2 циклус, 2 години, 4 семестри, 120 ЕКТС кредити
Студиската програма на постдипломските академски студии по Екологија со заштита на животната средина е двегодишен академски програм, во обем од 120 ЕКТС, наменет за едукација и оспособување на студентите за научно-истражувачка и стручна работа во област на екологијата и заштитата на животната средина.
По завршување на студиската програма студентите се стекнуваат со академско звање Магистер по екологија со заштита на животна средина (М-р ЕЗЖС) и имаат интегрирани знаења и искуства за работа во индустријата, земјоделството, научно-истражувачки лаборатории, министерства, институти за заштита на животната средина и други институции во кои има потреба од апликативна и истражувачка работа. Овие постдипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VIIА степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.
Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво, т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.
Стручен назив: Магистер по екологија со заштита на животна средина (М-р ЕЗЖС); Master of ecology with environmental protection (МSc. EEP)
Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.
Преземете ја овде Одлуката за утврдување на рокот за завршување на студиите на втор циклус.
Преземете ја овде Одлуката за утврдување на цената на еден ЕКТС кредит, цената на презапишан предмет на втор циклус студии и утврдување на дополнителни надоместоци.
Начин на финансирање
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 1500€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.
Услови за запишување
Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 180) кредити, односно со завршени тригодишни додипломски студии на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.
Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни трудаод соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.
Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршилестудии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.
Одлука за соодветност на студиите и насокитеза сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.
Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.
За странски државјани важат истите горенаведени одредби. Студиската програма не вклучува вонредно студирање.
Информација за продолжување на образованието
Магистрираните кадри на студиската програма по Биосистематика можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус студии на Институтот за биологија. Исто така можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Македонија или во странство.
Структура на студиската програма по Екологија со заштита на животната средина
Структурата на студиската програма по Екологија со заштита на животната средина на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):
|
Реден број |
Код на предметот |
Назив на предмет |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
|
П |
В |
|||||
|
ПРВА ГОДИНА |
||||||
|
1 |
ЕЖС01 |
Методологија на научно-истражувачка работа |
I (прв) |
4 |
4 |
10 |
|
2 |
ЕЖС02 |
Принципи и методи на еколошки истражувања |
I (прв) |
4 |
4 |
10 |
|
3 |
|
Изборен предмет |
I (прв) |
2 |
2 |
5 |
|
4 |
|
Изборен предмет |
I (прв) |
2 |
2 |
5 |
|
5 |
ЕЖС03 |
Глобални промени |
II (втор) |
4 |
4 |
10 |
|
6 |
ЕЖС04 |
Биолошка разновидност |
II (втор) |
4 |
4 |
10 |
|
7 |
|
Изборен предмет |
II (втор) |
2 |
2 |
5 |
|
8 |
|
Изборен предмет |
II (втор) |
2 |
2 |
5 |
|
Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година |
24 |
24 |
60 |
|||
|
Реден број |
Код на предметот |
Назив на предмет |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
|
П |
В |
|||||
|
ВТОРА ГОДИНА |
||||||
|
1 |
ЕЖС05 |
Еколошки мониторинг и биоиндикатори |
III (трет) |
4 |
4 |
10 |
|
2 |
ЕЖС06 |
Конзервација и менаџмент на екосистеми |
III (трет) |
4 |
4 |
10 |
|
3 |
|
Изборен предмет |
III (трет) |
2 |
2 |
5 |
|
4 |
|
Изборен предмет |
III (трет) |
2 |
2 |
5 |
|
5 |
ЕЖС07 |
Магистерска работа |
IV (четврти) |
/ |
/ |
30 |
|
Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година |
12 |
12 |
60 |
|||
*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма студентите можат да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.
Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.
На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).
Листа на изборни предмети
Листата на изборните предмети на студиите по Екологија со заштита на животна средина е дадена во следната табела:
|
Реден број |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
Од која единица |
|
|
предавања |
вежби |
||||||
|
1 |
ЕЖС001 |
Биогеохемиски циклуси |
I |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
2 |
ЕЖС002 |
Вегетација на Македонија |
I |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
3 |
ЕЖС003 |
Микробна екологија |
I |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
4 |
ЕЖС004 |
Природни ресурси – одржливо искористување |
III |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
5 |
ЕЖС005 |
Екологија на инвазивни видови |
II |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
6 |
ЕЖ006 |
Екосистемски услуги |
II |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
7 |
ЕЖС007 |
Заштитени подрачја и еколошки мрежи |
III |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
8 |
ЕЖС008 |
Практики, принципи и методи на конзервација |
III |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
9 |
ЕЖС009 |
Примена на ГИС во екологијата |
III |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
10 |
ЕЖС010 |
Екотоксикологија |
II |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
11 |
ЕЖС011 |
Мониторинг на водни екосистеми |
I |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
12 |
ЕЖС012 |
Мониторинг на терестрични екосистеми |
I |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
13 |
ЕЖС013 |
Оценка на влијание врз животната средина |
II |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
14 |
ЕЖС014 |
Еколошко законодавство |
II |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
15 |
ЕЖС015 |
Еколошко моделирање |
III |
2 |
2 |
5 |
Институт за биологија, ПМФ |
|
Вкупно: |
|
|
|
||||
Начин на избор на предмети
При изборот на изборни предмети од студиската програма студентот може да побара совет од менторот со цел да избере предмети кои се во согласност со неговите интереси и потреби на истражувањето.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |