Д-р Раде ДРЕНКОВСКИ (1932–1994 г.), научен советник, е роден на 21 април 1932 г. во Белград, каде што го завршил основното училиште. Средното образование го стекнал во Скопје во 1952 г. Во 1952/53 г., се наоѓа на отслужување на воениот рок во училиштето за резервни офицери во Битола. Во учебната 1955/56 г. се запишал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, на отсекот шумарство, а дипломирал во 1961 г. Од 1968 г. ги следи постдипломските студии (насока дендрологија и фитоценологија) на Шумарскиот факултет во Белград, а во 1971 г. го одбранил магистерскиот труд под наслов „Таксономија и распрострањивање врсте Acer campestre s. lat. у Македонији“. Во 1980 г. на Шумарскиот факултет во Белград ја одбранил докторската дисертација под наслов „Таксономска обрада Acer campestre – Acer morsicum-комплекса у Југославији“. Од 1953 г. работел во Управата за градско и вонградско зеленило во Скопје, каде што се запознал со широк асортиман растителни видови и со примената на урбаното зеленило. Во 1958 г. стапил на работа во новоформираната ботаничка градина при ПМФ во Скопје. Од 1961 г. работел како стручен соработник во Ботаничката градина при Институтот за биологија во Скопје. За управник на Ботаничката градина бил поставен во 1968 г. и на таа должност останал сè до 1990 г. Во звањето виш стручен соработник бил избран во 1973 г., а во 1981 г. го добил звањето научен соработник. Во 1986 г. бил избран во звањето виш научен соработник, а во 1992 г. бил избран за научен советник на ПМФ во Скопје, должност на која останал сè до неговата смрт во 1994 г.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |