Борис Алексовски е роден во Скопје, 1989-тата година. Основното и средното образование ги завршил во Скопје со одличен успех и притоа бил неколкупати награден за најдобар ученик на генерацијата. За време на основното и средното образование учествувал на два републички натпревара по биологија, каде двапати го освоил првото место, а земал активно учество и во проектот „Талентирани ученици“ на СУГС гимназија Никола Карев од областа на биологијата и хемијата.
Првиот циклус на студии го запишал во академската 2008/2009-та година на Природно-математичкиот факултет-Скопје, насока молекуларна биологија. Во текот на студиите, од Институтот на биологија добил пофалници за најдобар студент на Iвата, IIрата и IIIтата година. Студиите ги завршил за време од 3 години, 11 месеци и 26 дена, со просек 10,00, со што станал првиот дипломиран молекуларен биолог во Државата. За неговиот исклучителен просек бил награден, најпрвин од факултетот како најдобар дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет во редовните четиригодишни студии, а потоа и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по повод патрониот празник.
Во 2012-тата година се запишал на втор циклус на студии на Природно-Математичкиот факултет-Скопје, при што по завршувањето на сите обврски од студиската програма (60 EКTС) со просечна оцена 10, на 13.3.2015 успешно го одбранил својот магистерски труд, стекнувајќи се со назив магистер по биологија (молекуларна биологија). За време на вториот циклус од студиите, за потребите на неговиот магистерски труд, успешно соработувал со ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија, ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Уште за време на првиот циклус на студии, Борис Алексовски соработувал со Институтот за хемија, учествувајќи во финалната корекција на преводот на Аткинсовата физичка хемија од Oксфордскиот универзитет на македонски јазик. Во периодот од 2012 до 2013 бил ангажиран како демонстратор на Институтот за биологија, каде учествувал во изведување на практичната настава по предметите Молекуларна физиологија, Физиологија и Имуногенетика и бил директно инволвиран во научната активност на Одделението за општа физиологија и имунологија. Во летниот период од 2012-тата, волонтирал во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ. Од 2014-тата година до 2018-тата, Борис Алексовски како волонтер учествувал во изведување на практичната настава по предметите Биотехнологија, Систематика на растенија I, Хидробиологија, Примена на дијатомеи во екологија и медицина и Екологија на опасни алги, како и во научната активност на Катедрата за хидробиологија, биотехнологија и алгологија. Во периодот од 2015-тата до 2016-тата година, бил надворешен хонорарен соработник на лабораторијата за биохемија при ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, каде по нивно барање, учествувал во неколку научни истражувања, со примарен фокус на заболувањата мултипла склероза и интрацеребрална хеморагија, при што од добиените резултати биле публикувани неколку научни трудови во списанија со фактор на влијание. Од април до септември 2017-тата година, бил вработен во Универзитетскиот медицински центар во Göttingen (Universitätsmedizin Göttingen), Германија, во работната група на Проф. д-р Иван Богески, каде учествувал во неколку проекти околу улогата на фосфорилацијата и редокс сигналингот при физиолошки и патолошки услови, а исто така учествувал и во изведување на практичната настава по физиологија на англиски јазик за студентите од Georg-August Универзитетот во Göttingen.
Од април 2018-тата, се запишува на трет циклус (докторски) студии на Институтот за биологија, на студиската програма молекуларна биологија, под менторство на проф. д-р Светислав Крстиќ. Од истата година е ангажиран како демонстратор на Катедрата за хидробиологија, биотехнологија и алгологија, а од декември 2020-та е вработен како асистент на Институтот за биологија, Завод за ботаника со ботаничка градина. Дополнително, во периодот од 2018 до 2021-вата, бил надворешен хонорарен соработник на ЈЗУ Универзитетската клиника за неврохирургија, Скопје, каде бил инволвиран во неколку научни истражувања околу улогата на интерлеукините и оксидативниот стрес во развојот на едемот и раната интрахоспитална смртност кај пациентите со интрацеребрална хеморагија.
Борис Алексовски како асистент актуелно е вклучен во изведување на практичната настава по предметите Биотехнологија, Алгологија и микологија, Хидробиологија, Примена на дијатомеи во екологија и медицина, Екологија на опасни алги, како и како и Физиологија 2 и Биолошки основи на храната. Неговиот научен интерес е таксономија и молекуларна филогенија на цијанобактериите (модро-зелените алги), исто така со фокус и на нивната in vitro култивација, молекуларна биологија, нивната токсичност и нивните ефекти врз биолошките системи. Од 2020-тата до сега, Борис Алексовски е куратор на Колекцијата на култури на цијанобактерии на Северна Македонија (North Macedonian Culture Collection of Cyanobacteria, NMCCC) која е од високо национално, но исто така и од интернационално значење, бидејќи е вклучена во Светската датабаза на микроорганизми (World Data Centre for Microorganisms, WDCM No. 1229), како и во Глобалниот каталог на микроорганизми (Global Catalogue of Microorganisms, GCM). Колекцијата вклучува важни соеви за македонската флора, како и уникатни соеви кои се особено значајни за разрешување на комплексната таксономија и филогенија на простите, филаментозни цијанобактерии без хетероцити и акинети.
Борис Алексовски остварил четири обуки и два подолги научни престои надвор од Државата. Како истражувач учествувал во 8 меѓународни научни проекти (од кои особено значајни за македонската флора на модро-зелените алги се „The European Multi-Lake study“ и истражувањата на Дојранското Езеро “Developing of capacities for sustainability of Dojran Lake”), како и 2 едукациони работилници. Автор е и коавтор на 17 научни трудови во референтни научни списанија со меѓународен уредувачки одбор, од кои 12 во списанија со фактор на влијание. Дополнително, автор е и коавтор на 2 научни извештаја, 9 научни постери, остварил 10 предавања на меѓународни научни конференции и, автор е на 20 генски секвенци на филогенетски важни цијанобактерии во интернационалната анотирана колекција на нуклеотидни секвенци GenBank. Досега, неговите истражувања се цитирани 266 пати.
Во однос на стручно-применувачката дејност, Борис Алексовски учествувал во 8 експертски мониторинг активности, како што се истражувањата за загадување на водата во Брана Мантово, студијата за валоризација на Моноспитовското Блато, како и во пет активности за ремедијација и проценка на оштетување на биодиверзитетот/реколонизацијата на Каменичка Река, по несреќниот настан на истекување на испустна јаловина од ТЅF4 од рудникот ,,САСА” во 2020-тата.
Добитник е на наградата за најдобар научен постер на европската манифестација „Ноќ на истражувачите“, за 2013-тата година, освоил второ место за најдобар научен постер на 59-тиот интернационален конгрес „Мind&Brain“ во Пула, Хрватска, освоил прво место за најдобра орална презентација на 5-тата годишна SNSS во Крагуевац, Србија, како и добил награда за најдобар научен постер на 62-риот Интернационален невропсихијатриски конгрес „Mind & Brain“ во Пула. Во март 2021, заедно со останатите коавтори, добил признание и награда за најдобар научен труд за 2020-тата во списанието Тoxins за публикацијата „Temperature Effects Explain Continental Scale Distribution of Cyanobacterial Toxins”, a во април, 2023, добил признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022-рата година, доделен од Македонското Лекарско друштво, по повод 7 Април – Светски ден на здравјето.
Борис Алексовски активно се служи со англискиот јазик. Член е на неколку здруженија и организации, меѓу кои се вбројуваат: Македонско биолошко друштво (МБД), Македонско еколошко друштво (МЕД), Македонско дијатомолошко друштво (МДД), World data centre for microorganisms (WDCM), World federation for culture collections (WFCC), Society of Chemists and Technologists of Macedonia, CyanoCOST, NETLAKE (Networking Lake Observatories in Europe), Global Lake Ecological Observatory Network (GLEON), како и Federation of European Phycological Society (FEPS). За неговото вработување на Заводот за ботаника, добил препорака од познатиот фиколог проф. RNDr. Jiří Komárek, од ботаничкиот завод при Чешката академија на науки во Třeboň.
Постер презентации
1. Aleksovski B, Hadzi-Petrushev N, Mladenov M, Gjorgoski I. Aging: a positive connection between oxidative stress and inflammation and the effects of α-tocopherol. European Researchers' Night, Skopje, 27 September 2013.
2. Aleksovski B. Short Term Scientific Mission (STSM): Characterization and re-evaluation of selected Pseudanabaenaceae and Leptolyngbyaceae strains using polyphasic approach. CYANOCOST – ES 1105 Action: Cyanobacterial blooms and toxins in water resources: occurrence, impacts and management, December, 2015.
3. Stojchevski R, Manevska N, Aleksovski B, Krstić S. Research on the algal microflora biodiversity in Belicka River: a special focus on Cyanobacteria (Cyanoprokaryota). 5th Congress of Ecologists of the Republic of Macedonia with International Participation, Ohrid, 19-22 October 2016. In: Abstract book, Vth Congress of Ecologists of the Republic of Macedonia with International Participation. Ohrid, 19-22.10.2016. Macedonian Ecological Society, Skopje, 2016 (ISBN: 978-9989-648-36-6, p205)
4. Aleksovski B, Bourgoyne J, Bogeski I. Identifying and quantifying ROS in cardiac myocytes and fibroblasts: A comprehensive study. International Research Training Group (IRTG) 1816: Phosphorylation- and Redox-Mediated Signalling Mechanisms in the Failing Heart: on-site visit, Universitätsmedizin Göttingen, Göttingen, 05 - 07 February 2017.
5. Rendevski V, Aleksovski B, Mihajlovska Rendevska A. Advanced 3d Modeling For Prediction And Quantification Of The Perihematomal Brain Edema Formation After Intracerebral Hemorrhage: Implications Of Biochemical, Radiological And Clinical Variables. 59th International Neuropsychiatric Congress „Mind & Brain“, Pula, Croatia, May 30th – June 2nd, 2019. In: Abstract Book 2019, Mind & Brain 59th International Neuropsychiatric Congress, Pula, Croatia, MAY 30th – JUNE 2nd. South East European Society for Neurology and Psychiatry, Demarin V and Budinčević H (editors), International Institute for Brain Health, Zagreb, Croatia (ISSN: 2459-5748 p145, www.pula-cong.com/abstract-book-2019)
6. Janevik-Ivanovska E, Gjorgoski I, Aleksovski B, Tripunovski T, Darkovska-Serafimovska M, Smilkov K, Gjorgieva-Ackova D, Arev M, Apostolova P, Balogh L. Small animal model in the development of radiopharmaceuticals - the step forward to clinical studies. Days of Veterinary Medicine – 2022 - 9th International Scientific Meeting, Ohrid, Republic of North Macedonia, 22-25 September 2022. In: Book of absstracts, 9th International Scientific Meeting Days of Veterinary Medicine – 2022, eds Kjosevski, Pendovski, Percinic, Nikolovski, & Dovenska, Faculty of Veterinary Medicine – Skopje (ISBN 978-9989-774-38-6)
7. Kopanja T, Hinić-Jordanovska J, Aleksovski B, Trajkovska T, Slavevska–Stamenković V, Krstić S. The role of macroinvertebrate and algae community structures as a promising indicator for ecosystem recovery: a case study on Kamenička River (North Macedonia). EkoBioMorfa, Conference of students of biology, ecology and environmental protection, 25-27 November 2022, Novi Sad, Serbia.
8. Rendevski V, Aleksovski B, Mihajlovska Rendevska A, Hadzi-Petrushev N, Gjorgoski I. Interactive Mathematical Software For The Prediction Of The Risk Of Early In-Hospital Mortality In Patients With Intracerebral Hemorrhage Based On Pro-Inflammatory And Oxidative Stress Markers: A Challenge In Modern Clinical Therapeutic Strategies. 62th International Neuropsychiatric Congress „Mind & Brain“, Pula, Croatia, May 18th – 21st, 2023. In: Abstract Book 2023, Mind & Brain 62th International Neuropsychiatric Congress, Pula, Croatia, MAY 18th – 21st. South East European Society for Neurology and Psychiatry, Demarin V and Budinčević H (editors), International Institute for Brain Health, Zagreb, Croatia (ISSN: 2459-5748 p59). www.pula-cong.com/abstract-book-2023
9. Pejkova S, Gjorgoski I, Stojkovski V, Srbov B, Azmanova Mladenovska S, Dzonov B, Aleksovski B, Nikolovska B, Tusheva S, Georgieva G. Sxperimental study of Platelet-Rich Plasma Effect on peripheral nervre regeneration. PN EP65. American Society for Peripheral Nerve (ASPN) 2023 Annual Meeting, Miami, USA, Jan 20 – 22, 2023.
Предавања на меѓународни научни конференции |
1. Aleksovski B, Gjorgoski I. The Effects of Nitric Oxide on Exercise Performances (plenary lecture). 1st International scientific conference: research in physical education, sport and health, Ohrid, 30-31 May 2014. In: Conference proceedings : Research in Physical Education, Sport and Health/1st International Scientific Conference (ISBN 978-9989 -2850-4-2).
2. Krstić S, Aleksovski B, Komárek J. Rare occurrence of nine Microcystis species (Chroococcales, Cyanobacteria) in a single lake – Lake Dojran, Macedonia. CYANOCOST MEETING and CONFERNECE, Amsterdam, September-October 2016.
3. Aleksovski B, Rendevski V, Mihajlovska Rendevska A. Evaluation of the role and interactions among peripheral biochemical markers in depression and intracerebral hemorrhage: state biomarkers, prognostic factors and modeling of the outcomes in clinical decision making. 58th International Neuropsychiatric congress Mind&Brain, Pula, 25-27 May 2018. In: Abstract book 2018, 58th International Neuropsychiatric congress Mind&Brain (ISSN 2469-5748, p52).
4. Rendevski V, Aleksovski B, Mihajlovska Rendevska A. Prognostic values of peripheral glutamate and TNF-α levels in patients with intracerebral haemorrhage. International Conference on Neurological Disorders, Stroke and CNS, Athens, 22-23 October 2018. In: J Neurol Neurosci 2018;9:34. (ISSN 2171-6625, p34). DOI: https://doi.org/10.21767/2171-6625-C3-015
5. Rendevski V, Aleksovski B, Caparoski A, Filipce V, Shuntov B, Stojanov D, Mihajlovska Rendevska A, Aleksovski V, Gjorgoski I. The impact of TNF-α in prognostication of poor neurological outcome in patients after intracerebral hemorrhage. 4th Congress of SeENS SouthEast Europe Neurosurgical society, Thessaloniki, Greece, 27-30 June 2019.
6. Rendevski V, Aleksovski B, Caparoski A, Filipce V, Shuntov B, Stojanov D, Mihajlovska Rendevska A, Aleksovski V, Gjorgoski I. The role of TNF-α-based models in prognostication of the outcome after ICH: a pilot study. 5th Annual SNSS meeting “Neurovascular supersessions: Exo? Endo? Hybrid? Quo vadis? – Joint meeting with the Southeast Europe Neurosurgical Society, Kragujevac, Serbia, October 24th-27th, 2019
7. Aleksovski B, Vućurević A, Stefanoska E, Pop Antoska A, Krstic S., The contribution of the North Macedonian Culture Collection of Cyanobacteria (NMCCC) to the Pseudanabaena Lauterborn diversity of strains recorded in the global catalogue of Microorganisms (GCM). WFCC and WDCM global catalogue of Microorganisms, December, 2021, webinar.
8. Aleksovski B, Mircheski V, Krstić S. Applications of electrochemistry in cyanobacterial taxonomy: preliminary findings. 15th Students’ Congress of SCTM, Skopje, 29th September - 1st October 2022. In: Book of abstracts, Society of Chemists and Technologists of Macedonia, Skopje, 2022.
9. Aleksovski B, Krstić S, Strunecký O, Vućurević A, Stefanoska E, Mitic-Kopanja D. Severe domination of Pseudanabaena Lauterborn species (Cyanobacteria, Synechococcales) in Lake Dojran (North Macedonia): a focus on their toxic potential. 6th Congress of Ecologists of North Macedonia, with international participation, Ohrid, 15-18.10.2022.
10. Rendevski V, Aleksovski B, Mihajlovska Rendevska A, Shuntov B, Chaparoski A, Filipce V, Zupanoski A, Vućurević A, Stefanoska E, Zdravkovski P, Gjorgoski I. Inflammatory and oxidative stress makers in intracerebral hemorrhage: preliminary new insights from machine learning and virtual models of interaction. 8th Annual Meeting of Serbian Neurosurgical Society with international participation “Current concept in military neurosurgery - The state in the field”, Belgrade, Serbia, 7-10 December 2022. p:303-304.
Трудови во списанија со меѓународна рецензија
1. Krstić S, Aleksovski B. Dominance of Microcystis spp. in Lake Dojran – a consequence of 30 years of accelerated eutrophication. Botanica Serbica October 2016;40(2):119-128. DOI: https://doi.org/10.5281/zenodo.162208 (IF = 0.265)
2. Krstić S, Aleksovski B, Komárek J. Rare occurrence of nine Microcystis species (Chroococcales, Cyanobacteria) in a single lake (Lake Dojran, fYR Macedonia). Advances in Oceanography and Limnology 2017; 8(1):4-21. DOI: https://doi.org/10.4081/aiol.2017.6236
3. Rendevski V, Aleksovski B, Kolevska M, Stojanov D, Dimitrovski K, Mihajlovska Rendevska A, Aleksovski V, Petlickovski A, Trajkov D, Stojanoski K. Effects of data transformation on multivariate analyses in intracerebral hemorrhage. Macedonian pharmaceutical bulletin 2016;62(2):37-42. UDC: 616.831-005.1:311.21|(497.7)
4. Rendevski V, Aleksovski B, Stojanov D, Mihajlovska Rendevska A, Aleksovski V, Baneva-Dolnenec N, Nikodijevic D, Gudeva-Nikovska D. Validation of the ELISA Method for Quantitative Detection of TNF-α in Patients with Intracerebral Hemorrhage. Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences October 2017;5(6):703-707. DOI: https://doi.org/10.3889/oamjms.2017.170 (IF = 0.199)
5. Rendevski V, Stojanov D, Aleksovski B, Mihajlovska Rendevska A, Chaparoski A, Ugurlar D, Aleksovski V, Baneva N, Gjorgoski I. Surgical Outcome in Patients with Spontaneous Supratentorial Intracerebral Hemorrhage. Acta facultatis medicae Naissensis December 2017;34(4):265-273. DOI: https://doi.org/10.1515/afmnai-2017-0028
6. Rendevski V, Aleksovski B, Stojanov D, Aleksovski V, Rendevska AM, Kolevska M, Stojanoski K, Gjorgoski I. Peripheral glutamate and TNF-α levels in patients with intracerebral hemorrhage: Their prognostic values and interactions toward the formation of the edemal volume. Neurologia i Neurochirurgia Polska (Polish Journal of Neurology and Neurosurgery) March 2018;52(2):207-214. DOI: https://doi.org/10.1016/j.pjnns.2017.10.003 (IF = 1.006)
7. Aleksovski B, Novotni A, Vujović V, Rendevski V, Manusheva N, Neceva V, Filipce A, Risteski A, Aleksovski V, Gjorgoski I. Evaluation of peripheral serotonin content and α2-adrenergic receptor function as potential markers for life-long recurrent depressive disorder by using methodological improvements. International Journal of Psychiatry in Clinical Practice September 2018; 22(3):215–224. DOI: https://doi.org/10.1080/13651501.2017.1411516 (IF = 1.821)
8. Aleksovski B, Neceva V, Vujović V, Manusheva N, Rendevski V, Novotni A, Filipce A, Spasovska A, Sofijanova A, Aleksovski V, Gjorgoski I. SSRI-reduced platelet reactivity in non-responding patients with life-long Recurrent Depressive Disorder: Detection and involved mechanisms. Thrombosis Research May 2018;165:24-32. DOI: https://doi.org/10.1016/j.thromres.2018.03.006 (IF = 3.266)
9. Mantzouki E, Lürling M, Fastner J, de Senerpont Domis L, Wilk-Woźniak E, Koreivienė J, Seelen L, Teurlincx S, Verstijnen Y, Krztoń W, Walusiak E, Karosienė J, Kasperovičienė J, Savadova K, Vitonytė I, Cillero-Castro C, Budzyńska A, Goldyn R, Kozak A, Rosińska J, Szeląg-Wasielewska E, Domek P, Jakubowska-Krepska N, Kwasizur K, Messyasz B, Pełechaty A, Pełechaty M, Kokocinski M, García-Murcia A, Real M, Romans E, Noguero-Ribes J, Duque DP, Fernández-Morán E, Karakaya N, Häggqvist K, Demir N, Beklioğlu M, Filiz N, Levi EE, Iskin U, Bezirci G, Tavşanoğlu ÜN, Özhan K, Gkelis S, Panou M, Fakioglu Ö, Avagianos C, Kaloudis T, Çelik K, Yilmaz M, Marcé R, Catalán N, Bravo AG, Buck M, Colom-Montero W, Mustonen K, Pierson D, Yang Y, Raposeiro PM, Gonçalves V, Antoniou MG, Tsiarta N, McCarthy V, Perello VC, Feldmann T, Laas A, Panksep K, Tuvikene L, Gagala I, Mankiewicz-Boczek J, Yağcı MA, Çınar Ş, Çapkın K, Yağcı A, Cesur M, Bilgin F, Bulut C, Uysal R, Obertegger U, Boscaini A, Flaim G, Salmaso N, Cerasino L, Richardson J, Visser PM, Verspagen JMH, Karan T, Soylu EN, Maraşlıoğlu F, Napiórkowska-Krzebietke A, Ochocka A, Pasztaleniec A, Antão-Geraldes AM, Vasconcelos V, Morais J, Vale M, Köker L, Akçaalan R, Albay M, Maronić DŠ, Stević F, Pfeiffer TŽ, Fonvielle J, Straile D, Rothhaupt KO, Hansson LA, Urrutia-Cordero P, Bláha L, Geriš R, Fránková M, Koçer MAT, Alp MT, Remec-Rekar S, Elersek T, Triantis T, Zervou SK, Hiskia A, Haande S, Skjelbred B, Madrecka B, Nemova H, Drastichova I, Chomova L, Edwards C, Sevindik TO, Tunca H, Önem B, Aleksovski B, Krstić S, Vucelić IB, Nawrocka L, Salmi P, Machado-Vieira D, de Oliveira AG, Delgado-Martín J, García D, Cereijo JL, Gomà J, Trapote MC, Vegas-Vilarrúbia T, Obrador B, Grabowska M, Karpowicz M, Chmura D, Úbeda B, Gálvez JÁ, Özen A, Christoffersen KS, Warming TP, Kobos J, Mazur-Marzec H, Pérez-Martínez C, Ramos-Rodríguez E, Arvola L, Alcaraz-Párraga P, Toporowska M, Pawlik-Skowronska B, Niedźwiecki M, Pęczuła W, Leira M, Hernández A, Moreno-Ostos E, Blanco JM, Rodríguez V, Montes-Pérez JJ, Palomino RL, Rodríguez-Pérez E, Carballeira R, Camacho A, Picazo A, Rochera C, Santamans AC, Ferriol C, Romo S, Soria JM, Dunalska J, Sieńska J, Szymański D, Kruk M, Kostrzewska-Szlakowska I, Jasser I, Žutinić P, Udovič MG, Plenković-Moraj A, Frąk M, Bańkowska-Sobczak A, Wasilewicz M, Özkan K, Maliaka V, Kangro K, Grossart HP, Paerl HW, Carey CC, Ibelings BW. Temperature Effects Explain Continental Scale Distribution of Cyanobacterial Toxins. Toxins (Basel) April 2018;10(4): 156. DOI: https://doi.org/10.3390/toxins10040156 (IF = 3.531)
10. Rendevski V, Aleksovski B, Stojanov D, Mihajlovska Rendevska A, Aleksovski V, Gjorgoski I. Modeling prognostic factors for poor neurological outcome in conservatively treated patients with intracerebral hemorrhage: A focus on TNF-α. Clinical Neurology and Neurosurgery September 2018, 172: 51-58. DOI: https://doi.org/10.1016/j.clineuro.2018.06.027 (IF = 1.736)
11. Mantzouki E, Campbell J, van Loon E, Visser P, Konstantinou I, Antoniou M, Giuliani G, Machado-Vieira D, Gurjão de Oliveira A, Maronić DŠ, Stević F, Pfeiffer TŽ, Vucelić IB, Žutinić P, Udovič MG, Plenković-Moraj A, Tsiarta N, Bláha L, Geriš R, Fránková M, Christoffersen KS, Warming TP, Feldmann T, Laas A, Panksep K, Tuvikene L, Kangro K, Häggqvist K, Salmi P, Arvola L, Fastner J, Straile D, Rothhaupt KO, Fonvielle J, Grossart HP, Avagianos C, Kaloudis T, Triantis T, Zervou SK, Hiskia A, Gkelis S, Panou M, McCarthy V, Perello VC, Obertegger U, Boscaini A, Flaim G, Salmaso N, Cerasino L, Koreivienė J, Karosienė J, Kasperovičienė J, Savadova K, Vitonytė I, Haande S, Skjelbred B, Grabowska M, Karpowicz M, Chmura D, Nawrocka L, Kobos J, Mazur-Marzec H, Alcaraz-Párraga P, Wilk-Woźniak E, Krztoń W, Walusiak E, Gagala I, Mankiewicz-Boczek J, Toporowska M, Pawlik-Skowronska B, Niedźwiecki M, Pęczuła W, Napiórkowska-Krzebietke A, Dunalska J, Sieńska J, Szymański D, Kruk M, Budzyńska A, Goldyn R, Kozak A, Rosińska J, Szeląg-Wasielewska E, Domek P, Jakubowska-Krepska N, Kwasizur K, Messyasz B, Pełechata A, Pełechaty M, Kokocinski M, Madrecka B, Kostrzewska-Szlakowska I, Frąk M, Bańkowska-Sobczak A, Wasilewicz M, Ochocka A, Pasztaleniec A, Jasser I, Antão-Geraldes AM, Leira M, Hernández A, Vasconcelos V, Morais J, Vale M, Raposeiro PM, Gonçalves V, Aleksovski B, Krstić S, Nemova H, Drastichova I, Chomova L, Remec-Rekar S, Elersek T, Delgado-Martín J, García D, Cereijo JL, Gomà J, Trapote MC, Vegas-Vilarrúbia T, Obrador B, García-Murcia A, Real M, Romans E, Noguero-Ribes J, Duque DP, Fernández-Morán E, Úbeda B, Gálvez JÁ, Marcé R, Catalán N, Pérez-Martínez C, Ramos-Rodríguez E, Cillero-Castro C, Moreno-Ostos E, Blanco JM, Rodríguez V, Montes-Pérez JJ, Palomino RL, Rodríguez-Pérez E, Carballeira R, Camacho A, Picazo A, Rochera C, Santamans AC, Ferriol C, Romo S, Soria JM, Hansson LA, Urrutia-Cordero P, Özen A, Bravo AG, Buck M, Colom-Montero W, Mustonen K, Pierson D, Yang Y, M H Verspagen J, de Senerpont Domis LN, Seelen L, Teurlincx S, Verstijnen Y, Lürling M, Maliaka V, Faassen EJ, Latour D, Carey CC, W Paerl H, Torokne A, Karan T, Demir N, Beklioğlu M, Filiz N, E Levi E, Iskin U, Bezirci G, Tavşanoğlu ÜN, Çelik K, Özhan K, Karakaya N, Koçer MAT, Yilmaz M, Maraşlıoğlu F, Fakioglu Ö, Soylu EN, Yağcı MA, Çınar Ş, Çapkın K, Yağcı A, Cesur M, Bilgin F, Bulut C, Uysal R, Köker L, Akçaalan R, Albay M, Alp MT, Özkan K, Sevindik TO, Tunca H, Önem B, Richardson J, Edwards C, Bergkemper V, O'Leary S, Beirne E, Cromie H, Ibelings BW. A European Multi Lake Survey dataset of environmental variables, phytoplankton pigments and cyanotoxins. Scientific data October 2018; 5:180226. DOI: https://doi.org/10.1038/sdata.2018.226 (IF = 4.836)
12. Donis, D., Mantzouki, E., McGinnis, D.F., Vachon, D., Gallego, I., Grossart, H.-P., de Senerpont Domis, L.N., Teurlincx, S., Seelen, L., Lürling, M., Verstijnen, Y., Maliaka, V., Fonvielle, J., Visser, P.M., Verspagen, J., van Herk, M., Antoniou, M.G., Tsiarta, N., McCarthy, V., Perello, V.C., Machado-Vieira, D., de Oliveira, A.G., Maronić, D.Š., Stević, F., Pfeiffer, T.Ž., Vucelić, I.B., Žutinić, P., Udovič, M.G., Plenković-Moraj, A., Bláha, L., Geriš, R., Fránková, M., Christoffersen, K.S., Warming, T.P., Feldmann, T., Laas, A., Panksep, K., Tuvikene, L., Kangro, K., Koreivienė, J., Karosienė, J., Kasperovičienė, J., Savadova-Ratkus, K., Vitonytė, I., Häggqvist, K., Salmi, P., Arvola, L., Rothhaupt, K., Avagianos, C., Kaloudis, T., Gkelis, S., Panou, M., Triantis, T., Zervou, S.-K., Hiskia, A., Obertegger, U., Boscaini, A., Flaim, G., Salmaso, N., Cerasino, L., Haande, S., Skjelbred, B., Grabowska, M., Karpowicz, M., Chmura, D., Nawrocka, L., Kobos, J., Mazur-Marzec, H., Alcaraz-Párraga, P., Wilk-Woźniak, E., Krztoń, W., Walusiak, E., Gagala-Borowska, I., Mankiewicz-Boczek, J., Toporowska, M., Pawlik-Skowronska, B., Niedźwiecki, M., Pęczuła, W., Napiórkowska-Krzebietke, A., Dunalska, J., Sieńska, J., Szymański, D., Kruk, M., Budzyńska, A., Goldyn, R., Kozak, A., Rosińska, J., Szeląg-Wasielewska, E., Domek, P., Jakubowska-Krepska, N., Kwasizur, K., Messyasz, B., Pełechata, A., Pełechaty, M., Kokocinski, M., Madrecka-Witkowska, B., Kostrzewska-Szlakowska, I., Frąk, M., Bańkowska-Sobczak, A., Wasilewicz, M., Ochocka, A., Pasztaleniec, A., Jasser, I., Antão-Geraldes, A.M., Leira, M., Vasconcelos, V., Morais, J., Vale, M., Raposeiro, P.M., Gonçalves, V., Aleksovski, B., Krstić, S., Nemova, H., Drastichova, I., Chomova, L., Remec-Rekar, S., Elersek, T., Hansson, L.-A., Urrutia-Cordero, P., Bravo, A.G., Buck, M., Colom-Montero, W., Mustonen, K., Pierson, D., Yang, Y., Richardson, J., Edwards, C., Cromie, H., Delgado-Martín, J., García, D., Cereijo, J.L., Gomà, J., Trapote, M.C., Vegas-Vilarrúbia, T., Obrador, B., García-Murcia, A., Real, M., Romans, E., Noguero-Ribes, J., Duque, D.P., Fernández-Morán, E., Úbeda, B., Gálvez, J.Á., Catalán, N., Pérez-Martínez, C., Ramos-Rodríguez, E., Cillero-Castro, C., Moreno-Ostos, E., Blanco, J.M., Rodríguez, V., Montes-Pérez, J.J., Palomino, R.L., Rodríguez-Pérez, E., Hernández, A., Carballeira, R., Camacho, A., Picazo, A., Rochera, C., Santamans, A.C., Ferriol, C., Romo, S., Soria, J.M., Özen, A., Karan, T., Demir, N., Beklioğlu, M., Filiz, N., Levi, E., Iskin, U., Bezirci, G., Tavşanoğlu, Ü.N., Çelik, K., Ozhan, K., Karakaya, N., Koçer, M.A.T., Yilmaz, M., Maraşlıoğlu, F., Fakioglu, Ö., Soylu, E.N., Yağcı, M.A., Çınar, Ş., Çapkın, K., Yağcı, A., Cesur, M., Bilgin, F., Bulut, C., Uysal, R., Latife, K., Akçaalan, R., Albay, M., Alp, M.T., Özkan, K., Sevindik, T.O., Tunca, H., Önem, B., Paerl, H., Carey, C.C. and Ibelings, B.W. Stratification strength and light climate explain variation in chlorophyll a at the continental scale in a European multilake survey in a heatwave summer. Limnol Oceanogr 2021, 66: 4314-4333. DOI https://doi.org/10.1002/lno.11963 (IF = 5.019)
13. Mihajlovska Rendevska A, Aleksovski B, Shuntov B, Aleksovski V, Mircevski M.M, Stoev V, Rendevski V. Contemporary aspects in the pathogenesis of brain edema in patients with hemorrhagic cerebrovascular insult. Journal of Morphological Sciences [S.l.] 2020, 3: 91-96
14. Mihajlovska Rendevska A, Aleksovski B, Shuntov B, Aleksovski V, Stojanov D, Durnev V, Lazareska M, Dimovska Gavrilovska A, Mishel Mirchevski M, Bajrami G, Stoev V, Zdravkovski P, ilievski B, Rendevski V. Role of the radiological variables, clinical picture, and values of C-reactive protein (CRP) and leukocytes in the brain edema development and early intrahospital mortality in patients with hemorrhagic cerebrovascular insult. Physioacta (Journal of Macedonian Association of Physiologists and Anthropologists) 2020:14: 23-35. UDK: 616.831-005.1-097.
15. Benedeto-Stojanov D, Bjelaković M, Stojanov D, Aleksovski B. Prediction of in-hospital mortality after acute upper gastrointestinal bleeding: cross-validation of several risk scoring systems. J Int Med Res. 2022;50(3):3000605221086442. DOI: https://doi.org/10.1177/03000605221086442 (IF = 1.573)
16. Rendevski V, Aleksovski B, Mihajlovska Rendevska A, Hadzi-Petrushev N, Manusheva N, Shuntov B, Gjorgoski I. Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume. Brain Pathol. 2023;33(2):e13106. DOI: https://doi.org/10.1111/bpa.13106 (IF = 9.011)
17. Ristovska G, Manusheva N, Aleksovski B, Bukovetz J, Stojanovska V, Babinkostova Z. Depression and insomnia among students during COVID-19 pandemic - cross sectional study. Srp Arh Celok Lek 2023, Online First. DOI: https://doi.org/10.2298/SARH230324052R (IF = 0.224)
• 6.2023| Прво место и награда за најдобар научен постер на 62-риот Интернационален невропсихијатриски конгрес „Mind & Brain“ во Пула, Хрватска, поддржан од Светската федерација на неврологија (WFN) и Европската академија на неврологија (ean)
• 7.4.2023| Признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022 година, доделен од Македонското Лекарско друштво, по повод 7 Април – Светски ден на здравјето, за трудот „Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume“, објавен во интернационалното научно списание Brain pathology.
• 3.2021| Признание и награда за најдобар научен труд за 2020 во списанието Тoxins (Certificate 2020 Best Paper Awards, Toxins) за публикацијата „Temperature Effects Explain Continental Scale Distribution of Cyanobacterial Toxins“, Toxins (Basel) 2018, 10 (4):156.
• 27.10.2019| Прво место за најдобра орална презентација на 5-тата годишна SNSS конференција под наслов: “Neurovascular supersessions: Exo? Endo? Hybrid? Quo vadis?, поддржана од Неврохируршкото здружение на Југоисточна Европа, во Крагуевац, Србија
• 02.06.2019| Второ место за најдобар научен постер на 59-тиот Интернационален невропсихијатриски конгрес „Mind & Brain“ во Пула, Хрватска, поддржан од Светската федерација на неврологија (WFN) и Европската академија на неврологија (ean)
• 27.09.2013| Прва награда за најдобар научен постер на Европската манифестација „Ноќ на истражувачите 2013“ во Македонија, организирана од Универзитетот Американ Колеџ - Скопје
• 21.05.2013| Пофалница за највисок среден успех (10,00) од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод 24 мај – патрониот ден на Универзитетот, во знак на признание за постигнатиот најдобар успех во студирањето
•16.12.2012| Награда и признание за најдобар дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет во редовните четиригодишни студии, со постигнат просек 10,00 и период на студирање од 3 годни, 11 месеци и 26 дена