Доцент д-р Даниела Јовановска

Предмети



Кабинет 207 Локал 152 Дир. телефон +38923249152 Email danielaj@pmf.ukim.mk Консултации Вторник 10:00-12:00h; Четврток 10:00-12:00h

Биографија

Доцент на Одделението за екологија на растенија и животна средина, каде што предава предмети од областа на животната средина, пределната и конзервациската екологија. Во 2014 година магистрира на Природно-математичкиот факултет во Скопје со труд на тема „Брза проценка на еколошкиот интегритет на водните текови во сливот на реката Брегалница“, стекнувајќи се со звање магистер по биологија (екологија). Академското усовршување го продолжува во Обединетото Кралство, на Универзитетот Стафордшир, каде во 2021 година докторира со дисертација на тема „Значајни предели под влијание на промените во животната средина: развивање на алатки за проценка на квалитетот на пределите на Шар Планина“.

Научно-истражувачкиот интерес е главно насочен кон пределната екологија, со фокус на динамиката на промените во структурните карактеристики и поврзливоста на пределите и нивното значење за еколошкиот интегритет на екосистемите и популациите на диви видови, како и на перцепцијата и вреднувањето на визуелните и функционалните карактеристики на пределите.

Во рамки на својата работа има стекнато значително искуство во применетата конзервација и активно учествува во научно-истражувачки и проектни активности поврзани со заштита на природата. Автор и коавтор е на повеќе научни трудови, како и на научни и стручни извештаи.

Публикации: https://orcid.org/0000-0001-9344-5970

 

 

© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.