УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА MICROSOFT TEAMS
Почитувани,
теоретската настава на факултетот во следниот период ќе се одвива online.
За таа цел:
1.Инсталирајте ја алатката Microsoft Teams.
2.Проверете која е вашита мејл адреса за најава на Microsoft Teams од типот ime.prezime@students.pmf.ukim.mk, на следниот линк, [видео упатство или PDF].
3.Следете ги упатствата од професорите за тоа како ќе се одвива наставата по секој предмет.
4.Проверувајте е-маил почесто.
Ви посакуваме успешна работа.
РАСПОРЕД ЗА ПРЕДАВАЊА И ВЕЖБИ
Почитувани колеги,
Објавен е распоред за предавања и вежби за студенти од ИБ (Распоред за предавања, зимски семестар – во менито, десно) за време на корона состојбата во зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, кој се базира нa некои од следниве правила:
ВИ ПОСАКУВАМЕ ЗДРАВЈЕ И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА
Институт за биологија
СООПШТЕНИЕ ЗА ФОРМИРАНИ ГРУПИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВ СЕМЕСТАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВЕЖБИ
Се известуваат студентите од прв семестар дека вежбите ќе се одвиваат во групи од најмногу 12 студенти. Списокот на групите по насоки можете да го симнете овде.
Прв Академски час 2020/2021
Почитувани студенти запишани во 1. семестар од академската 2020/2021,
Ве известувамe дека првиот Академски час во новата учебна година на 01.10.2020 г. (четврток) ќе биде организиран во Информатичкиот амфитеатар според следниот распоред:
|
Молекуларна биологија со генетика |
12,00 h |
|
Нутриционизам |
13,00 h |
|
Биохемија и физиологија |
14,00 h |
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се молат студентите од прва година биологија (сите насоки), да го запишат својот мејл за контакт (заедно со сопственото име и презиме и број на индекс) во соодветната табела според насоката, на овој линк, заради комуникација во врска со претстојната настава.
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ОД АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОД. ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА ИБ
Сите информации се достапни во прикачениот документ, а истите (заедно со потребните формулари) може да се најдат и на сајтот на ПМФ.
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА БИОХЕМИЈА И ФИЗИОЛОГИЈА
Почитувани колеги,
Информациите во врска со изборните предмети при уписот на зимскиот семетар за студентите од насоката Биохемија и физиологија се дадени во приложениот документ.
Како потсетување, при уписот во i-Know системот, прво треба да се запишат (презапишат) неположените задолжителни предмети од претходниот или претходните зимски семестри. Потоа се запишуваат задолжителните предмети од новиот семестар и во зависност од преостанатите кредити на крајот се запишуваат изборни предмети (прво неположените од претходните зимски семестри, па потоа изборните предмети од новиот семестар).
Ве молам постојано следете ги соопштенијата на сајтот на ИБ и на сајтот на ПМФ во врска со уписот на семестарот.
Со почит,
Координатор за насоката Биохемија и физиологија
Дополнителни термини за испити кај проф. Билјана Миова
Почитувани колеги
На 28.09.2020 со почеток во 11ч ќе има дополнителен термин по предметот Исхрана и метаболизам.
На 29.09.2020 со почеток во 10ч ќе има дополнителен термин по останатите предмети (освен за Лабораториски практикум).
Линкот за ЗООМ е следниот
Join Zoom Meeting
https://us04web.zoom.us/j/6660435818?pwd=Vlc4STZuN3Y4RitVdVpPYmJqcDU4Zz09
Meeting ID: 666 043 5818
Password: 650479
Проф. Билјана Миова
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА СТУДИИ ПО БИОЛОГИЈА
Почитувани колеги,
Информациите во врска со предметите при уписот на зимскиот семетар за студентите од насоката Студии по биологија се дадени во приложениот документ.
Како потсетување, при уписот во i-Know системот, прво треба да се запишат (презапишат) неположените задолжителни предмети од претходниот или претходните зимски семестри. Потоа се запишуваат задолжителните предмети од новиот семестар и во зависност од преостанатите кредити на крајот се запишуваат изборни предмети (прво неположените од претходните зимски семестри, па потоа изборните предмети од новиот семестар).
Ве молам постојано следете ги соопштенијата на сајтот на ИБ и на сајтот на ПМФ во врска со уписот на семестарот.
Со почит,
Координатор за насоките студии по биологија,студии по екологија, двопредметни студии по биологија-хемија
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА СТУДИИ ПО ЕКОЛОГИЈА
Почитувани колеги,
Информациите во врска со предметите при уписот на зимскиот семетар за студентите од насоката Студии по екологија се дадени во приложениот документ.
Како потсетување, при уписот во i-Know системот, прво треба да се запишат (презапишат) неположените задолжителни предмети од претходниот или претходните зимски семестри. Потоа се запишуваат задолжителните предмети од новиот семестар и во зависност од преостанатите кредити на крајот се запишуваат изборни предмети (прво неположените од претходните зимски семестри, па потоа изборните предмети од новиот семестар).
Ве молам постојано следете ги соопштенијата на сајтот на ИБ и на сајтот на ПМФ во врска со уписот на семестарот.
Со почит,
Координатор за насоките студии по биологија, студии по екологија, двопредметни студии по биологија-хемија