Соопштенија

18 јуни 2020

За испити на Катедрата за експериментална биохемија

При полагање на испитите на Катедрата за експериментална биохемија во претстојните сесии, студентите задолжително да носат маски, ракавици и индекси за идентификација. 

 

18.06.2020

Катедра за експериментална биохемија


15 јуни 2020

Резултати од електронското полагање на првиот колоквиум од предметот Молекуларна биологија со генетика за студентите од насоката аналитичка биохемија

Резултатите од електронското полагање на првиот колоквиум од предметот Молекуларна биологија со генетика се достапни тука


11 јуни 2020

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ПОЛАГААТ ИСПИТИ ВО ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА АЛГОЛОГИЈА И БИОТЕХНОЛОГИЈА КАЈ ПРОФ. Д.Р СВЕТИСЛАВ КРСТИЌ

Термини за одржување на испитите кај проф. С. Крстиќ во испитната сесија јуни-јули 2020

 

Напомена: студентите задолжително да се најават во која декада и кој дел од испитот ќе го полагаат преку пополнување на табелата дадена од предметниот асистент. Ве замолуваме за групна порака која ќе опфати информации за сите студенти!

I декада

15.6.2020 (понеделник) – практичен испит по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I)

15.6.2020 (понеделник) – теоретски испит (колоквиуми) по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I) и биотехнологија

17.6.2020 (среда) – устен испит по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I)

18.6.2020 (четврток) – устен испит по биотехнологија, 

 

II декада

6.7.2020 (понеделник) – практичен испит по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I)

7.7.2020 (вторник) – теоретски испит (колоквиуми) по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I) и биотехнологија

8.7.2020 (среда) – устен испит по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I)

9.7.2020 (четврток) – устен испит по биотехнологија

 

III декада

20.7.2020 (понеделник) – практичен испит по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I)

21.7.2020 (вторник) – теоретски испит (колоквиуми) по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I) и биотехнологија

22.7.2020 (среда) – устен испит по Алгологија и микологија (Систематика на растенија I)

23.7.2020 (четврток) – устен испит по биотехнологија

Правила и информации за одржување на испитите кај проф. С. Крстиќ во испитната сесија јуни-јули 2020

 

Почитувани,

согласност новонастанатите ситуации, полагањата ќе се извршат online, преку skype.

 Практичното ќе се изврши преку покажување на слики од објектите и ваше препознавање на истите, наведување на нивната систематика и екологија (каде живеат).

Теоретските испити ќе се изведат преку усно одговарање на 10-15 куси прашања за секој колоквиум.

Усниот испит (доколку ги положите практичниот и теоретскиот) ќе ги одржи професорот.

Термините кои веќе ги истакнавме (датумите) за 3-те декади важат, со напомена дека испитите ќе мора да се извршат онлине. За таа цел, секој од вас ќе треба да пополни информации во табелата која ви е испратена, каде ќе го наведете skype ID. Предметниот асистент потоа ќе ве додаде на skype сите и, ќе ве информира за приближното време во кое вие ќе треба да се вклучите на skype за да го спроведеме испитот.

ВАЖНА НАПОМЕНА: СТУДЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО IKNOW СИСТЕМОТ ЗА ПОЛАГАЊЕТО!

ЗАМОЛУВАМЕ ЗА ВАША РАСПРЕДЕЛБА НИЗ 3-ТЕ ДАДЕНИ ДЕКАДИ, СО НЕ ПОВЕЌЕ ОД 10-ТИНА СТУДЕНТИ ЗА СЕКОЈА ДЕКАДА.

Предметен професор,

Проф. д-р С. Крстиќ

 


10 јуни 2020

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИ ВО ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА КАЈ ПРОФ. ДР. ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА

Испитите кај Проф. д-р Ленка Цветановска во јунска испитна сесија ќе се одржат во следните термини:

I декада

Практичен испит:  08.06.2020  во 10 часот

 Теоретски испит:  12.06.2020  во 11 часот

II декада

Практичен испит:  19.06.2020   во 10 часот

Теоретски испит:  22.06.2020  во 10 часот

III декада

Практичен испит:  29.06.2020   во 10 часот

Теоретски испит:  02.07.2020  во 10 часот

Образложение:

* Изборните предмети ќе се полагаат во истите термини кои важат за теоретскиот испит!

* Студентите кои ќе полагаат во една од декадите задолжително да се запишат на список кој треба да  го достават на маил со соодветните податоци (име и презиме, индекс, предмет кој го полагаат и декада)!

* Студентите кои полагаат предмети од тековниот семестар имаат право во прва и втора декада да полагаат колоквиум, додека третата декада е предвидена само за полагање на испит!

* Студентите имаат право да се јават на полагање во две од трите предвидени декади!

 

 

Катедра за Растителна биохемија и физиологија


10 јуни 2020

Индекси во Лабораторија за експериментална биохемија

Студентите со број на индекс 15858, 16041, 16060, 15465 и 16736 имаат заборавено индекс во  Лабораторија за експериментална биохемија. 


08 јуни 2020

TЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ ВО ЈУНСКАТА (ЛЕТНА) ИСПИТНА СЕСИЈА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА 

Термините за полагање во јунската (летна) испитна сесија по сите предмети кај професор д-р Сашо Панов и доц. д-р Славица Јосифовска се:

-          прва декада:  испит од практичниот дел од наставата на 16.6.2020 (вторник) Пријава и испит од теоретскиот дел од наставата на 18.6.2020 (четврток) Пријава

-          втора  декада: испит од практичниот дел од наставата на 30.6.2020 (вторник) Пријава и испит од теоретскиот дел од наставата на 2.7.2020 (четврток) Пријава 

-          трета декада:  испит од практичниот дел од наставата на 14.7.2020 (вторник) Пријава и испит од теоретскиот дел од наставата на 16.7.2020 (четврток) Пријава.

Точното време за почеток на испитите и информацијата дали ќе се корсти Zoom или Microsoft Teams ќе бидат објавени еден ден пред термините за испит поради организација на истите.

Термините за полагање на колоквиумите по предметот Основи на молекуларна биологија (насока: молекуларна биологија со генетика) кај проф. д-р Сашо Панов се:

-          прв колоквиум:  17.6.2020 (среда) од 15:00 ч. Пријава;

-          втор колоквиум: 1.7.2020 (среда) од 15:00 ч. Пријава;

-          преполагање на еден од колоквиумите 15.7.2020 (среда) од 15:00 ч. Пријава.

Термините за полагање на колоквиумите по предметот Молекуларна биологија (насока: биохемија и физиологија)  кај доц. д-р Славица Јосифовска се:

-          прв колоквиум:  17.6.2020 (среда) од 13:00 ч. Пријава;

-          втор колоквиум: 1.7.2020 (среда) од 13:00 ч. Пријава 

-          преполагање на еден од колоквиумите 15.7.2020 (среда) од 13:00 ч. Пријава

Термините за полагање на колоквиумите по предметот Молекуларна биологија со генетика (насока: аналитичка биохемија) кај доц. д-р Славица Јосифовска се:

-          прв колоквиум:  15.6.2020 (понеделник) од 13:00 ч. Пријава;

-          втор колоквиум: 29.6.2020 (понеделник) од 13:00 ч. Пријава

-          преполагање на еден од колоквиумите: 13.7.2020 (понеделник) од 13:00 ч. Пријава.

Студентите кои планираат да полагаат, треба да се пријават електронски на списоците кои се достапни како линкови во ова соопштение до термините за полагање.

Сите колоквиуми и испити на Катедрата по молекуларна биолгија ќе се вршат според Одлуката за уредување и доуредување на прашањата поврзани со начинот на работа и реализација на дејностите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, односно со користење на средствата за електронска комуникација. Согласно наведената Одлука, студентите кои не го прифаќаат онлајн-системот за проверка на знаењето или немаат соодветни услови за спроведување на истиот, ќе можат да полагаат со физичко присуство на Факултетот откако ќе се создадат безбедни услови и технички можности за тоа, според тековните препораки на Комисијата за заразни болести, органите на Министерството за образование и наука, Природно-математичкиот факултет и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

За полагање ќе се користат онлајн-тестови со прашањата кои ќе вклучуваат избор на точен одговор од неколку понудени, дополнување на клучни зборови, меѓусебно поврзување на точни изрази, како и внесување на писмен одговор од неколку реченици на определени прашања. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom (или Microsoft Teams).

Дополнителни објаснувања за полагањето и информациите за состанокот на Zoom (или Microsoft Teams), студентите ќе добијат на личната е-маил адреса еден ден пред полагањето. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и студентите ќе ги добијат на состанокот на Zoom (или Microsoft Teams). Корисничкото име и лозинката се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се запишале на соодветниот список. Списокот ќе биде затворен 24 часа пред закажаниот колоквиум или испит.


08 јуни 2020

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИЧЕН ИСПИТ ПРВА ДЕКАДА НА КАТЕДРАТА ЕКОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА

Резултати од практичен испит одржан онлајн во прва декада (08.06) по предметот Растителна екофизиологија

  Реден број на прашање Дополнителни бодови од активност  
Број на индекс 1 2 3 4 5 Одговори на прашања Презентација за труд Вкупно
16522 1,8 0,5 1,6 0 2 0,5 0 6,4
16526 1,8 0,5 1,8 1,5 1 0,5 0 7,1
16501 1,4 0,5 1,8 0 1 0,5 0 5,2
максимум бодови за секое прашање 2 2 2 3 3 0 0 12

 

Испитот се положува со освоени минимум 7 бода.

Студентите кои не го положиле испитот имаат право на повторно полагање во една од преостанатите две декади со претходно пријавување на mtrenceva@gmail.com


07 јуни 2020

Резултати од електронското полагање на првиот колоквиум од предметот Основи на молекуларна биологија за студентите од Технолошко-металуршкиот факултет

Резултатите од електронското полагање на првиот колоквиум од предметот Основи на молекуларна биологија за студентите од Технолошко-металуршкиот факултет се достапни https://ib.pmf.ukim.edu.mk/files/exam_results/p_I_kolkvum_TMF_5_6_2020.pdfhttps://ib.pmf.ukim.edu.mk/files/exam_results/p_I_kolkvum_TMF_5_6_2020.pdf и на https://ib.pmf.ukim.edu.mk/files/exam_results/Rezultati_TMF.pdf


04 јуни 2020

Термини за Јунска сесија 2020 за предметите кај проф. Гордана Димеска

Почитувани,

Поради неодамнешниот развој на настаните и значително зголемениот број на заболени од COVID-19, а со цел запазување на здравјето на студентите и наставниот кадар, СИТЕ ИСПИТИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. ГОРДАНА ДИМЕСКА ВО ЈУНСКАТА СЕСИЈА СЕ ПРЕФРЛААТ ОНЛАЈН. Одлуката за ова беше донесена по претходно барање на претставници од студентското тело, заради запазување на здравјето, безбедноста, но и потребата за фер и еднаков пристап кон сите студенти, вклучувајќи ги студентите кои што живеат надвор од Скопје, а кои не се во можност да престојуваат во главниот град поради откажувањето на сместувањето во студентските домови и во приватни станови. Исто така беа земени во предвид и студентите кои што доаѓаат од градови кои се или постои можност бидат потенцијално ставени под карантин.

Теоретскиот колоквиум/испит ќе се спроведе усно онлајн. Теоретските испити по АМР и Општа генетика остануваат да се полагаат во 2 колоквиуми во соодветните декади. Растителниот дел од КБ и Цитологија останува да се спроведе како еден колоквиум, а испитите по изборните предмети ЛОРМ и Цитогенетика ќе се презентираат во форма на усна онлајн презентација од страна на кандидатите. За повеќе информации околу начинот на спроведување на усниот онлајн испит, може да се обратите на мејлот dimeskag@yahoo.com.  

Практичните испити ќе бидат спроведени во формат сличен на претходните испити со физичко присуство, со соодветни модификации адаптирани на онлајн начинот на спроведување на испитот. Испитите за сите задолжителни предмети кои што имаат практична настава ќе вклучуваат и препознавање и анализа на препарати на микроскоп, преку онлајн вклучена микроскопска камера. Прегледот на препаратите преку онлајн вклучена камера ќе се одвива во текот на предиспитните вежби. Повеќе информации околу методологијата на испитот ќе добиете на предиспитните вежби. 

Испитот ќе се одвива преку платформите GoToMeeting (односно GoToWebinar) и Zoom, кои што ги користевте во текот на онлајн предавањата и вежбите. Исто така, студентот треба да има креирано Google, односно Gmail account, чие што име нема да содржи ништо освен името и презимето на студентот (може да се допише и годината на раѓање доколку името е веќе зафатено), заради полесно користење на Google алатките. Испитот ќе се одвива со задолжително вклучена камера и share-screen заради подобра контрола на работата. 

Испитот по АМР останува да се полага по колоквиуми - првиот колоквиум ќе се полага во прва декада, а вториот колоквиум во втора декада. Практичниот дел од Општа генетика останува да се полага како цел испит. Практичниот колоквиум по растителниот дел од Клеточна биологија и Цитологија останува да се полага како еден колоквиум. 

Поради природата на испитот, ќе има промена во термините и временската организација на испитот. Во еден термин ќе може да се пријават најмногу тројца студенти. Еден термин за полагање за еден студент ќе трае 1 час (во тој час нема да биде вклучена анализата на препаратот која што ќе се одвива на почетокот на испитот, но не би требало да одземе повеќе од 15 минути). Тоа ќе значи дека декадите ќе траат подолго.   

Предиспитните вежби исто така ќе бидат спроведени онлајн. За предметот Анатомија и морфологија на растенија (АМР) ќе бидат предвидени по 2 термина за предиспитни, по еден за првиот и вториот колоквиум. За предметот Општа генетика предвиден е еден термин за предиспитни вежби поради тоа што се работи за цел испит. Сите предиспитни вежби ќе бидат снимени, и оние студенти кои што нема да бидат во можност да ги следат во дадениот термин ќе може да се пријават и да остават мејл за да им биде овозможен пристап до истите. Термините за предиспитните вежби се следниве:

АМР:

- Предиспитни вежби за прв колоквиум 09.06. (вторник), 12-15 часот;

- Предиспитни вежби за втор колоквиум 24.06. (среда), 12-15 часот;

Општа генетика:

- 11.06. (четврток), 12-15 часот. 

Пријавувањето за термините на испитите и вежбите може да го направите на следниов линк (поради новонастанатата состојба претходно објавениот линк нема да важи):

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1CGf1Sy1UTibfMJq8hJwIkXYUoS4Fd0gbctDnKi6Y2Xs/edit#gid=948920645

Во документот има sheet-ови за предиспитни вежби и теоретски и практични колоквиуми/испити, за предметите АМР и Општа генетика, како и за теоретскиот испит по Клеточна биологија и Цитологија (растителен дел), усмениот испит по предметите Лабораториска обработка на растителен материјал и Цитогенетика. Студентите кои што сакаат да полагаат усен онлајн колоквиум/испит по некој од горенаведените предмети, треба да се запишат во соодветниот sheet, а подоцна ќе бидат известени за тајмингот и редоследот на спроведувањето на испитот. Студентите кои што сакаат да го полагаат практичниот испит по КБ или Цитологија (растителен дел) треба да се пријават на мејлот: stofiloski@yahoo.com.

Во рамките на sheet-от за предиспитните вежби, секој студент освен основните податоци, должен е да го напише  својот мејл во една од двете дадени колони (во зависност од тоа дали сака да ги слуша во живо предиспитните вежби или пак сака да добие линк до нив после завршувањето).

Во рамките на sheet-овите за колоквиумите/испитите, студентите треба да изберат и да ги запишат своите податоци во еден од понудените денови и термини (часови) за полагање на испитот. Исто така, треба да се внесе и мејл за комуникација (кој што студентот активно го користи) и Gmail кој што би служел за полагањето на испитот. Во случај студентот активно да користи Gmail, истиот мејл може да се впише во двете колони.

Пријавување за слободните термини ќе биде по принципот: ,,Прв пријавен, прв запишан”. Во случај терминот за кој што студентот е заинтересиран е веќе зафатен, може да се запише на наредниот термин што би му одговарал. Доколку сите понудени термини за дадената декада се зафатени, заинтересираниот студент може да се обрати на мејлот: stofiloski@yahoo.com. Во случај на непополнување на одредени термини, истите ќе бидат ставени на располагање на други заинтересирани студенти.

Термините за третата декада ќе бидат дополнителни внесени во GoogleSheet документот кој што се наоѓа на горенаведениот линк, согласно со исходот од првите две декади. Студентите кои што сакаат да се пријават за третата декада можат да го направат истото на посебен sheet, а подоцна ќе бидат исконтактирани за соодветни слободни термини.


02 јуни 2020

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЈУНСКА СЕСИЈА  на Катедрата за анимална физиологија и ензимологија (кај проф. Биљана Миова)

А. Термини за полагање на писмени испити (со физичко присуство на ПМФ) по следните предмети:

Анимална физиологија (НН) Физиологија на животни и човек (ЕН), Лабораториски практикум       

 I декада     15 или 16.06.2020, 15h, Физ. Амф (одберете еден термин)
II декада     22 или 23.06.2020, 15h, Физ. Амф (одберете еден термин)
III декада    06 или 07.07.2020, 15h, Физ. Амф (одберете еден термин)

Б. Термини за полагање на усни испити преку програмата ZOOM по следните предмети: 

Анимална екофизиологија, Еколошка физиологија на животните, Применета физиологија,  Исхрана и метаболизам 1, Изборни предмети

I декада    16 или 17.06.2020, 11h, Усно полагање на ZOOM
II декада   23 или 24.06.2020, 11h, Усно полагање на ZOOM 
III декада  07 или 08.07.2020, 11h, Усно полагање на ZOOM

Ве молиме пополнете го формуларот на Google forms за запишување на терминот во кој ќе полагате. 
https://forms.gle/5WFsbCoFuhKxHqhe8

Со почит, 

Проф. Билјана Миова, Демонстратор Елена Рафаиловска

 


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.