Оливер Николовски е роден на 16.09.1982 во Крива Паланка, каде го завршил основното и средното образование. Во академската 2001/02 се запишал на студии по биологија – наставна насока. Дипломирал на катедрата за општа физиологија и имунологија, со што се стекнал со звањето: Дипломиран биолог-наставни кадри за средно образование. Од 2005г. до денес е хонорарно ангажиран на Заводот за експериментална физиологија и биохемија, Институт за биологија, и е задолжен за одржување на Вивариумот за лабораториски животни при Природно-математичкиот факултет. Од 2005г. до денес активно учествува во реализацијата на научно-истражувачки проекти кои вклучуваат експериментална работа со лабораториски животни. Исто така, активно е вклучен во спроведувањето на експериментални истражувања со лабораториски животни при изработка на дипломски трудови, магистерски трудови и докторски дисертации на Катедрата за анимална физиологија, екофизиологија и ензимологија и Катедрата за општа физиологија и имунологија. Во 2007г. бил хонорарно ангажиран како чувар на Природно-математичкиот факултет, а во 2015г. преминал во редовен работен однос. Во 2020г. се вработил како лаборант во Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет, а во декември, 2025г. бил унапреден на позицијата виш лаборант во Ботаничката градина. Во рамките на работните обврски, учествува во одржувањето на зелените површини на факултетот, како и хортикултурно уредување на просторот.