Термин за првиот час по предметот ВОВЕД ВО НУТРИЦИОНИЗАМ
Првиот час по предметoт Вовед во нутриционизам за студентите од биологија (насока нутриционизам) ќе се одржи на 18.10.2019 година, петок, во 8.00 часот, во предавална 125 на Институт за хемија.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева
Почеток на наставата по предметот Имунологија за студентите од насоката Биохемија и физиологија
Теоретската настава по предметот Имунологија (ББ7103), за студентите од насоката Биохемија и физиологија (7. семестар), ќе започне на 4.10.2019 год., во редовниот термин од 9:15 часот, во просторијата ИБ-242.
Од предметниот наставник
Дополнителен термин за практичните испити на Одделението за општа физиологија и имунологија во септемвриската испитна сесија 2018/2019 година
04.10.2019 година од 10 часот.
Напомена: Студентите задолжително да го најават своето присуство, најдоцна еден ден пред испитот.
Термнини за дополнителни испити септемвриска сесија
Известување
Се известуваат студентите дека дополнителните испити во септемвриската испитна сесија на Катедрата за Експериментална биохемија ќе се одржат во следните термини:
Практичен дел: 03.10.2019 (четврток) 1100 часот
Теорија: 08.10.2019 (вторник) 1100 часот
Напомена: Горенаведените термини не важат за студентите кои ќе полагаат усен испит на 02.10.2019 (среда)
30.09.2019 Проф. Д-р. Јасмина Димитрова-Шумковска
Катедра за Експериментална биохемија
Термини за полагање на предметите кај проф. д-р Сашо Панов и ас. д-р Славица Јосифовска во трета декада од есенскиот испитен рок
Согласно одлуката, есенскиот испитен рок да се продолжи за уште една декада и тоа во деновите 4.10.2019 година за практичен дел од испитот и 7.10.2019 година за усниот (теоретскиот) дел од испитот, испитите кај проф.д-р Сашо Панов и ас.д-р Славица Јосифовска ќе се одржат со почеток од 12 часот.
Резултати од практичниот испит по предметите „Општа физиологија“ и „Општа физиологија 2“ одржан на 10.09.2019 год.
Забелешка:
- Правото на увид во тестовите може да се реализира во просторија 78.
Од предметниот асистент
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПИС НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ОД АКАДЕМСКАТА 2019-20 ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА „БИОХЕМИЈА И ФИЗИОЛОГИЈА“
Уписот на зимскиот семестар од академската 2019/2020 година ќе се изведува електронски преку i-Know системот и со доставување на документите до службата за студентски прашања. Притоа, студентите нема да поднесуваат ЕКТС обрасци потпишани од соодветниот координатор.
Подолу се дадени податоци за изборните предмети во секој од семестрите кои се запишуваат. Изборот што овде ќе биде направен, треба да биде внесен при уписот преку i-Know системот.
Студентите кои запишуваат 1. семестар, покрај задолжителните предмети, треба задолжително да ги запишат и следните изборни предмети:
|
БФ1101 |
Физика за биолози |
доц. д-р Ристе Попески Димовски |
2+2 |
4 |
|
БФ1103 |
Анатомија на човек |
проф. д-р Милица Ристовска |
2+2 |
4 |
|
БФ1102 |
Математика со биостатистика |
проф. д-р Весна Манова-Ераковиќ |
2+2 |
4 |
Студентите кои запишуваат 3. семестар, покрај задолжителните предмети, треба задолжително да ги запишат и следните изборни предмети:
|
БФ3106 |
Типологија на животни 1 |
проф. д-р Стое Смиљков |
2+2 |
4 |
|
БФ3107 |
Алгологија и микологија |
проф. д-р Светислав Крстиќ |
2+2 |
4 |
Студентите кои запишуваат 5. семестар, покрај задолжителните предмети, треба да запишат и еден изборен предмет од листата дадена подолу. Исто така, треба да ги запишат своето име и презиме во колоната под името на избраниот предмет во листата објавена пред лаб. 78.
|
Физиолошка функција на секундарните биомолекули |
проф. д-р Ленка Цветановска |
2+2 |
4 |
|
Биологија на канцерот |
проф. д-р Сашо Панов |
2+2 |
4 |
|
Анимална стрес физиологија |
проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска |
2+2 |
4 |
|
Броматологија |
проф. д-р Ицко Ѓоргоски |
2+2 |
4 |
Студентите кои запишуваат 7. семестар, покрај задолжителните предмети, треба да запишат и два изборни предмети од листата дадена подолу. Исто така, треба да ги запишат своето име и презиме во колоната под името на избраниот предмет во листата објавена пред лаб. 78.
|
Култура на анимални ткива |
проф. д-р. Биљана Миова |
2+2 |
4 |
|
Цитогенетика |
проф. д-р Гордана Димеска |
2+2 |
4 |
|
Метаболички инженеринг на растенијата |
доц. д-р Оливер Тушевски |
2+2 |
4 |
|
Охридско Езеро |
проф. д-р Златко Левков |
2+2 |
4 |
|
Имуногенетика |
проф. д-р Ицко Ѓоргоски |
2+2 |
4 |
Ве молам внимателно следете ги приложените упатства.
Координатор за насоката „биохемија и физиологија“
Летна школа за молекуларна биологија во Котор, Црна Гора
Министерстото за наука на Црна Гора, во соработка со EMBL (European Molecular Biology Laboratories) и Институтот за биологија на морето (Универзитет на Црна Гора) организира Летна школа за молекуларна биологија на тема: „Секвенционирање на јадрениот материјал на поединечни клетки (Single Cell Sequencing)“.
Поканата за учество во Летната школа е наменета за сите студенти на редовни/специјалистички студии, како и на идните или сегашните студенти на магистерски и докторски студии на биолошки, медицински или биотехнички науки.
Повеќе информации и упатство за пријавување може да се најдат во објавата на сајтот на МОН на РМ: http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2821-pokana-za-letna-shkola-za-molekularna-biologija-vo-kotor-crna-gora
КОНКУРС ЗА ТРЕТ ЦИКЛУС - ДОКТОРСКИ СТУДИИ
Прикачениот документ содржи детални информации во врска со објавениот Конкурс за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во академската 2019/2020 година.
Термини за практичните испити во август/септемвриска испитна сесија во уч. 2018/2019 година на Катедрата за општа физиологија и имунологија
Термини за практичните испити во август/септемвриска испитна сесија во уч. 2018/2019 година, по предметите „Општа физиологија“ (студии по биохемија и физиологија и студии по биологија), „Молекуларна физиологија“ (студии по молекуларна биологија), „Анатомија и физиологија на човек“ (двопредметни студии по биологија-хемија) и „Општа физиологија 2“ (студии по аналитичка биохемија) се:
Напомена: Студентите имаат право да полагаат во еден од наведените термини со задолжително евидентирање на списокот пред лаб. 78, најдоцна еден ден пред испитот.
Од предметниот асистент