Соопштенија

22 март 2024

Соопштение
за АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/2024
година

Се известуваат студентите од втор циклус на Природно-математичкиотфакултет во Скопје дека, априлската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/2024 г., ќе се одвива во периодот од 11.04.2024 г. до 17.04.2024 г.

Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во учебната 2023/2024 година и уредно им е заверен зимскиот семестар од учебната 2023/2024 година.

Студентите во априлската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од зимскиот семестар од учебната 2023/2024 година.

Задолжителното електронско пријавување на испитите во - 2024 априлската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 21.03.2024 г. до 10.04.2024 година.

 Студентот покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

Термините за полагање на испитите, се дефинираат во договор со предметните професори (препорачуваме студентите да се обратат до предметните професори, најдоцна до 29.03.2024 година).

ПОДРШКА и комуникација со студентите од втор циклус

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на следнава електронска адреса keti@pmf.ukim.mk   Раководителна Одделението за студентски прашања

 


20.03.2024 година од Деканатот,


22 март 2024

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ПО МАТЕМАТИКА СО БИОСТАТИСТИКА
ВО АПРИЛСКАТА (ДОПОЛНИТЕЛНА) ИСПИТНА СЕСИЈА 2024

Термини за полагање на испитот по Математика со биостатистика во априлската (дополнителна) испитна сесија за студентите на студиските програми на Институтот за биологија:
11.4.2024 (четврток) со почеток во 14:00 часот во М-121 (математички амфитеатар)

 

 
Забелешка: Писмениот и усниот дел од испитот по предметот Математика со биостатистика, ќе се полагаат заедно, во наведените термини за испит.

Студентите да го пријават своето присуство за полагање на испитот на e-mail адресата stevogjorgiev@gmail.com, најдоцна два дена пред одржување на испитот.


22 март 2024

Термини за полагање испити во априлската (дополнителна) испитна сесија кај проф. д-р Митко Костадиновски

Термините за полагање испити во априлската (дополнителна) сесија кај проф. д-р Митко Костадиновски се следните:

практичен испит 15.04.2024г. од 12 часот во лабораторија 243

теоретски испит 17.04.2024г. од 13 часот во лабораторија 243

 

Студентите кои планираат да полагаат во некој од горенаведените термини задолжително да се запишат во електронскиот список.


22 март 2024

Термини за полагање испити во априлската (дополнителна) испитна сесија кај проф д-р Рената Ќуштеревска

Термините за полагање испити во априлската (дополнителна) сесија кај проф. д-р Рената Ќуштеревска се следните:

практичен испит 15.04.2024г. од 12 часот во лабораторија 243

теоретски испит 17.04.2024г. од 13 часот во лабораторија 243

 

Студентите кои планираат да полагаат во некој од горенаведените термини задолжително да се запишат во електронскиот список.


21 март 2024

Термини за полагање во АПРИЛСКА испитна сесија од учебната 2023/2024 г.  за предмети кај проф. д-р. Сузана Диневска Ќофкаровска и проф. д-р. Билјана Миова.


За практични испити:

11. април (четврток) 2024  од 11 до 13 часот - Физички амфитеатар 

 

За теоретски испити кои се полагаа писмено:

12. април (петок) 2024  од 11 до 13 часот - Физички амфитеатар 

 

Напомена: кандидатите за полагање во наведените термини, задолжително да се пријават најдоцна два дена пред испитот на следниот ФОРМУЛАР 


21 март 2024

Термини за полагање испити на Катедрата за молекуларна биологија 

во Априлска испитна сесија од академската 2023/2024 година 

Tермините за полагање испити на Катедрата за молекуларна биологија во Априлска испитна сесија од академската 2023/2024 година  се:

-  испит од практичниот дел од наставата на 15.4.2024 (понеделник)  од 10 часот; 

-  испит од теоретскиот дел од наставата на 17.4.2024 (среда) од 12 часот. 

Студентите кои ќе полагаат, задолжително треба електронски да се пријават на следниот линк.

Нема да биде дозволено да полагаат студенти кои најдоцна 24 часа пред полагањето, не се пријавиле електронски на линкот и не го пријавиле испитот во „Iknow“

Проф. д-р Сашо Панов

Доц. д-р Славица Јосифовска   


21 март 2024

Термини за полагање на испитите кај Проф. д-р Златко Левков во Априлска испитна сесија

 

 

Термини:

15.04.2024 (понеделник) - практичен испит од 09 : 00h - 11 : 00h

16.04.2024 (вторник) -  устен испит, просторија бр. 27/29 од 11 : 00h

 


21 март 2024

Термини за полагање на испитите кај Проф. д-р Светислав Крстиќ  и асс. Борис Алексовски во Априлска испитна сесија

 

 

Термини:

15.04.2024 (понеделник) - практичен испит од 08 : 00h - 10 : 00h, лабораторија бр. 69

16.04.2024 (вторник) - колоквиум, лабораторија бр. 71 од 11 : 00h 

17.04.2024 (среда) - устен испит бр. 27/29 од 11 : 00h 

 


21 март 2024

Термин за полагање на испитот по предметот Имунологија (БФ7022) во априлската сесија, 2024 год.

Испитот по предметот Имунологија (БФ7022) за студентите од насоката Биохемија и физиологија ќе се одржи на 17.4.2024 год., во 12 часот.

Студентите задолжително да се запишат во списокот за полагање преку следниот формулар: https://forms.gle/GJq2gnPqTEBhcL5k7

Од предметниот наставник


20 март 2024

Термини за априлска сесија

Се известуваат студентите дека испитите во Априлската казнена сесија на Катедрата за експериментална биохемија ќе се одржат во следните термини:

 

Практичен испит: 12.04.2024 (петок) во 14 часот

Теорија:                 16.04.2024 (вторник) во 14 часот

Устен испит Клиничка биохемија: 19.04.2024 во 12 часот

 

Напомена: Во априлската сесија можат да се полагаат предметите Биохемија 1, Општа Биохемија и Клиничка биохемија. Сите студенти кои полагаат мора да се пријавени најдоцна два дена пред терминот за полагање на следната табела: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1tbwpqGxpLBV6hcmBivOA6aJpGxuuYjL3QU6UqLob0xo/edit?usp=sharing .

Студенти кои немаат потпис по предметот кој го полагаат и уредно заверен семестар нема да бидат примени на испит.       

 

Проф. д-р Јасмина Димитрова - Шумковска 

 

Катедра за експериментална биохемија 


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.