Д-р Марија ЈАНИЌ(1946‒1994), вонреден професор, е родена на 7 септември 1946 г. во Струмица, каде што го завршила основното и средно образование. Во учебната 1965/66 г. се запишала на ПМФ во Скопје, на групата биологија. Студиите ги завршила во јуни 1969 г., со среден успех 9,23. Истата година се вработила на определено време во Зоолошкиот завод на ПМФ во Скопје. Во јуни 1970 г. е избрана за асистент по предметот хистологија и ембриологија, а подоцна се наоѓа на должноста асистент на два едносеместрални предмети, и тоа цитологија на животни и хистологија и ембриологија со анатомија на човекот. Своите постдипломски студии ги започнала во учебната 1973/74 г. во Загреб, насока биологија на клетка, и ги завршила во март 1980 г. со успешно одбранета магистерска тема со наслов „Цитолошки аспект оогенезе дојранске укљеве (Alburnus alburnus macedonicum Kar.)“, изработена во лабораторијата по хистологија и ембриологија на Биолошкиот факултет во Скопје. Со тоа се здобила со академското звање магистер на биолошките науки. Во декември 1985 г., на Ветеринарниот факултет во Белград ја одбранила и својата докторска дисертација со наслов „Хистофизиолошко испитивање оогенезе у белвице (Alburnus alburnus macedonicum Kar.) и караша (Carrasium aurantus gibelio Bloch)“, со што се здобила со академското звање доктор на ветеринарните науки. Во мај 1987 г. е избрана за доцент по предметот биологија за фармацевти. Во јули 1992 г. е избрана за вонрeден професор. Починала во 1994 г.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |