Термини за полагање на испитите кај Проф. д-р Светислав Крстиќ и Асс. м-р Борис Алексовски во Ноемвриска испитна сесија
Термини:
20.11.2023 (понеделник) - практичен испит, лабораторија бр. 69 од 09 : 00h - 11 : 00h
21.11.2023 (вторник) - колоквиум, лабораторија бр. 71 од 10 : 00h
24.11.2023 (петок) - устен испит, просторија 27/29 од 11 : 00h
Термини за полагање на испитите кај Проф. д-р Златко Левков во Ноемвриска испитна сесија
Термини:
20.11.2023 (понеделник) - практичен испит од 09 : 00h - 11 : 00h
21.11.2023 (вторник) - устен испит, просторија бр. 27/29 од 11 : 00h
Термини за полагање испити на Катедрата за молекуларна биологија во ноемвриската (дополнителна) испитна сесија од академската 2023/2024 година
Tермините за полагање испити на Катедрата за молекуларна биологија во ноемвриската (дополнителна) испитна сесија од академската 2023/2024 година се:
- испит од практичниот дел од наставата на 20.11.2023 (понеделник) од 11 ч;
- испит од теоретскиот дел од наставата на 21.11.2023 (вторник) од 10 ч.
Студентите кои ќе полагаат, најдоцна 24 часа пред полагањето треба задолжително да се пријават на следниот ЕЛЕКТРОНСКИ СПИСОК
Проф. д-р Сашо Панов
Доц. д-р Славица Јосифовска
ТЕРМИНИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА
- ОДДЛЕНИЕ ЗА ЕКОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА- Практичен испит 22.11.2023 10:00h Теорија 23.11.2023 09:00h Испитите за сите предметите на одделението за Екологија на растенијата ќе се одржат во просторијата 223
ТЕРМИНИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА
- ОДДЛЕНИЕ ЗА ЕКОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА-
Практичен испит 22.11.2023 10:00h
Теорија 23.11.2023 09:00h
Испитите за сите предметите на одделението за Екологија на растенијата ќе се одржат во просторијата 223
ИЗВЕСТУВАЊЕ – ТЕРМИНИ ЗА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА
Се известуваат студентите дека испитите во ноемвриската казнена сесија ќе се одржат во следните термини:
Практичен испит – 20.11.2023 (понеделник) во 14 часот
Теорија – 22.11.2023 (среда) во 16 часот (испит Биохемија 2)
22.11.2023 (среда) во 12 часот (устен испит Клиничка биохемија)
Напомена: Сите студенти кои полагаат мора да се пријавени во следаната табела: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1HcaEX-WJZcEqHfPdyNUy6G_6i1WCcb57KLgjYwroUSU/edit?usp=sharing. Студенти кои немаат потпис по предметот кој го полагаат и уредно заверен семестар нема да бидат примени на испит.
Проф. д-р Јасмина Димитрова - Шумковска
Катедра за експериментална биохемија
СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИ КОИ ПОЛАГААТ ИСПИТИ ВО НОЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА РАСТИТЕЛНА ФИЗИОЛОГИЈА И МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА кај предметните наставници Проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ и Проф. д-р Оливер Тушевски
|
|
Датум на полагање |
Списоци за запишување |
|
Практични испити |
22.11.2023 |
|
|
Теоретски испити (Проф. Соња Гаџовска Симиќ) |
21.11.2023 |
|
|
Теоретски испити (Проф. Оливер Тушевски) |
23.11.2023 |
Студентите кои планираат да полагаат, треба да се пријават електронски на списоците кои се достапни како линкови во ова соопштение до термините за полагање.
Информации за терминот за полагање, студентите ќе добијат на личната е-маил адреса.
Списоците ќе бидат затворени 72 часа (3 дена) пред полагање на испитот и поради тоа, студентите кои не се запишале на соодветниот список нема да може да полагаат.
Проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ
Проф. д-р Оливер Тушевски
Термини за полагање на предметите кај проф. д-р Дана Прелиќ и проф. д-р Александра Цветковска Ѓорѓиевска во ноемвриска сесија 2023/2024
Практичен испит: 20.11.2023 г. (понеделник), 10-12ч. (просторија 216)
Теоретски испит : 21.11.2023 г. (вторник), 12-14 ч. (БА)
Изборни предмети : 22.11.2023 г. (среда) од 10 ч. (кабинет 213)
Задолжително пријавување на следниов линк најдоцна два дена пред терминот за испит
Термин за полагање на испитите по предметите на проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ во претстојната НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/2024 година
Терминот за полагање на испити по предметите на проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ во претстојната ноемвриска (дополнителна) испитна сесија е 21.11.2023 (вторник) во 08:00 во просторија 217.
Важно: Студентите кои планираат да полагаaт во некој од дадените термини задолжително да се запишат во оваа табела.
Еден јазик никогаш не е доволен!
Бесплатни онлајн курсеви по странски јазици
Почитувани студенти,
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ви нуди несекојдневна можност за посетување бесплатни онлајн курсеви по странски јазици. Може да изберете некој од следниве јазици: руски, чешки, полски, хрватски, романски и унгарски јазик. Прозорец кон нови работни можности, воспоставување мултикултурни пријателства, различната перспектива за туѓите култури и зголемена креативност се само неколку од придобивките од изучувањето нови јазици.
Наставата на курсевите ќе се одвива во текот на 10 недели по четири часа неделно, започнувајќи од 24 октомври 2023 година.
РУСКИ ЈАЗИК
Рускиот е јазик што го зборуваат околу 250 милиони луѓе низ светот. Ова е јазикот на Толстој и Достоевски, Чајковски и Баришников. Многу политичари и бизнисмени учат руски за да соработуваат со руски колеги во различни области. Македонците можеби ќе слушнат многу познати зборови на руски, бидејќи и рускиот е словенски јазик. Научете руски за да комуницирате со луѓе во Русија и многу други земји низ светот!
ЧЕШКИ ЈАЗИК
Работа и кариера: Знаењето на чешкиот јазик може да биде предност при аплицирање за работни места во Чешка или во компании што имаат бизнис-врски со Чешка.
Култура и историја: Чешката Република има богата култура и историја. Преку учење на јазикот, ќе можете подетално да се запознаете со таа култура, да го истражите историскиот контекст и да ги разберете традициите на оваа земја.
Едукација: Ако планирате да одите на постдипломски студии на некој универзитет во Чешка, знаењето на чешкиот јазик ќе биде бесценето. Студирањето во Чешка е бесплатно за сите странци, доколку студираат на чешки јазик.
ПОЛСКИ ЈАЗИК
Научете полски.
Запознајте ги културата и јазикот на еден од јазиците на Европската Унија што го зборуваат повеќе од 40 милиони луѓе низ светот. Курсот по полски јазик ќе ви помогне да ги совладате основните комуникациски ситуации на полски јазик со цел успешно да комуницирате за време на вашиот студиски, работен или туристички престој во Полска. Со познавањето на полскиот јазик имате можност за образование и работа во Полска. Ве покануваме на курсот по полски јазик на почетно ниво (А1).
ХРВАТСКИ ЈАЗИК
Учењето на хрватскиот јазик отвора можност за престој во Хрватска преку стипендии, летни и есенски школи во Загреб и во Риека и запознавање со богатата хрватска култура и историја.
УНГАРСКИ ЈАЗИК
Унгарскиот е забавен предизвик за учење. Тој е различен од повеќето европски јазици, но сепак е еден од нив. Унгарскиот е уралски јазик што се зборува во Унгарија и во делови од неколку соседни земји. Тој е официјалниот јазик на Унгарија и еден од 24-те официјални јазици на Европската Унија. Ако сакате да учите убава и уникатна култура и јазик или ако планирате да аплицирате за стипендија во Унгарија, еве ја вашата шанса. А бидејќи часовите се изведуваат на англиски, можете и тоа да го вежбате.
РОМАНСКИ ЈАЗИК
Романскиот јазик, еден од официјалните јазици на Европската Унија, е говорен од околу 28 милиони говорители. Тој е дел од групата на романски јазици, заедно со францускиот, италијанскиот, шпанскиот, португалскиот и други јазици и говори. Но романскиот јазик се одликува со една посебност, а тоа е блискоста со словенските јазици среде кои се развивал. Ве покануваме да ги откриете романскиот јазик и богатата култура што тој ја претставува.
Пријавувањето за курсевите го вршите со пополнување на пријавата најдоцна до 20 октомври 2023 година на следниот линк: https://forms.gle/JxN17qQjYtGfwizN6
По формирањето на групите дополнително ќе ви биде испратен мејл за почетокот на наставата.