Соопштенија

17 септември 2021

СООПШТЕНИE ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА ПО МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА ЗА

ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ОД АКАДЕМСКАТА 2020/2021 И

УПИС НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ОД АКАДЕМСКАТА 2021/2022

Студентите од насоката молекуларна биологија (освен оние кои запишуваат прв семестар) во врска со заверката на летниот семестар од академската 2020/2021 и уписот на зимскиот семестар од академската 2021/2022 треба да ги следат овие упатства:

  1. При внесувањето на податоците во i-Know системот, треба да се запишат (презапишат) неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот или претходните зимски семестри. Потоа се запишуваат задолжителните предмети од тековниот зимски семестар и во зависност од преостанатите кредити, на крајот се запишуваат изборните предмети од тековниот семестар. Информациите во врска со предметите од  зимскиот семестар се дадени во  документот во прилог.
  2. Потребните документи за запишување на зимскиот семестар (поплнет образец за упис, образец за заверка, индекс и пресметана сума според кредитите) студентите ги доставуваат од 20.09. до 23.09.2021, во период од 10 до 13 часот, на место кое ќе биде означено пред библиотеката на Институтот за биологија.
  3. Доколку се утврди дека сè е во ред (запишани предмети, кредити и сума за уплата) при проверка на документите, студентот/ката ќе добие термин за достава на документи во службата за Студентски прашања. Ако има промена во однос на запишаните предмети, кредити или сумата за уплата, студентот/ката ќе биде контактиран/а на меил и откако ќе биде извршена корекција  ќе добие термин за службата на Студентски прашања. Добиениот термин означува дека траба да се уплати пресметаната сума и во точно одреденото време, уплатницата заедно со другите документи да се достави на Студентски прашања. Термините  ќе бидат објавувани на списокот на следниот линк: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1hChp_JlHlL7_I5LdtY1kGxHV3lkQL_Pz63Yepvq3HoM/edit?usp=sharing
  4. Проверените документи секој студент е должен да ги подигне од библиотеката на Институт за биологија на денот кога му е одреден терминот за Студентски прашања и да ги достави во предвиденото време.

Координатор на студиските групи на насоката молекуларна биологија,

Доц. д-р Славица Јосифовска



16 септември 2021

КАТЕДРА ЗА АНИМАЛНА ФИЗИОЛОГИЈА, ЕКОФИЗИОЛОГИЈА И ЕНЗИМОЛОГИЈА

РЕЗУЛАТИ ОД ПРАКТИЧНИ ИСПИТИ

Анимална физиологија - практичен испит
насока индекс поени оцена    
МБ 17253 55 9    
МБ 17248 49 8    
МБ 17267 39 7    
МБ 16479 32 6    
НН 17215 35 6    
МБ 15102 40 7    
БХФ 14295 18 /    
МБ 16481 26 /    
           
           
Исхрана и метаболизам 1 - практичен испит
насока индекс поени оцена    
Нутри. 17669 17 /    
           
           
Ензимологија - практичен испит
насока индекс поени оцена    
БХФ 16746 43 9    
БХФ 17037 45 10    
БХФ 16742 45 10    
БХФ 16754 45 10    
БХФ 16737 47 10    
           
           
Регулаторни системи - практичен испит  
индекс поени оцена      
17275 31 8      
17278 38 10      

15 септември 2021

Резултати од практичните испити одржани во втората декада на Катедрата за општа физиологија и имунологија

                                                                            м-р Марија Ангеловски


15 септември 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИЧНИОТ И ПИСМЕНИОТ ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА ДИМЕСКА, ОДРЖАНИ ВО ВТОРА ДЕКАДА, АВГУСТОВСКО-СЕПТЕМВРИСКА СЕСИЈА 2021


 

Резултатите од онлајн практичниот и писмениот испит испит во рамките на втората декада од Августовско-септемвриската сесија може да ги најдете на овој линк.

Колоквиумот по КБ и Цитологија се смета за положен со минимум 3.5 од вкупно 7 бода.

Практичните колоквиуми по АМР се положуваат со минимум 5 бода, а испитот се положува со минимум 10 бода.

Практичниот испит по ОГ се положува со минимум 7 од можни 14 бода.  

 

Писмениот колоквиум по Клеточна биологија/Цитологија се положува со минимум 20 бода од можни 40.

Првиот колоквиум АМР се положува со минимум 18 бода од можни 35, а вториот колоквиум се положува со минимум 20 бода од можни 40 бода.

Писмениот испит по ОГ се смета за положен доколку половината од збирот на вкупниот број на бодови од двата колоквиума не е помал од 24 бода, а при тоа бројот на освоени бодови од едниот од колоквиумите да не е помал од 18 бода.


15 септември 2021

Резултати од испити кај проф. д-р Ленка Цветановска одржани во втора декада од септемвриската испитна сесија 2021

Резултатите се објавени на следниот линк.


13 септември 2021

ПРОМЕНА НА ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ

Почитувани колеги, 

Усниот дел од Применета физиологија ќе се полага на 21,09,2021 год со почеток во 10ч.

Biljana Miova is inviting you to a scheduled Zoom meeting.
Topic: Biljana Miova's Personal Meeting Room
Join Zoom Meetinghttps://us02web.zoom.us/j/6660435818
Meeting ID: 666 043 5818

Проф. д-р Билјана Миова


13 септември 2021

ПРОМЕНА НА ТЕРМИНИ

Почитувани колеги, 

За сите студенти кои полагаат усни испити кај проф. Билјана Миова (Анимална екофизиологија, Применета физиологија, Исхрана и метаболизам 1 и изборни предемти) ФИНАЛНИТЕ датуми за полагање се 17,09,2021 и 21,09,2021, со почеток во 10ч.

Студентот може да одбере САМО еден термин.

Biljana Miova is inviting you to a scheduled Zoom meeting.
Topic: Biljana Miova's Personal Meeting Room
Join Zoom Meetinghttps://us02web.zoom.us/j/6660435818
Meeting ID: 666 043 5818


10 септември 2021

РЕЗУЛТАТИ

Резултати од усниот испит по предметот анимална физиологија одржан на 3.септември 2021 година -  кандидатите со 
бр. индекс 17050  со оценка - 7-8
бр. индекс 17250 со оценка - 6. 
Другите кандидати кои се јавија на овој термин, може повторно да го полагаат овој дел од испитот во терминот предвиден за втората декада. 

Проф. д-р Сузана Диневска Ќовкаровска


06 септември 2021

Р Е З У Л  А Т И

Од испитите кај проф. Катерина Ребок, одржани во прва декада (01.09.2021) од септемвриска сесија

Цитологија практичен дел (за да се положи потребно е да се освојат минимум 4 бода)

17903 – 3 бода (не положи)

17742 – 1 бод (не положи)

Цитологија теоретски дел (за да се положи потребно е да се освојат минимум 20 бода)

17693 – 20,5 бода (положи)

17701 – 27,5 бода (положи)

17757 – 29 бода (положи)

Хистологија теоретски дел (за да се положи потребно е да се освојат минимум 40 бода)

17721 – 23 бода (не положи)

17735 – 24,5 бода (не положи)


03 септември 2021

Прелиминарна ранг-листа со успех од средно образование во учебната 2021/2022 (прв уписен рок)

Почитувани,

Ве известувамe дека денес, на 03.09.2021 година, е објавена Прелиминарната ранг-листа со успех од средно образование во учебната 2021/2022 (прв уписен рок) на огласната табла на ПМФ (горната нова зграда), на интернет страната на ПМФ www.pmf.ukim.edu.mk, како и во прилог на ова соопштение (симни документ подолу).

Кандидатите имаат право на приговор на технички пропусти, т.е. за грешки направени при пресметувањето на бодовите, најдоцна до 6.9.2021 година, до 13.00 часот.

Кандидатите ги доставуваат приговорите на истата електронска адреса на која се пријавиле: 

upisi-pmf@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување и зборот „приговор“.

Образецот за приговор од Прелиминарната ранг-листа со успех од средно образование во учебната 2021/2022 (прв уписен рок) е истакнат на интернет страната на ПМФ www.pmf.ukim.edu.mk

Конкурсната комисија е должна да одлучи по приговорот на кандидатот во рок од 24 часа по истекот на рокот за неговото поднесување. Резултатот се објавува на огласна табла и на интернет страницата на факултетот, при што се наведува времето на објавување.

Со почит,

ИБ

симни документ


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.