Соопштенија

17 април 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ПИСМЕНИОТ ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА ДИМЕСКА

ОДРЖАН ВО АПРИЛСКА СЕСИЈА 2021

Резултатите од онлајн писмениот испит во рамките на Априлската сесија може да ги најдете на овој линк. Писмениот колоквиум по Клеточна биологија/Цитологија се положува со минимум 20 бода од можни 40.

Писмениот испит по ОГ се смета за положен доколку половината од збирот на вкупниот број на бодови од двата колоквиума не е помал од 24 бода, а при тоа бројот на освоени бодови од едниот од колоквиумите да не е помал од 18 бода.  


15 април 2021

Резултати од теоретскиот испит по предметите: Биохемија на растенија, Физиологија на растенија и Биохемија во априлска сесија 2021


 


Резултатите се објавени на следниот линк.

Катедра за растителна биохемија и физиологија


15 април 2021

Резултати од практичниот и теоретскиот испит по Зоологија за насоката Нутриционизам 

(априлска сесија 2020/2021)

Резултатите од испитите по предметот Зоологија за насока Нутриционизам одржани во априлската сесија во учебната 2020/2021 година можете да ги погледнете овде.

Финалните оценки можат да се подигнат во понеделник (19.04.2021) од 11:00 - 13:00 ч. во лабораторија 210 со индекс и пријава за испит.


14 април 2021

Резултати од практичниот испит по предметите Биохемија на растенија и Физиологија на растенија во априлска сесија

Резултатите се објавени на следниот линк.

Катедра за растителна биохемија и физиологија


13 април 2021

Прв колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија за студентите од

Технолошко-металуршкиот факултет

Терминот за полагање на првот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија за студентите од насоката прехрамбена и биотехнологија од Технолошко-металуршкиот факултет е:

-   19.4.2021 (понеделник).

Времето за почеток на колоквиумот ќе биде определено во зависност од бројот на студенти кои ќе полагаат. Студентите кои планираат да  полагаат, треба да се пријават електронски на список.

За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени еден ден пред полагањето на е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список.

Проф. д-р Сашо Панов 


13 април 2021

Втор колоквиум по предметот Молекуларна биологија со генетика за студентите од

насоката аналитичка биохемија

Терминот за полагање на вториот колоквиум по предметот Молекуларна биологија со генетика за студентите од насоката аналитичка биохемија е:

-   23.4.2021 (петок) во 9:30 часот.

Студентите кои планираат да  полагаат, треба да се пријават електронски на список.

За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени еден ден пред полагањето на е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список.

Доц. д-р Славица Јосифовска


11 април 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ОГ, КБ И ЦИТОЛОГИЈА, ПОЛАГАНИ ВО АПРИЛСКА СЕСИЈА 2021


Резултатите од практичниот испит одржан во Априлската сесија може да ги најдете на следниов линк:

 Резултати од практичен испит

НАПОМЕНА: Колоквиумот по КБ и Цитологија се смета за положен со минимум 3.5 од вкупно 7 бода. Практичниот испит по ОГ се положува со минимум 7 од можни 14 бода. 


09 април 2021

 

Прв колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија за студентите од насоката молекуларна биологија и генетика

Терминот за полагање на првот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија за студентите од насоката молекуларна биологија и генетика  е:

-   22.4.2021 (четврток).

Времето за почеток на колоквиумот ќе биде определено во зависност од бројот на студенти кои ќе полагаат. Студентите кои планираат да  полагаат, треба да се пријават електронски на  список.

За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени еден ден пред полагањето на е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список.

Проф. д-р Сашо Панов 


07 април 2021

Промена во термин и начин на полагање во априлска сесија кај проф. д-р Ленка Цветановска

Испитите во априлска сесија по предметите кај проф.д-р Ленка Цветановска ќе се спроведат преку онлајн-тестови на платформата Microsoft Teams. Сите студенти запишани на списокот за полагање, ќе бидат додадени во соодветен тим на платформата и после вклучувањето на состанокот, ќе им бидат дадени конкретни информации околу начинот на полагање. 

Терминот за вклучување на теоретскиот испит е: 13.04.2021 во 11 часот а за практичниот: 14.04.2021 во 9 часот. 

Напомена: Право на полагање имаат само студенти кои се пријавиле на соодветниот список најдоцна два дена пред терминот за испит. 

Список за теоретски испит.

Список на практичен испит.

Катедра за растителна биохемија и физиологија



07 април 2021

ПРАКТИЧЕН КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА И МОРФОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА

Првиот практичен колоквиум по предметот Анатомија и морфологија на растенија ќе се одржи на 28.04. (среда). Начинот на одржување ќе биде онлајн, преку тестови. Студентите кои што планираат да го полагаат предметот може да се пријават тука, со нивниот студентски мејл. Пријавувањето ќе трае најдоцна до 26.04. (понеделник).


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.