Соопштенија

28 март 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИ КОИ ПОЛАГААТ ИСПИТИ ВО АПРИСЛКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА РАСТИТЕЛНА ФИЗИОЛОГИЈА И МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА

кај предметните наставници Проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ и Доц. д-р Оливер Тушевски

ИСПИТИ

Датум на полагање

Списоци за запишување

Практични испити           

08.04.2021

Список

Теоретски испити

1. Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткиво

2. Изборни предмети

12.04.2021

Список

Студентите кои планираат да полагаат, треба да се пријават електронски на списоците кои се достапни како линкови во ова соопштение до термините за полагање.

Во текот на полагањето студентите ќе бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom и пред себе треба да имаат индекс за идентификација.

Дополнителни објаснувања за полагањето и информациите за апликацијата Zoom, студентите ќе добијат на личната е-маил адреса еден ден пред полагањето.

Линкот и лозинката на ZOOM страницата на која ќе се полага испитот ќе бидат испратени на личната е-маил адреса на студентите еден ден пред полагањето.

Списоците ќе бидат затворени 72 часа (3 дена) пред полагање на испитот и поради тоа, студентите кои не се запишале на соодветниот список нема да може да полагаат.

Студентите имаат право да ги полагаат испитите што ги слушале во зимскиот семестар во уч. 2020/2021 година кои претходно се пријавени во iKnow системот.

 

Проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ

Доц. д-р Оливер Тушевски 


28 март 2021

АПРИЛСКА СЕСИЈА НА КАТЕДРА ПО МИКРОБИОЛОГИЈА И МИКРОБНА БИОТЕХНОЛОГИЈА

Почитувани колеги, практичен испит во оваа сесија ќе се одржи на 09.04.2021, со почеток во 09.00 часот.
Списокот за пријавување е на следниов линк
Теоретски дел од испитите ќе се одржи на 14.04.2021, со почеток од 09.00 часот.
Списоците за пријавување се дадени на следниве линкови;
проф. Кунгуловски
проф. Атанасова-Панчевска
Списоците ќе се затворат 24 часа пред почетокот на испитот.
Испитите ќе се одвиваат преку платформата Microsoft Teams.
Поздрав и секое добро,
Катедра по микробиологија и микробна биотехнологија

27 март 2021

ТЕРМИНИ ЗА АПРИЛСКА СЕСИЈА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СИСТЕМАТИКА НА ВИШИ РАСТЕНИЈА

ИСПИТНИ ТЕРМИНИ

АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2021

 

проф. д-р Рената Ќуштеревска

предмет

насока

 

Ботаника

I година еколошка насока

 

Општа ботаника

I година биологија-хемија

 
 

Биодиверзитет

IV година еколошка насока

 

 

 

 

Тип на испит

датум

Време

Просторија

Практичен испит:

14.04.2021

10:00

 

Усмен испит:

15.04.2021

10:00

 

 

 

 

Пријавувањето за испит најмалку еден ден пред испит е задолжително

на линкот

 

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1U-EbEFQxQLEx0XOLP9nvYUJjYOADKjXjm3BKgL4nKnc/edit?usp=sharing


26 март 2021

Предавања по изборниот предмет Применета ензимологија

Се известуваат сите студетни кои ги запишале изборниот предмет Применета ензимологија (проф. д-р Билјана Миова) дека предавањата ќе започнат на 29,03,2021 во 14h на платформата ZOOM

 

Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/6660435818
Meeting ID: 666 043 5818

 

проф. д-р Билјана Миова


26 март 2021

Oдлука за априлска (дополнителна) испитна сесија во уч. 2020/2021 година

Априлската (дополнителна) испитна сесија во уч. 2020/2021 година ќе се одвива од 05.04.2021 до 16.04.2021 година.    

Студентите ќе можат да полагаат најмногу 2 испита што ги слушале во зимскиот семестар во уч. 2020/2021 година.

Електронското пријавување на испитите, ќе се одвива до 4 април 2021 година, а ќе започне веднаш по активирањето на сесијата од страна УКЦ.  

Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство. Доколку испитот се спроведува „online“/електронски, пријавата за испит (хартија), студентот дополнително ќе ја достави во термин кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

Со почит,

ИБ

симни документ


26 март 2021

Термини за полагање во априлската (дополнителна) испитна сесија во уч. 2020/2021 кај проф. Светислав Крстиќ и Асс. М-р Борис Алексовски 

Напомена: само за студентите кои ги слушале предметите Алгологија и микологија и Биотехнологија во зимскиот семестар во уч. 2020/2021 година 

05.4.2021 (понеделник) – практичен испит по предметот Алгологија и Микологија

06.4.2021 (вторник) – теоретски испити (колоквиуми) по предметите Алгологија и Микологија и Биотехнологија

07.4.2021 (среда) – устен испит по предметот Алгологија и Микологија

08.4.2021 (четврток) – устен испит по предметот Биотехнологија

 

Напомена: сите испити ќе бидат спроведени online, преку skype. Пред почетокот на априлската дополнителна сесија, сите студенти мора да се пријават за полагање на  следниов линк:

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1pNZnM_GtMddIOjSXXXltk4Jzo7ju-t9Aq4jjiOAYtNk/edit#gid=0

и да ги дадат следните податоци: број на индекс, дел од испитот кој ќе се полага и skype ID (започнува со live:). Неопходно е испитот да биде пријавен електронски за полагање кај предметниот професор.

Практичниот испит по Алгологија и Микологија ќе се одвива со покажување на слики од претставниците (сликите ќе бидат извадени од практикумот или од презентациите за вежби). Теоретскиот дел од испитот ќе се одвива според новата систематика, согласно книгата на предметниот професор, а целосната систематика за секој тип може да се најде на TEAMS.


26 март 2021

Термини за полагање на предметите кај проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ и асс. м-р Јелена Хиниќ во априлската испитна сесија од учебната 2020/2021

Практичен испит: 12.04.2021 (10:00 часот)

Теоретски испит: 13.04.2021 (10:00 часот)

 

Список за пријавување:

Студентите кои планираат да полагаат испит во некој од дадените термини, задолжително е да се пријават на следниот список.



26 март 2021

Термини за полагање на предметите кај проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ и асс.м-р Јелена Хиниќ во априлската испитна сесија од учебната 2020/2021

Практичен испит: 12.04.2021 (10:00 часот)

Теоретски испит: 13.04.2021 (10:00 часот)

 

Список за пријавување:

Студентите кои планираат да полагаат испит во некој од дадените термини, задолжително е да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1M5zrvEiF0XrahPK0BjMwfsd2hZPNg8y3_lxyv27phy0/edit#gid=1273335297


25 март 2021

ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРВИОТ ПИСМЕН КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА И МОРФОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА

(СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО)

Полагањето на првиот писмен колоквиум ќе биде на 15.04. (четврток) и ќе се одвива во 2 групи, во 2 термина:

- од 10 до 12 часот;

- и од 13 до 15 часот.

Пријавувањето за полагање може да го направите на овој линк. Пријавувањето ќе трае најдоцна до 14.04. до 24:00 часот! Студентите треба уредно и навремено да се пријават.

Во случај во едната од групите да има поголем број на пријавени студенти, Катедрата го задржува правото да ги префрли последно запишаните студенти од групата со поголем број, во групата со помал број на студенти заради задржување на балансот и избегнување на гужви.

 


25 март 2021

Практичен испит на Катедрата за општа физиологија и имунологија во априлската испитна сесија во учебната 2020/2021 година

 

 

Терминот за полагање на практичните испити е 12.04.2021 година.

Студентите задолжително да се запишат нa следниов список (линк) најдоцна два дена пред испитот.

Испитите ќе бидат спроведени online на платформата  zoom. Подетални информации за време и начинот на полагањето ќе добиете на вашите e-mail адреси еден ден пред испитот.

Марија Ангеловски


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.