Соопштенија

14 февруари 2019

Вишеградска програма за стипендии

Повеќе информации овде: https://www.visegradfund.org/apply/mobilities/visegrad-scholarship/?c=how-to-apply


13 февруари 2019

Дополнителна ден-сесија за полагање на предметите кај вон.проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ

Се известуваат студентите дека дополнителната ден-сесија за полагање на предметите кај вон. проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ ќе се одржи на ден 18.02.2019 со почеток во 10:00ч. во биолошки амфитеатар.


12 февруари 2019

Дополнителен термин за практичните испити на Одделението за општа физиологија и имунологија во првата (зимска) испитна сесија, 2019 година 

 

 

Дополнителен термин за практичните испити во првата (зимска) испитна сесија-2019 година, по предметите „Општа физиологија“ (студии по биохемија и физиологија и студии по биологија), „Молекуларна физиологија“ (студии по молекуларна биологија), „Анатомија и физиологија на човек“ (двопредметни студии по биологија-хемија)  и „Општа физиологија 2“ (студии по аналитичка биохемија) е 18.02.2019 од 11 часот.


12 февруари 2019

Термини за полагање во дополнителна ден-сесија со можност за полагање на само еден испит кај професор д-р Сашо Панов

Полагањето ќе се одржи на:

  • 21.2.2019 година (четврток) од 12 часот.

06 февруари 2019

 Инфоден за Еразмус програми и проекти

Студентите се срдечно поканети да учествуваат на инфоденот за Еразмус програми и проекти: четврток, 7-ми февруари, 12:30 h, амфитеатар на Институтот за математика. Повеќе детали во прикачениот документ.

симни документ


01 февруари 2019

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО УПИСОТ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ОД АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОД. ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА „БИОХЕМИЈА И ФИЗИОЛОГИЈА“

Во приложениот документ може да се најде детално упатство за уписот на летниот семестар. Истото е објавено и на огласната табла пред просторија 78.

Со почит,

Координатор за насоката „биохемија и физиологија“

симни документ


15 јануари 2019

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019

Повеќе информации може да се најдат на сајтот на ПМФ: http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/layout?p_l_id=PUB.1001.432


31 декември 2018

Amgen Scholars Program - Стипендии за студенти на додипломски (прв циклус) студии

Стипендии за летни студентски истражувачки програми од областа на природните науки и биотехнологијата. Повеќе информации на официјалниот веб сајт (https://amgenscholars.com/europe-programme/) и во прикачениот флаер.

симни документ


28 декември 2018

Tермини во зимска (прва) испитна сесија за полагање на испити на Катедрата за молекуларна биологија 


Термините за полагање во зимска (прва) испитна сесија на предметите кај професор д-р Сашо Панов и ас. д-р Славица Јосифовска се:

 - прва декада:  испит од практичниот дел од наставата на 22.1.2019 г. (вторник) и испит од теоретскиот дел од наставата на 24.1.2019г. (четврток);

 - втора  декада: испит од практичниот дел од наставата на 12.2.2019 (вторник) и испит од теоретскиот дел од наставата на 14.2.2019 (четврток).

Сите испити се со почеток од 12 часот.  

За подобра организација на испитот, молиме студентите да се евидентираат на списокот на огласната табла пред Лабораторијата за молекуларна биологија најдоцна 2 часа пред полагањето. 


26 декември 2018

Термини за практичните испити на Одделението за општа физиологија и имунологија во првата (зимска) испитна сесија, 2019 година

Термини за практичните испити во првата (зимска) испитна сесија-2019 година, по предметите „Општа физиологија“ (студии по биохемија и физиологија и студии по биологија), „Молекуларна физиологија“ (студии по молекуларна биологија), „Анатомија и физиологија на човек“ (двопредметни студии по биологија-хемија)  и „Општа физиологија 2“ (студии по аналитичка биохемија) се:

  • Прва декада: 23.01.2019 г. од 12 часот
  • Втора декада: 13.02.2019 г. од 12 часот

Напомена: Студентите имаат право да полагаат во еден од наведените термини и треба задолжително да се пријават најдоцна еден ден пред испитот.

 


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.