Љупчо Крстаноски е роден во Струга на 21.05.1990 година. Средно образование завршува во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Од 2009 година се запишува на студии на Природно - математичкиот факултет, на Институтот за биологија, отсек молекуларна биологија кои ги завршува во 2013 година со просек 8,98. Дипломската работа ја изработил под менторство на проф. д-р Јасмина Димитрова – Шумковска со наслов: Утврдување на in vitro антиоксидативни карактеристики и фенолна содржина кај габи од родовите Agaricus и Lepista. Од 01.09.2016 година е вработен како технички соработник на Катедрата за Експериментална биохемија на Институтот за Биологија, каде учествува во практичната настава по предметите Биохемија 1, Биохемија 2 и Клиничка Биохемија. Активно е вклучен и во научно – истражувачката работа, со главен фокус на влијанието на оксидативниот стрес врз липопротеинскиот метаболизам и антиоксидативната заштита.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 1 | 2 |
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |