Прв колоквиум по предметот Молекуларна биологија за студентите од насоката биохемија и физиологија
Терминот за полагање на првот колоквиум по предметот Молекуларна биологија за студентите од насоката биохемија и физиологија е:
- 6.4.2021 (вторник) од 11 часот.
Студентите кои ќе полагаат, треба да се пријават електронски на список.
За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат на денот на полагањето. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список.
Доц. д-р Славица Јосифовска
ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО АПРИЛСКА СЕСИЈА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА
Термините за полагање во априлска испитна сесија на Одделението за молекуларна биологија се:
- испит од практичниот дел од наставата на 7.4.2021 (среда) од 12 часот; Список
- испит од теоретскиот дел од наставата на 14. 4.2021 (среда) од 12 часот. Список
Студентите кои планираат да полагаат, треба да се пријават електронски на списоците кои се достапни како линкови во ова соопштение до термините за полагање.
За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени еден ден пред термините за испит на е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список. Списокот ќе биде затворен 24 часа пред испитот.
Во оваа сесија може да се полагаат само предмети кои биле слушани во зимскиот семестар од академската 2020/2021 година. Задолжително е електронското пријавување во “i-know” системот.
Проф. д-р Сашо Панов
Доц. д-р Славица Јосифовска
ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА ВО АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
Испитите по предметите кај проф. д-р Ленка Цветановска, ќе се одржат со физичко присуство, во следните термини:
Теоретски испит: 13.04.2021 во 10h Список за пријавување.
Практичен испит: 14.04.2021 во 13h Список за пријавување.
*Сите студенти кои ќе полагаат теоретски или практичен дел, задолжително да се потпишат на соодветниот список.
*Изборните предмети ќе се полагаат во истите термини кои важат за теоретскиот испит!
Катедра за растителна биохемија и физиологија
ТЕРМИНИ ЗА АПРИЛСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА ДИМЕСКА
Писмените испити кај проф. д-р Гордана Димеска ќе се одржат со физичко присуство, а практичниот испит ќе се одржи онлајн преку тестови.
Писмен испит - 12.04.2021, 10-12 часот и 13-15 часот, пријавување тука.
Практичен испит - 09.04.2021, пријавување тука.
Катедрата го задржува правото за прераспределување на студентите и воведување на дополнителни термини во случај на поголем број на пријавени студенти во дадените термини. Кандидатите кои што ќе се пријават за полагање на практичниот испит ќе добијат подетални информации околу начинот на полагање на нивните мејлови за контакт.
ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА СО ГЕНЕТИКА ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА АНАЛИТИЧКА БИОХЕМИЈА
Терминот за полагање на првот колоквиум по предметот Молекуларна биологија со генетика за студентите од насоката аналитичка биохемија е:
- 22.3.2021 (понеделник) од 17 часот.
Студентите кои ќе полагаат, треба да се пријават електронски на список.
За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат на денот на полагањето. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список.
Доц. д-р Славица Јосифовска
ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗВРШЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ И ОБРАЗОВНИ УСЛУГИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.
Одлуката, која главно се однесува на запишувањето на семестарот, е достапна во прикачениот документ.
Експеримент во наставата по биологија - студии по биологија (наставна насока), двопредметни студии по биологија-хемија
Се известуваат студентите кои ќе го слушаат предметот Експеримент во наставата по биологија во летниот семестар во учебната 2020/2021 година дека првата средба е соглсно објавениот распоред. Средбата ќе се оджи на 16.02.2021 на Microsoft Teams со почеток во 13 часот на линкот Click here to join the meeting. Присуството е задолжително.
Методика на наставата по биологија - студии по биологија (наставна насока), двопредметни студии по биологија-хемија
Се известуваат студентите од насоката студии по биологија (наставна насока) кои ќе го запишат предметот Методика на наставата по биологија во летниот семестар во учебната 2020/2021 година дека првата средба закажана за 16.02.2021 на Zoom во 10 часот се поместува соглсно објавениот распоред, според кој првиот термин за овој предмет е среда (17.02.2021). Средбата ќе се оджи на Microsoft Teams со почеток во 10 часот на линкот Click here to join the meeting. Присуството е задолжително.
ТЕРМИН ЗА ЗЕМАЊЕ ОЦЕНКИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА
Сите студенти кои немаат земено оценки и/или потписи кај Проф. д-р Ленка Цветановска, можат да го направат тоа на 15.02.2021 (понеделник), во 11 часот.