Соопштенија

05 јуни 2023

ИНФОРМАЦИЈА 

Почитувани колеги, 

Поради неодложни службени обврски, усниот успит на 06.06.2023 ќе започне во 12ч наместо во 10ч.

Ви благодарам на разбирањето

проф. д-р Билјана Миова


01 јуни 2023

СООПШТЕНИЕ

Резултатите од вториот колоквиум по предметот Хистологија и ембриологија можете да ги видите на следниот линк. Даден е список само на положените студенти.


31 мај 2023

Упатство за реализирање на летна пракса

Летната пракса во времетраење од 30 денови, во учебната 2022/2023 година, е задолжителна за студенти од сите студиски програми.

Студентите може да ја реализираат летната пракса во компании, фирми, државни установи од различен тип или во некоја од лабораториите на Институтот за биологија.

Списокот на компании и установи со кои Природно-математичкиот факултет има склучено договор за соработка се наоѓа на следниот линк: https://ib.pmf.ukim.edu.mk/tabs/view/7d7b8cd6b6fd5bbe5d4adf5aee8198b5

Доколку студентот одлучи да ја реализира летната пракса во некоја установа која не се наоѓа на погоре наведениот список потребно е да се склучи нов договор за соработка.

Потребни документи за реализирање на летната пракса:
- Сите студенти пред да започнат со летната пракса потребно е да донесат Потврда за пракса пополнета во три примероци во лабораторија 235;
- За студентите кои одлучиле да ја реализираат летната пракса во некоја установа со која нема склучено договор ПМФ, заедно со потврдата во три примероци, треба да достават и пополнет Договор за практична настава и Пропратно писмо во лабораторија 235;
- По завршување на праксата студентот треба да достави еден примерок Потврда за реализирана практична настава, пополнета, потпишана и заверена од фирмата каде се одвивала праксата во лабораторија 235.

Сите потребни документи се наоѓаат во прилог.

симни документ


31 мај 2023

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува

КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2023/2024 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

1. Потребни документи за мобилност на студенти:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот Меѓународна соработка- ERASMUS+ или интернет-страната на факултетот:

- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);

- договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30 ЕКТС);

- уверение за положени испити на македонски јазик;

- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;

- уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);

- кратка биографија ( Europass model ).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 550-600 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната наУниверзитетот).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+координаторот на факултетот каде студираат, најдоцна до 5 октомври 2023.

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)

(Координатор за Еразмус+ на Природно-математички факултет: проф. д-р Слаѓана Брсакоска slaganak@pmf.ukim.mk).

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 12 октомври 2023.

 


УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ


30 мај 2023

ПРОМЕНА НА ТЕРМИН ЗА ПРАКТИЧЕН ИСПИТ ВО ВТОРА ДЕКАДА КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА

ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ВО ВТОРА ДЕКАДА ВО ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 21.06.2023 ГОДИНА СО ПОЧЕТОК ВО 12:00 ЧАСОТ ВО ИНФОРМАТИЧКИ АМФИТЕАТАР

 

 

 ПРОФ. Д-Р ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА


27 мај 2023

Оглас за летна пракса - Coke Summership

Почитувани студенти,

Пивара АД Скопје објавува оглас за летната пракса во рамките на програмата Coke Summership.

Повеќе информации на следниот линк: https://cokesummership.mk/


26 мај 2023

Термини за полагање на испити во ЈУНСКА сесија за предмети кај проф. д-р. Сузана Диневска-Ќовкаровска.


 

1 ДЕКАДА

Предмет   

Практичен испит

Писмен испит-теорија

Устен испит

Споредбена физиологија

06-06-2023
12-14ч Физички амф.

07-06-2023
14-16ч Физички амф.

/

Исхрана и метаболизам 2

06-06-2023
12-14ч Физички амф.

/

13-06-2023
10ч, каб. 39

Регулаторни системи

06-06-2023

12-14ч Физички амф.

/

13-06-2023
10ч, каб. 39

Физиологија на животни

06-06-2023
12-14ч Физички амф.

07-06-2023
14-16ч Физички амф.

/

Ензимологија

06-06-2023
12-14ч Физички амф.

/

14-06-2023
10ч, каб. 39

 

2 ДЕКАДА

Предмет   

Практичен испит

Писмен испит-теорија

Устен испит

Споредбена физиологија

20-06-2023
10-12ч Физички амф.

21-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

Исхрана и метаболизам 2

20-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

22-06-2023
10ч, каб. 39

Регулаторни системи

20-06-202312-14ч Физички амф.

/

22-06-2023
10ч, каб. 39

Физиологија на животни

20-06-2023

10-12ч Физички амф.

21-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

Ензимологија

20-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

23-06-2023
10ч, каб. 39

 Линк за пријавување: https://docs.google.com/spreadsheets/d/15qCTXt4OjfsV7G8Hyh6zl5GqYZoomIChkw7oshTLnOU/edit?usp=sharing




26 мај 2023

Термини за полагање на испити во ЈУНСКА сесија за предмети кај проф. д-р. Билјана Миова.


 

 

1 ДЕКАДА

Предмет   

Практичен испит

Писмен испит-теорија

Устен испит

Анимална физиологија

06-06-2023
12-14ч Физички амф.

07-06-2023
14-16ч Физички амф.

/

Исхрана и метаболизам 1

06-06-2023
12-14ч Физички амф.

/

06-06 или 07-06-2023
10ч, каб. 43

Применета физиологија

/

/

06-06 или 07-06-2023

10ч, каб. 43

Екофизиологија

/

/

06-06 или 07-06-2023

10ч, каб. 43

Лабораториски практикум

06-06-2023
12-14ч Физички амф.

07-06-2023
14-16ч Физички амф.

/

Култура на анимални клетки

/

/

06-06 или 07-06-2023
10ч, каб. 43

 

2 ДЕКАДА

Предмет   

Практичен испит

Писмен испит-теорија

Устен испит

Анимална физиологија

20-06-2023
10-12ч Физички амф.

20-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

Исхрана и метаболизам 1

20-06-2023
10-12ч Физички амф.

21-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

Применета физиологија

/

21-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

Екофизиологија

/

21-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

Лабораториски практикум

20-06-2023
10-12ч Физички амф.

21-06-2023
10-12ч Физички амф.

/

Култура на анимални клетки

/

21-06-2023
10-12ч Физички амф.

 

 

Линк за пријавување: https://docs.google.com/spreadsheets/d/15qCTXt4OjfsV7G8Hyh6zl5GqYZoomIChkw7oshTLnOU/edit?usp=sharing 

 


26 мај 2023

Термини за потписи во индекс кај проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ и проф. д-р Оливер Тушевски

 

Се соопштува на студентите на Институтот за биологија дека на ден 30.05.2023 година (вторник) во периодот од 11:00 до 13:00 часот можат да земат потписи во индекс кај предметните наставници проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ и проф. д-р Оливер Тушевски.


22 мај 2023

Термини за полагање во Јунска испитна сесија (две декади) кај проф. д-р Златко Левков  

Им се соопштува на студентите дека испитите ќе се реализираат со физичко присуство во следниве термини:

ПРВА ДЕКАДА

 

СИСТЕМАТИКА И ФИЛОГЕНИЈА НА АЛГИ и АЛГОЛОГИЈА

 07.06.2023 (среда) 10:00 h (практично)

 08.06.2023 (четврток) 11:00 h (теорија)

 

ЕКОЛОШКИ МОНИТОРИНГ И БИОИНДИКАТОРИ

 07.06.2023 (среда) 10:00 h (практично)

 09.06.2023 (петок) 11:00 h (теорија)

 

ВТОРА ДЕКАДА

 

СИСТЕМАТИКА И ФИЛОГЕНИЈА НА АЛГИ И АЛГОЛОГИЈА

 21.06.2023 (среда) 10:00 h (практично)

 22.06.2023 (четврток) 11:00 h (теорија)

 

ЕКОЛОШКИ МОНИТОРИНГ И БИОИНДИКАТОРИ

 21.06.2023 (среда) 10:00 h (практично)

 23.06.2023 (петок) 11:00 h (теорија)


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.