Јадранка Црнициќ е родена на 27.06.1976 во Скопје. Средно образование го завршила во родниот град, во учебната 1990/1994. На ПМФ се вработила на 2.6.1998 како лаборант на Ботаничкиот завод со ботаничката градина. На студии при истиот факултет се запишала во учебната 2011/2012б. на наставна насока
Јадранка Црничиќ е вклучена во подготовки на вежбите на Институтот на биологија, како и во техничката подготовка при изработката на дипломски, магистерски и докторски трудови.
Во ботаничката градина е одговорна за одржување на збирките на алохтони растителни видови, како и за лековити, ретки, ендемични и реликтни видови од македонската флора. Во последните години, таа е едукатор во воннаставните активности кои што ги реализира ботаничката градина. Активно учествувала во неколку проекти кои се поврзани со заштита на растенија и зајакнување на свеста кај учениците и локалното население.
Учество во следните проектни активности:
„Мрежа за искуствено учење“
„Лекот е во природата“
„Опрашувачи – зајакнување на ослабената алка во живиот свет“
„Урбани градини како потенцијал за зголемување на зеленилото во скопската бетонска џунгла“
„Од органски отпад до органски компост“
Програма за зачувување на природата во Македонија – фаза 2 Компоненета: Подобрување на статусот на природните вредности во брегалничкиот регион
„Едукација на деца за значењето на растенијата и нивната улога за животната среднина“
Урбани градини при кампањата „Не игнорирај! Реагирај!
„Унапредување на заштитата на растителниот диверзитет, енергетската ефикасност и едукацијата во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје“