Асс. м-р Сара Вурмеска Цветаноска е родена на 28.01.1995 година во Прилеп. Основното образование го завршила во селото Кривогаштани, додека средното образование (фармација) го завршила во медицинското училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп, со одличен успех. Во учебната 2013/14 година се запишала на студиите по биологија – наставна насока на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Студиите ги завршила во 2018 година со одбрана на дипломската работа под наслов „Флористички преглед на околината на село Кривогаштани“. Дипломирала како еден од најдобрите студенти на Институтот за биологија со просечен успех 9,31.
Во учебната 2018/19 година се запишала на втор циклус студии по Екологија и биосистематика – модул биосистематика на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во учебната 2024 година со одбрана на магистерскиот труд со наслов „Синтаксономски истражувања на тревестата вегетација во Споменикот на природата „Маркови Кули„ ги завршува своите магистерски студии при што се стекнува со назив магистер по биосистематика. Во 2025 година ги започнува своите докторски студии на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје под менторство на проф. д-р Рената Ќуштеревска.
Веднаш по своето дипломирање е ангажирана како демонстратор на Одделението за Систематика и филогенија на виши растенија и фитогеографија со фитоценологија. Вклучена е во одржување на практичната настава на студенти на додипломски студии по предметите Систематика на виши растенија, Кормофита, Анатомија и морфологија на растенија, Ботаника, Фитогеографија со фитоценологија, Фитоценологија со вегетација на Македонија, Биодиверзитет и Биогеографија. Исто така, вклучена е и во обновување и одржување на хербариумската збирка на Македонскиот национален хербариум при Инстиутот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како раководител досега била вклучена во два проекти, додека како млад истражувач за флора, вегетација и хабитати, во 20 проекти.
Како член на Истражувачкото друштво на студенти биолози има учествувано како организатор на Конгресот на еколози (Охрид, 19.-12. октомври 2016 год.). Активно учество земала и на Балканскиот ботанички конгрес (Нови Сад, 10-14 септември 2018 год.), Конгресот на еколози (Охрид, 15.-18. октомври 2022 год.), 40та средба на Источноалпско и Динарско друштво за вегетациска екологија (Бања Лука, јуни 2024 год.) и Хрватскиот ботанички конгрес (Осијек, септември, 2025 год.) кадешто се јавува како автор на постер и орални презентации. Прв автор е и на два научни труда, а како ко-автор се јавува на девет научни трудови.
Клучна квалификација: Ботаника, Флора и вегетација, млад експерт во бројни проекти од областа на флората, вегетација и хабитати, и мониторинг на растителни видови и хабитати.
https://www.researchgate.net/profile/Sara-Cvetanoska/research
https://orcid.org/0009-0008-6319-948X
|
Австрија, Универзитет во Инсбрук, Институт за ботаника (проточна цитометрија) |
20-27 Ноември 2022 |
|
Црна Гора, Министерство за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора – Подгорица (IUCN Црвени листи) |
29 Март 2022 - 1 Април 2022 |
|
Италија, различни институции во Рим поврзани со традиционално користење на растенија |
21-27 Февруари 2020 |
|
Бугарија, Институт за биодиверзитет и екосистемски истражувања, Бугарска академија на науките и уметностите, Софија (вегетациски анализи) |
22-25 Октомври 2019 |
Публикации
Членство во професионални тела
Обуки
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |