Соопштенија

01 април 2024

Термини за полагање на предметите кај проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ и асс. м-р Јелена Хиниќ Јордановска во априлската испитна сесија од академската 2023/2024 година

 

Практично: 12.04.2024 (08:00 часот) во лаб. 210

Теорија: 15.04.2024 (11:00 часот) во лаб. 217

 

НАПОМЕНА: Студентите кои планираат да полагаат во некој од дадените термини, задолжително да се пријават на овој линк. Право на полагање ќе имаат само студентите кои уредно се пријавиле до 10.04.2024.


01 април 2024

Термин за полагање на практични испити на Катедрата за општа физиологија и имунологија во априлската испитна сесија

Испитот за практичниот дел од предметите Физиологија 1 (БХФ), Имунологија (БХФ), Молекуларна физиологија  (МБГ), Молекуларна имунологија (МБГ), Општа физиологија 1 (АБХ), Имунологија со имунохемија (АБХ) и Имунологија (НУТ) ќе се одржи на 17.4.2024 год. во 12 часот, во биолошкиот амфитеатар. Студентите задолжително да се запишат во списокот за полагање преку следниот формулар: https://forms.gle/WpVd6QcpAX4yRoAH9


31 март 2024

Термин за теориски испити кај проф. Стое Смиљков

Теорискиот дел од испитите кај проф. Стое Смиљков ќе се одржи на 17.04 (среда) со почеток во 10 часот.

Практичниот дел ќе се одржи во договор со асистентите.


27 март 2024

Термини за полагање на практичен и теоретски испит во АПРИЛСКА испитна сесија на Катедрата за биохемија и физиологија на растенијата

кај проф.д-р Ленка Цветановска

Практичен испит 16.04.2024  година (вторник) 

12  часот во Информатички амфитеатар

Теоретски испит 17.04.2024 година  (среда) 

10:30 часот во Биолошки амфитеатар

Усен испит за изборни предмети:  17.04.2024 година  (среда) -  10:30 часот - Кабинет

ЗАБЕЛШКА: ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ ИМААТ СТУДЕНТИТЕ КОИШТО ИСПИТОТ ГО ИМААТ ПРИЈАВЕНО ВО IKNOW СИСТЕМОТ.

Студентите кои планираат да се јават на испит, да се запишат на следниот линк: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1fGnAGzIaLhXfnIlxr9P0tU4Towb-bzIPXF-FzfnrpSA/edit?usp=sharing 


25 март 2024

Термини за полагање на предметите кај проф. д-р Александра Цветковска Ѓорѓиевска во априлска испитна сесија 2023/2024

Задолжително пријавување на следниов линк најдоцна два дена пред терминот за испит!

 

Теоретски испит : 12.04.2024 г.  (петок), 8-10 ч. (216)

 Изборни предмети и практичен испит : 11.04.2024 г. (четврток) од 10 ч. (лабораторија 210)


 


25 март 2024

Термини за полагање на испитите кај проф.др. Гордана Димеска за АПРИЛСКА СЕСИЈА во учебната 2023/2024

Предиспитни вежби По договор, во лаб. 225

Практичен дел 12.04.2024 год. во лабораторија 221 од 10.00 часот СПИСОК-практично

Теоретски дел (сите предмети) 17.04.2024 год. во Информатички амфитеатар од 10.00-12.00 часот СПИСОК-теорија

*Студентите кои планираат да полагаат треба да го пријават испитот во iknow системот, и да се запишат на списоците за полагање. 

ЗАБЕЛЕШКА: Во случај на голем број на пријавени кандидати, Катедрата го задржува правото за промена на термините и бројот на групите.


 

 



22 март 2024

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИ КОИ ПОЛАГААТ ИСПИТИ ВО АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА РАСТИТЕЛНА ФИЗИОЛОГИЈА И МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈА

кај предметните наставници Проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ и Проф. д-р Оливер Тушевски 

 

Датум на полагање

Списоци за запишување

Практични испити

12.4.2024

Список

Теоретски испити (Проф. Соња Гаџовска Симиќ)

15.4.2024

Список

Теоретски испити (Проф. Оливер Тушевски)

16.4.2024

Список

 Студентите кои планираат да полагаат, треба да се пријават електронски на списоците кои се достапни како линкови во ова соопштение до термините за полагање.

Информации за терминот за полагање, студентите ќе добијат на личната е-маил адреса.

Списоците ќе бидат затворени 72 часа (3 дена) пред полагање на испитот и поради тоа, студентите кои не се запишале на соодветниот список нема да може да полагаат.

 

Проф. д-р Соња Гаџовска Симиќ

Проф. д-р Оливер Тушевски 


22 март 2024

АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

наставна насока и нутриционизам

 

Практичниот и теоретскиот дел од предметот Цитологија и Клеточна биологија кај проф. Катерина Ребок ќе се одржи на 11.04.2024 година од 12 часот, во Информатички амфитеатар. Студентите кои ќе полагаат ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се ЗАПИШАТ на список кај лаборантот Круно Блажевски во лаб. 208, најдоцна до 9.04.2024 година.


22 март 2024

АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

Испитот по Основи на анатомија на човек кај проф. Милица Ристовска ќе се одржи на 11.04.2024 година од 12 часот, во Информатички амфитеатар. Студентите кои ќе полагаат ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се ЗАПИШАТ на список кај лаборантот Круно Блажевски во лаб. 208, најдоцна до 9.04.2024 година.


22 март 2024

Соопштение
за АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната
2023/2024 година

Се известуваат студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје дека, априлската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/2024 г., ќе се одвива во периодот од 11.04.2024 г. до 17.04.2024г.

Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишанолетниот семестар во учебната 2023/2024 година и уредно им е заверензимскиот семестар од учебната 2023/2024 година.

Студентите во априлската испитна сесија ќе може да пријават иполагаат 1 (еден) испит од зимскиот семестар од учебната 2023/2024 година.

Задолжителното електронско пријавување на испитите во 2024 априлската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 21.03.2024 г. до 10.04.2024 година.

Студентот покрај задолжителното електронско пријавување наиспитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

 Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната априлска (дополнителна) испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите ќе бидат објавени најдоцна до 29.03.2024 г. на огласните табли и на интернет страниците на институтите при факултетот.

НАПОМЕНА: Само вонредните и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач ПМФ – Скопје

- банка на примач НБРСМ

- трансакциска сметка 100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ 1600110804 788 19

- приходна шифра програма начин 723013 - 41 – 2

- цел на дознака (за полагање испит)

 

 

20.03.2024 година од Деканатот,


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.