), 353–359. Retrieved from https://ojs.ikm.mk/index.php/kij/article/view/8102.
© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.