Соопштенија

24 декември 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗИМСКА (ПРВА) ИСПИТНА СЕСИЈА

СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ  НА  ПРИРОДНО-МАТЕ­МА­­­ТИЧ­КИ­­ОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ. 2018/2019 ГОДИНА  ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ДВЕ ДЕКАДИ И ТОА:
 −      ПРВА ДЕКАДА ВО ПЕРИОДОТ ОД 14.01.2019 ДО 30.01.2019 ГОД.
 −      ВТОРА ДЕКАДА ВО ПЕРИОДОТ ОД 31.01.2019 ДО 15.02.2019 ГОД.
ТЕРМИНИТЕ ГИ ОБЈАВУВААТ ИНСТИТУТИТЕ ПРИ ФАКУЛ­ТЕТОТ.
СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО  ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2018/2019 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2017/2018 ГОДИНА.
СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА  ДА ИМААТ УРЕДНО ЗАПИШАН ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО  УЧ. 2018/2019 ГОДИНА, КАКО И ДА ИМААТ ПОТПИС ВО ИНДЕКСОТ ОД ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР.


21 декември 2018

Термини за полагање на вториот колоквиум и преполагање на еден од колоквиумите по предметот Основи на молекуларна биологија кај професор д-р Сашо Панов


Полагањето на вториот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија за сите насоки ќе се одржи на 21.12.2018г од 11ч.

Преполагањето на еден од колоквиумите по предметот Основи на молекуларна биологија за сите насоки ќе се одржи на 28.12.2018г од 11ч.


30 ноември 2018

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ПОФАЛНИЦИ ПО ПОВОД 16-ти ДЕКЕМВРИ

Поради активностите за доделување пофалници по повод 16-ти Декември, се молат студентите на Институтот за биологија од сите насоки, кои имаат просек (од 8,50 па нагоре), а ја имаат ликвидирано претходната студиска година заклучно со септемвриската сесија, како и студенти ослободени од партиципација поради постигнат успех, да се јават во Библиотеката на Институтот за биологија заради евиденција и да понесат со себе индекс со внесени оценки како доказ.

Рокот за пријавување и евиденција е 06.12.2018 год (четврток) до 15,00 h, по што ќе бидат истакнати и прелиминарните списоци за увид.

Раководител на Институт за биологија

 


16 ноември 2018

Термини за полагање на првиот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија кај професор д-р Сашо Панов


Полагањето на првиот колоквиум по предметот Основи на молекуларна биологија кај професор д-р Сашо Панов ќе се одржи на:

  • 23.11.2018 година (петок) од 9 часот за студентите од насоката Молекуларна биологија;
  • 28.11.2018 година (среда) од 9:30 часот за студентите од насоката Биохемија и физиологија.

12 ноември 2018

Термини за полагање во ноемвриска испитна сесија на предметите кај професор д-р Сашо Панов



Термините за полагање во ноемвриска испитна сесија на предметите кај професор д-р Сашо Панов се:

  • испит од практичниот дел од наставата на 26.11.2018г (понеделник) 
  • испит од теоретскиот дел од наставата на 28.11.2018г (среда)

 Испитите започнуваат во 12 часот.  

За подобра организација на испитот, молиме студентите да се евидентираат на списокот на огласната табла пред Лабораторијата за молекуларна биологија најдоцна 2 часа пред полагањето. 


10 ноември 2018

Термини за ноемвриска и априлска испитна сесија на ПМФ-Скопје

  • Ноемвриска сесија: 26 - 30. 11. 2018 год.
  • Априлска сесија: 15 - 19. 4. 2019 год.

Одлуката може да се погледне во прикачениот документ.

симни документ


10 ноември 2018

Термин за практичните испити, на Одделението за општа физиологија и имунологија, во ноемвриска испитна сесија во учебна­та 2017/2018 година

Термин за практичните испити во ноемвриската испитна сесија (учебна­ 2017/2018г.) е 30.11.2018, со почеток во 12 часот.


29 октомври 2018

Оглас за избор на демонстратори за учебната 2018/2019 година

Огласот и формуларот за пријава може да се најдат во прикачениот документ.

симни документ


19 октомври 2018

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО 22.10.2018 (ПОНЕДЕЛНИК) - НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

поради интервенции на електричната мрежа и прекин на напојувањето во сите згради на ПМФ-Скопје, во понеделник (22.10.2018 год.) нема да се работи. Ќе следи дополнително известување во врска со една работна сабота, како надомест за изгубениот работен ден.

Со почит,

ИБ


15 октомври 2018

Erasmus Mundus TROPIMUNDO Master programme

Стипендии за студирање на втор циклус - магистерски студии во рамките на Erasmus Mundus мрежата на универзитети, достапни и за студентите на УКИМ. Тековниот повик е посебно интересен за студентите од ИБ. Повеќе информации во прикачениот документ и на веб сајтот: http://www.tropimundo.eu .

симни документ


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.